Грижење за други особи

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Искрено грижење за други е убаво, племенито, хумано, човечно...но, сакам да Ве прашам, што мислите, дали искреното грижење како должност може да има свои последици?

Мажите се воспитуваат дека мораат да се грижат за жената, за куќата.
Жените се воспитуваат дека мораат да се грижат за децата.
Значи, во животот се нешто не учат дека треба за некого да се грижиме, за некој друг да мислиме.

Фокусирајќи го вниманието на други, мислам дека престануваме да се чувствуваме сами себе:^)
Ја губиме ли границата помеѓу себе и другите?
Дали се обидуваме своите идеи да ги наметнеме
на некој друг, да му дадеме нешто друго што нему не му е потребно?(wasntme)

Уморни од одговорноста, се обидуваме да се оддалечиме од тој што се грижиме, па дури почнуваме и да му се лутиме!:eek:mad:

Од една страна очекувам награда поради тоа што се грижам за друг, а од друга страна пак се чувствувам виновна порада неговото незадоволство за било што(facepalm)

Не оставам можност за некој друг да се грижи за мене:(
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Убаво ми е да се грижам за луѓето што ги сакам, со огромно задоволство го правам тоа за нив. Не сакам да ми се наметнува обврска да се грижам за личности за кои не сакам да се грижам, без оглед на причините. Порано чувствував обврска секому да му угодам до некоја мера за да не повредам туѓи чувства, но сфатив дека тоа не го правам ниту за себе, ниту за нив, туку за оној момент - што ке мислат за мене, и кога станав свесна за тоа престанав да правам нешта за други луѓе доколку навистина не почувствувам желба за такво нешто. На крај секогаш резултатот покажал дека искреноста кон себе во врска со другите и искреноста кон другите во врска со себе е најдобрата опција.
 
П0здрав мало и добредојде!
Твоите мислења одсекогаш ми биле посебни, драгоцени и добредојдени, многупати со искористени совети а имало, да не лажам..и несогласување:)
Убаво си кажа мислење, се е тоа добро...но, дали имало моменти кога си рекла. како еве сега јас сум у таа фаза...Преку глава ми е се...мој, мој, па преку мој....Прифаќајки со полно срце, од душа значи, за некој да се грижиш. да двоиш од сопственото време, да делиш и трошиш живот поради некој..па мислам дека сум тргнала на пат од кој нема назад, пат на кој си натоварив огромен товар, шкорпија закачена која се повеке ме мачи и излудува, која се лути ако не и посветам внимание која се луто ако јас идам некаде на провод или на одмор...уффф. итд....се надевам дека ме разбра!!!

Зошто луѓето стануваат сурови и сакаат да те злоупотребуваат до максимум:^)
 
Pillow

Староседелец
1 декември 2017
18
38
1,013
Зошто луѓето стануваат сурови и сакаат да те злоупотребуваат до максимум:^)
Затоа што им дозволуваме. Единствена моќ која луѓето ја имаат над нас, е моќта која ние им дозволуваме да ја имаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
П0здрав мало и добредојде!
Твоите мислења одсекогаш ми биле посебни, драгоцени и добредојдени, многупати со искористени совети а имало, да не лажам..и несогласување:)
Убаво си кажа мислење, се е тоа добро...но, дали имало моменти кога си рекла. како еве сега јас сум у таа фаза...Преку глава ми е се...мој, мој, па преку мој....Прифаќајки со полно срце, од душа значи, за некој да се грижиш. да двоиш од сопственото време, да делиш и трошиш живот поради некој..па мислам дека сум тргнала на пат од кој нема назад, пат на кој си натоварив огромен товар, шкорпија закачена која се повеке ме мачи и излудува, која се лути ако не и посветам внимание која се луто ако јас идам некаде на провод или на одмор...уффф. итд....се надевам дека ме разбра!!!

Зошто луѓето стануваат сурови и сакаат да те злоупотребуваат до максимум:^)
Благодарам @pozdrav eden topol на убавите зборови и топлото добредојде, во врска со темата - мислам дека и сама го знаеш одговорот, а јас само ке те доохрабрам. Таквите врски се токсични врски како што треба да се избегнува се друго што е токсично, треба да се избегаваат контактите со луѓето кои делуваат токсично на нас. Еден живот имаме и греота е да го трошиме на нешта кои не ја заслужуваат нашата енергија.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Кравата што го дава млекото, ако потоа го клоцне лончето, млекото ќе истече и ништо не направила.
Така е и со грижата и помагањето. Ако на некого му го вадиш од нос, поарно не помагај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
„Сине мој постојат многу болести и многу несреќи, кои произлегуваат од човечките грешки во однос на Волјата; но ниедна не е поголема од сплетките на натрапникот. Тие имаат претензија подобро да ја познаваат човечката мисла од самиот него и да управуваат со неговата Волја, со повеќе мудрост, одколку самиот тој, па прават планови за неговата среќа.

И помеѓу сите нив, најлош е оној кој самиот себе се жртвува за доброто на своите ближни.

Оној кој е толку глупав за да не ја следи својата Волја, како ќе биде толку мудар да може да се занимава со туѓата? Ако мојот коњ застане пред огледало, дали треба некој слуга да му пријде одзади и да го удри по копитата?

Не, Сине, држи се мирно до својот пат, за да може твојот брат, гледајќи те да собере храброст врз основа на твоето однесување и биди сигурен дека нема да му пречиш со своето плитко милосрдие.“
- DE STULTIS MALIGNIS, Книга на Мудроста или Лудоста

Да, луѓето се научени да се натрапници. Помагањето со милосрдие, сожалување и слично - само го уназадува и тој што помага и оној на кого навидум му се помага. Сето тоа е наследство од стариот еон и „бедноста по дух“ - да се чуствуваш облагодоредно бидејќи помагаш некому. Не, помагаш за да тој некој во иднина ако ти паднеш - тој да те исправи во она што не си успеал!

Сеуште мноштвото не знае да помага со тоа што ќе биде пример на оној што паднал, туку за да помогне, се понижува и клекнува за да биде на исто рамниште со оној што паднал.
Така не може да се крене на нозе никој!
Други се начините и мора да се промените за да бидете подобри...

П.С. И ако некој не побара помош - Вие немате никакво право да се мешате во неговата одлука. Едноставно е.
Оправдувања ама нему му е срам, не сака да се понижи да побара помош - тоа е негов проблем. Можеби треба прво да си ги реши тие ствари кај себе...

И да, бидејќи се сомневам дека ќе се разбереме добро:

„Неговите соседи прават добро ако му помагаат да закрепне на оној кој е ослабен поради некоја незгода или несреќа. Но, да му се забранува на коцкарот, пијаницата, сладострасникот, некој со вроден недостаток да се фрли во смрт, претставува злосторство против државата и против поединецот што е во прашање, освен ако сите тие не докажат со истрајна решеност дека можат да владеат со околностите во кои се наоѓаат и дека можат со сета сила да веслаат во Ноевата Арка на човештвото.“
- Законот е за Сите, Коментари на Големиот Ѕвер
 
Последна промена: