Необични и опасни диети

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Испробувањето и измислувањето на нови диети во човештвото се забавува веќе со векови, но историјата покажува дека очајните диети, бараат очајни мерки.

Кога здравата исхрана и вежбањето не се доволни, на сцена настапуваат најновите и најчудните диети, надевајќи дека во една од нив ќе се вроди плод. Дознајте ги најлудите начини на кои луѓето пробувале брзо да се ослободат од килограмите.

ДИЕТСКА ИСХРАНА ЗА БЕБИЊА

Бебињата се потешки неколку килограми, а возрасните неколку десетици килограми повеќе. Потребата на телото е различна и навистина нема никаква смисла да го копирате детското мени и да ги јадете нивните каши.

ДИЕТА-ЗАСПАНАТА УБАВИЦА

Ако не сте будни, не можете ни да јадете нели ? Застапниците за згрижување деца се трудат овие деца што е можно повеќе да спијат само за да не дојдат до фрижидерот. Поединци дури се хранат и со апчиња за спиење само за да не заглават во она што го наумиле.

ДИЕТА-ПАМУЧНИ ТОПКИ

Секој оброк започнува со предјадење на топка памук која вас ќе ви го наполни стомакот, така што нема ни да сакате да пробате нормална храна. Оваа диета според приказната на мајката на моделот Сесилее Лопез, ја практикуваат денешните манекенки, само што памучните топки пред јадење ги натопуваат во сок од портокал за лесно да се “лизне”.

ДИЕТА-ЏВАКАЊЕ

Продавачот за ликовни уметности во Сан Франциско, Хоратио Флечер, стана познат како “Големиот џвакач” кога изјавил дека изгубил 40 килограми така што храната само ја џвакал, не ја голтал. Мотото на ова диета е – “Природата ќе ги казни оние кои не џвакаат”.

Диетите се секогаш популарни, особено пред празниците, кога жените сакаат да се ослободат од вишокот килограми и да изгледаат попривлечмно во новогодишниот фустан. Некои од нив, меѓутоа, можат да бидат многу опасни.

Диета - последна шанса. Оваа диета била популарна во 70-тите години, а подразбирала земање четири до шест грама протеини во течна состојба. Откако 60 луѓе умреле од оваа диета, таа најпосле престанала да биде хит.

Диета со паразит. Се смета дека една од најпопуларните светски манекенки - Твиги на тој начин ја одржувала својата витка фигура. Идејата е паразитот во вашиот систем за варење да ги изеде сите калории и хранливи материи, а откако ќе ослабнете колку што ќе посакате, треба да го убиете со силни антибиотици. Но, не е така едноставно бидејќи паразитот може да предизвика грчеви, повраќање, пролив и неухранетост. Голтањето паразит може да биде и смртоносно ако дојде до сериозни компликации со дигестивниот тракт или црниот дроб, а може да ги нападне дури и белите дрбови. Последиците можат да се лекуваат со лекови кои ќе го усмртат паразитот, а неговите остатоци мора да се отстранат со хируршки зафат од телото.

Дупчење на увото. Малите хируршки спојувалки се ставаат во внатрешната страна на рскавицата на двете уши, затоа што се смета дека ги стимулираат точките на притисокот кој го намалува апетитот. Оваа бизарна метода има сериозен ризик од инфекции.

Диета со оцет. Оваа диета е популарна меѓу многу славни личности, а подразбира пиење големи количини оцет, што престставува голема опасност за желудникот.
 
Последна промена од модератор:

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Медицинската диета кај ти е? Најопасната диета но и многу ризична.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Хроно исхраната, затоа што е со месо. Исто така, и диетата на Хербалајф.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Необично и опасно е тоа што секој ден месо не е здраво. Тоа е за хроно исхраната. А за хербалајф, тоа што, откако ќе престанеш со шејковите, чувствуваш поголема глад. Која е таа состојка во шејкот што те држи сит три саати?
 

123456789deset

Истакнат Член
18 јули 2018
96
36
128
42
Необично и опасно е тоа што секој ден месо не е здраво. Тоа е за хроно исхраната. А за хербалајф, тоа што, откако ќе престанеш со шејковите, чувствуваш поголема глад. Која е таа состојка во шејкот што те држи сит три саати?
нормално ако пукаш по кило ребра штетно ке е



Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Темава е за диети. Ако може и знае овде некој да ми објасни која е соодветна храна за воспаление на желудник и киселини во организмот? Хамбургер, тостови и друго од брза храна не. Дали смета ако се јадат јајца? Исто така, дали и на колку време ( неделно, месечно) е препорачливо да се јаде месо?
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Темава е за диети. Ако може и знае овде некој да ми објасни која е соодветна храна за воспаление на желудник и киселини во организмот? Хамбургер, тостови и друго од брза храна не. Дали смета ако се јадат јајца? Исто така, дали и на колку време ( неделно, месечно) е препорачливо да се јаде месо?

Зарем тој др.што ти дијагностицирал воспаление на желудникот не ти објасни што и како треба да конзумираш!??
Гуглај, ќе најдеш одговори.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Ми кажа да не јадам хамбургери, тостови, таква брза храна. Друго не ми објасни. :(