Каков е македонскиот туристички бонтон?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Секоја чест на поединци, но најчесто за тоа како стојат работите ја земаме за релевантна глобалната слика. Знам дека најчесто ке се спомне Охрид односно луѓето кои ги нудат своите сместувања, оние кои работат во локалите било културни или услужни, но еве јас ке го споделам моето искуство. Градот е во најмала рака прекрасен и од културна и од забавна гледна точка. Езерото исто така, штета што културата на оние кои уживаат во него не е на некое поголемо ниво. Досега сум имал најразлични ситуации кога станува збор за сместување предпоставувам моја среќа што поголемиот дел сум налетал на пријатни и културни луѓе, но секако нема да ги изоставам и оние другите кои се такви какви што се поради нивото на културата и образованито(јас се тешам со ова образложение). Сепак тука се и останатите градови кои изобилуваат и со вакви и такви луѓе, но да не ги заборавиме и туристите т.е ние. Дали и нашата култура е на она ниво на кое се очекува и бара?

Какво е вашето искуство околу ова?
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Значи сакаш да знаеш какви се македонците како туристи и кој е нивниот бон-тон?
Ако добро те разбрав еве ти одговор: Тие што се шетани, знаат како треба да се однесуваат и стекнале некаква култура (освен ако се дечишта па не им фаќа црпката). Тие што никогаш не сакаат да шетаат а мораат поради одредена причина ич не им е гајле како се однесуваат и може но и не мора да значи дека најмногу прават сцени. А тие што никогаш не шетнале си го носат она дивјачкото во нив па кршат што ќе стгнат, се брукаат самите себе пошто не знаат да зборат културно и до одредена децибела и уништуваат се што им стои на патот.
Барем јас вака гледам на нашиве "туристи"
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Културата ни е никаква,општо.Надвор од Македонија сме културни,а овде не.Ѓубриња насекаде.контејнерите не се празнат редовно,грозна слика.После сакаме туризмот да ни успее,а како со такво однесување?