Последна прочитана книга и кратка рецензија

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
"Даблинци" - Џејмс Џојс

Збирка раскази во кои се раскажуваат разни приказни со неповрзани ликови кои живеат во Даблин. Ништо посебно, може да послужи за во тоалет за забава при вршење втора.

"1984" - Џорџ Орвел

...on the other hand, masterpiece. Книгава е потешка за читање и потешка за сварување, чисто зошто има премногу тешки филозофии и пораки. Додека ја читав првата половина од книгата се соживував со општата ситуација на Винстон Смит и уште повеќе, со неговото просветлување и мотивирање за подобра мисла и подобар живот. Читајќи, ме инспирираше да се спротиставам кон некои работи во мојот живот. Буквално, успеа да ме мотивира да се борам за тоа што го сакам и што ми следува. Понатаму, се соживував со неговата болка. Сфаќаш дека и покрај се, можеби не следува среќен крај за некого, колку многу и да го заслужува. Сето ова што го кажувам е толку малку... Книгава е преполна со интересни филозофски гледања, од самиот систем на Партијата, животот кој го наметнува, поделбата на слоеви во општеството, перпективата на војна и мир, создавањето и бришењето минато, што е тоа всушност минато, што е свест, мисла, слобода... Ја читаш и доживуваш турбуленции во мозокот и душата. Морам да ја прочитам повторно наредна година... и за две години... и за три...
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Мојот маж од писателката Румена Бужароска.
Книгата е раскази и во секој од нив се претставени различни типови на мажи.Стилот е преубав лесен со преубава смисла за хумор.Се чита во еден здив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Prashina

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Опет јас со прочитана книга од Игор Анѓелков-Фото синтеза
00%20Korica%20Foto%20sinteza.jpg


Тоа е уствари книгава на сликава.
Што да очекувате од неа?
Филозофски мисли и тупење ни случајно.Раскажана да биде што полесна со скопски жаргони во дијалозите (малку претерал)
Книгата уствари е книга во книга на почетокот и главниот лик Панк уствари е дечко кој се занимава со фотографија но сеуште верува и ја фура онаа идеологија на панк движењето.Напоредно чита книга и го фура животот во Скопје каде едвај прекрпува крај со крај па одлучува да иде во Будимпешта да го гледа Ник Кејв на концерт.....не да заработи плус кеш туку да го потроши тоа што го има заштедено и да си ја истера онаа циганската колку имам пари ќе трошам после ќе му ја мислам:)
Не дека доловив нешто со раскажаново ама отприлика тоа е...има љубов,свирки,патепис уствари книга да си патуваш со мозокот додека ја читаш и да си замислуваш какви се местата каде шетал Панкеров.
Нека не ве обесхрабруваат првите 40-50 страни книгата понатака се развива (оно за воља на вистината книгата има 170 страни):rofl
Во секој случај е добро книгиче
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
"Сликата на Доријан Греј на Оскар Вајлд". Се изненадив, мислев дека е некој романтичен булшит. Всушност, имаше многу јака приказна со добро осмислени ликови и фасцинантни филозофски мислења. Прво и основно, иако Доријан е релативно лош лик со еден куп маани, мене некако ми се допадна како лик. Можам да ја разберам неговата (и секако на лорд Хенри, бидејќи се потекнуваше од него) желба за целосна посвета на задоволството и сетилно уживање. Хенри пак! Толку циничен, толку искрен. Тој е тој што всушност ме фасцинираше со сите негови мудрување и подбуцкувања и интересни гледишта кон нештата во животот. Се на се, супер книга, ми се допадна и книгата и стилот на Вајлд.

Пред оваа, ја исчитав "На дното и отфрлен во Париз и Лондон" на Џорџ Орвел. Во неа Орвел раскажува за сиромаштијата, како таа влијае врз човекот и што се го тера да прави за да се снајде и што се би истрпи за да опстане. Во првата половина тој го прикажува секојдневието на садомијач во Париз, а во втората половина секојдневието на бездомник во Лондон. Во никој случај не е ни приближно добра како 1984, но добро е да се прочита, баш е entertaining.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and violetmoon

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
"Смртта на Иван Илич" - Л.Н. Толстој
Мало книгиче од 100-тина страни, но со толку јака содржина. Станува збор за човек кој целиот свој живот бил чесен и добар, се трудел да има пристоен и мирен живот и да избегнува конфликти и проблеми кои ќе му го разбрануваат мирното секојдневие. Но, во неговите последните денови токму тогаш кога се наоѓа на смртна постела сфаќа дека тој еден единствен живот кој го имал, а сега го губи, не го изживеал така како што требал, односно не го искористил максимум и го потрошил на ситни безвредни работи. Ја исчитав во еден здив за многу кратко време бидејќи целосно се вдлабочив во псхилогијата на главниот лик, дури сочувствував со него и го сожалував, до тој степен што сега се осеќам чудно, вознемирено. Се осеќам како да сум го познавала лично и малку дури и сум лута... на животот? Те тера да се замислиш што правиш ти со твојот живот и дали на крајот ќе се каеш или ќе бидеш задоволен со тоа како си го изживеал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
@Big Berta
Покрај тоа што се убив од мислење во која тема да го ставам постот, се здробив од мислење како да ти раскажам за книгата, а да не ти дадам спојлер.
Прво да сме на чисто дека не станува збор за роман, нема приказна која го води дејствието... станува збор за истражување за природата на покриените и непокриените жени. Какви се едните, а какви се другите. Од каде потекнува потребата за нивно целосно прекривање. Како се гледани во модерното, заостанатото и минатото време. Се зборува за семејствата на девојките кои одлучуваат целосно да го прекријат својот лик. Дали девојките самоволно го прават тоа или се присилени. Колку Куранот навистина го проповеда тој феномен... дали е Куранот правилно исчитан или се злоупотребува денес во ова патријахално општество со цел на секаков план да се деградира жената. Истражувањето е спроведено во универзитет, на одреден број испитаници.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta

Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
208
1,053
@Big Berta
Покрај тоа што се убив од мислење во која тема да го ставам постот, се здробив од мислење како да ти раскажам за книгата, а да не ти дадам спојлер.
Прво да сме на чисто дека не станува збор за роман, нема приказна која го води дејствието... станува збор за истражување за природата на покриените и непокриените жени. Какви се едните, а какви се другите. Од каде потекнува потребата за нивно целосно прекривање. Како се гледани во модерното, заостанатото и минатото време. Се зборува за семејствата на девојките кои одлучуваат целосно да го прекријат својот лик. Дали девојките самоволно го прават тоа или се присилени. Колку Куранот навистина го проповеда тој феномен... дали е Куранот правилно исчитан или се злоупотребува денес во ова патријахално општество со цел на секаков план да се деградира жената. Истражувањето е спроведено во универзитет, на одреден број испитаници.

Токму овакво нешто барав. Досега имам читано само лични сведоштва. Фала! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Никогаш не оставај ме - Казуо Ишигуро

Книгава дефинитивно е една ако не и најдобра книга што сум ја прочитала. Начинот на кој што е напишана и приказната се неверојатни. Многу кревко дело, ја читав пополека и внимателно знаејќи што ме чека на крајот, бидејќи претходно го гледав филмот. Но, тоа во ниеден момент не ми го намали уживањето. Оваа книга е се, само обична не. Ликовите се толку вешто извајани како и самата приказна. Ишигуро ни нуди еден комплетно нов свет (кој можеби и не е толку многууу далечен, со обзир на напредокот на технологијата би рекла во последните педесет години), колку што е мрачен за едните толку е посветол за другите. Свет во кој што може да се излекува секоја тешка болест. И покрај очигледната цел на книгата, би рекла дека авторот покренува есенцијални прашања како што се:
- што значи да се биде човек?
- што е тоа душа, дали таа постои?
- за која цел сме создадени и дали воопшто имаме некаква цел во животот?
- што е со ограниченото време кое го имаме овде на земјата?
- дали покорноста е дел од човековата генетика, или едноставно е полесно да избереме да бидеме покорни?
- дали и ако веруваме до која граница се движи нашата вера?
Повеќеслојна книга која топло ја препорачувам на секого.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Папокот на светот - Венко Андоновски
Ќе беше совршен роман, првиот дел да не беше така „експериментално“ напишан. Звучам малку како пријателот на Јан - Земанек, кој по малце се повинува на „просечноста“ и „комфорот“ кон масата луѓе, но сметам дека тоа претенциозно скршнување кај Венко (веќе неколку пати забележано) има фрлено еден вид на сенка врз неговиот роман. Како и да е, вториот дел далеку повеќе приемчив, особено есејот кој проникнува цинична насмевка кај читателот, ја склопува целата слика за тоа што сакал писателот да каже. И финалето. Со малку повеќе помпа од што е потребно, но за таков роман поинаку и не знам како би се завршило.
И убава е релацијата со Кундера.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
93 пријатели
1f642.png


КОНЕЧНО!

Ја издадовме „Книгата на Тот - египетски тарот“ на Кроули чии авторски права ги задржува О.Т.О. - Ordo Templi Orientis
1f642.png


Сериозна книга која го обработува #Таротот во вистинско светло: збир од учења кои се прелеваат и надополнуваат едни со други на многу нивоа давајќи го со хирушка прецизност суштинското значење на секоја карта од #Тот Таротот!

Ова е последната книга напишана од #Кроули, а која обработува теми како #кабала, #астрологија, источна #философија, #Телема, #магика...

58608397_2077227162570321_7536775861895168000_n.png

Последната „техничка“ книга на Кроули, во која се збиени сите искуства и знаење на Мајсторот #Терион додека патувал по површината на Земјата, нурнувајќи се дури и до самите пеколи, за да потоа се вивне без проблем до големите Богови на небесата - собирајќи искуство и знаење кое ќе го променат Стариот Еон, а кои се дадени преку слики и симболи во ова ремек дело, со помош на Фрида #Харис, уметникот кој што стои зад уникатноста на Тот Таротот!

Книгата содржи тајни и знаци кои ќе му помогнат многу на оној што бара клуч кон својата скриена Палата.

Патот не е лесен при студирање на оваа книга, како и самото учење за Таротот, ќе наидете дури и на потешкотии при самото разоткривање на тајните значења на одредени симболи кои што Кроули ги усовршил до божественост во оваа книга, но кој рече дека дијамантот е чиста случајност во природата?
1f642.png
:)

На многу суптилен начин, преку соединување на учења и #симболи кои се испреплетуваат и временски и просторно низ историјата на човештвото, е разоткриена #иницијацијата на новото време, Еонот на #Хорус, Крунисаното и Освојувачко #Дете!

93 93/93