Веќе имам деца, не дете туку деца-2... па мало сум и се пронаогам... тоа што сум моментално со моите не значи дека зависам од нив и дека они ме издржаваат...Едно ми остана во мисла......
Аватарот ти е Мало па ќе претпоставам дека си уште мало а и по текстот ми изгледа дека сеуште се пронаоѓаш во светот, што значи дека живееш со твоите и они те изнервирале. И за таа заедница за која зборуваш е баш таа.
Прво - Чувај го негде текстов и прочитај го пак едно 2-3 месеци откако ќе имаш твое дете.
Второ - Тоа што го осеќаш го разбирам и повеќе од доволно и знам како ти изгледа сега светот. Се е миновно па така и оваа лутина...
Трето - Никогаш не кажувај на глас работи за кои подоцна ќе зажалиш што си ги кажала. Моја препорака во афект пишувај повеќе вакви колумни а кога ќе се смириш разговарај со сите.
Четврто (и според мене најважно) - Кога ќе создадеш твоја заедница се што цитирав ќе ти се случи со префиксот секогаш наместо никогаш и она првото ќе биде еден наместо никој.
П.С. Чекам нови мисли, ми се чини дека имаш многу да споделиш со нас.
Кога велам дека сама на себе сум си најбитна, тогаш мислам дека треба да сум здрава и среќна пред се за моите деца.
Затоа што тие ми се најголемата љубов и најголемата среќа, сите мои интереси се насочени кон нив, за нивно добро...
Е сега кога знаеш, кажи ми дали е правилно некој друг, без разлика колку и да ми е битен и близок, би бил вреден за да ме разниша? Кога јас како мајка морам да бидам силна, здрава и среќна... во спротивно и моите деца не би биле нели.