Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ги сакам тие мрачни и длабоки очи што ми го пратат немиот чекор во ноќта,
го сакам тоа ѕвездено платно од кое истекуваат боите на виножитото,
го сакам тоа прашање што одекнува во тишината,
дали ја глумиш љубовта или таа тебе,
што ја допира вистината,
те сакам тебе во илјада и еден сон,
украден и заринкан во мене,
јас не знаев за тебе,
и златните зраци на сонцето,
врз моето бледо лице,
кое исчезнува со песокот,
ископан од твоите ириси,
врз кои заспивам сребрено,
ден за ден,
секој,
убав и посебен.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina, Outrider and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Важно ми е да си слободна и да не можам да те дофатам никогаш,
но верувај ми,
без оваа љубов,
сите други ќе ти бидат туѓи,
вети ми дека дека ќе живееш барем еден ден подолго од мене, за да не ја видам таа љубов врз одарот на ноќта каде секоја птица сонува да полета кон твоите дланки,
со првата солза на муграта,
во утрото разбудено,
само едно украдено од пенливите ѕвезди распрскани врз докот на космосот,
сонувај и никогаш не застанувај,
нека те прати мојата босонога песна,
со која се заљубував секогаш во тебе,
пронаоѓајки те во цветот на вечноста што ми ги разлетуваше раменициве преку небото модро,
од твоето тело и моето заспано врз него,
и не чекај го бадник,
да запалиш свеќа,
со која ќе ти го воскреснам и растопам срцето,
ти добро знаеш,
јас секогаш умеев да ја избистрам совеста на април во јануари,
и се родам случајно во твојте очи,
повторно,
зошто би го менувала тоа,
кога ќе ме нема,
кога ќе те има,
некако.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina and Iris*

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ова што следува е поезија во проза, нешто слично како што правел Бодлер :)

Патот на Соколот

Велат дека се родил некаде во Пустината на Мисир, кај тајниот извор на Нил,
кога Смртта и Стравот им здосадиле на Луѓето ,
а Боговите од тогаш се надеваат дека ќе умре еден ден кај Столбовите на Светот.
Велат дека има четири дела, секој различен, а сепак ист.
Четири дела, кои всушност биле Еден.
Велат дека има Брат-Близнак кој молчејќи зборува за Тајните на Луѓето.
Сонцето и Месечината се негови родители, кои ако ги познаеш, вистински се Брат и Сестра, Два и Нула.
Велат дека Борес му единствениот сојузник во Детските Игри, во Лутањето и Освојувањето со Тишина.
Велат и дека Еднаш владеел со Светот, кога Севидното Око стоело на Столбот на Животот и Смртта.
Некои го нарекоа Осветник на Боговите, а други Света Тишина. Јас го нареков Asar un Nefer, сличен на Боговите.

* * *

Јас сум тој кој го искова Соколот во ѕид од гранит довлечкан од длабочините на мојата душа, за да ме потсетува на Неговиот Пат, кој и да сакам, не можам да го кажам, ниту пак некако објаснам со овие прости зборови кои не знам убаво да ги обликувам.

(Одсекогаш молчам кога имам премногу да кажам.
И секогаш кога молчам, на карпата-душа се длабат мисли-симболи кои ни ветрот ни јас не ги потполно разбирамe.)

Велат дека неговото Име е Убавина и Рамнотежа на Животот, но велат и дека е Самопожртвуваност и Љубов за Одмазда.
Велат дека повеќе од еден век веќе лета Соколот на Новото Време низ Земјата, согорувајќи го низ Војна и Оган Стариот Свет, создавајќи ја Ветената Земја за Војската на Сонцето, Волјата и на Љубовта.
Слушајте внимателно, бидејќи Некој го кажа неговото Вистинско име, кое и Човекот на Денес може да го слушне подобро и да го разбере подобро :

A.chad R.uach A.chdotho R.osh I.chudo T.emurachzo A.chad,
Кој е Седумкратен Пат кон Внатрешноста на Земјата
кој е Вистинскиот Пат на Соколот.
V.I.T.R.I.O.L.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Убаво е да немаш план во новиот ден, за во ноќта да залуташ,
само понекогаш,
да се наситат волците,
во некое друго време,
далеку од ова што го одбројува часовникот на ракава, таму знаеме да се сретнеме измеѓу, наречи го меѓувреме, јас бегајќи од својот, тоа што го нарекувам живот, а ти враќајки се од светот кој го создадовме за нас, за кој од срцево делев за него, така едноставно со леден чекор по лесен чекор, допирајќи те со врвовите на прстите да се испратиме, јас тебе од тој свет, а ти мене до него, ќе размениме по некој збор кој не сокрива ниту една лага до крајот на патеката која крај нема, само постои и искри во очите наши, ослепени со првиот виор на сонот кој не носи, заспани, пуштени низ реката од чувствата, чие корито ни е нам добро познато.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се помалку зборови во мене,
се повеќе неми нијанси во таа игра на самовилите,
во таа восочна фигура на моето отсутно лице од чии очи горат свеќи недогорени,
кои се растопуваат со пепелта во ветрот,
и само тогаш се случува она убавото,
кое се разнесува врз мене од твоите усни кои самуваат во ноќта,
избркани со бакнежот на љубовта и ножот во крвта,
ја сонам,
таа последна надеж која ми го одзема здивот и на срцево мирот,
која ја лажам со некој рефрен од заталкана песна дека ќе биде остварена желба,
дека конечно ќе раздени ден,
светол,
да ја избрише со дланка,
сета меланхолијата на челово испотено со темна светлина,
да му подари последна камбана на срцево,
да одѕвони барем еден живот,
кој ќе потрае уште малку,
пред да згасне,
со последната ѕвезда,
што на земјава чекореше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Во мене едно виножито,
пијано и обесено со нозете за небото,
и не знам зошто е тоа баш така,
живот, страдање, земја, стих, строфа, боја, нијанса,
па пак живот,
кога не припаѓаш никаде,
ајде нека биде некаде,
можеби во некој сон ќе се препишам самиот во некој туѓ чекор на некоја друга улица,
која води до тебе,
со очи украдени од бледото лице на ѕвездата која умира,
со првата насмевка на сонцето,
насмевни се и ти со него,
таму сум во него,
во твоите зеници,
како што сето ова не изгледаше ни малку љубовно,
но на крајот си секогаш ти,
само ти,
ми веруваш,
чувствувај повеќе од овие зборови,
кои значат толку малку,
премалку.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Има денови на скршени зборови и долги тишини,
како дишење,
онака млако, не со полна плуќа,
ја измивам болката во морињата на пеколот,
темните сонови во сивото езеро,
ќе премолчам некогаш така сѐ,
ќе си ја загризам устата,
кога се празни прегратките,
сѐ лепи,
бол на бол,
крв на крв,
мисла на мисла,
а во мислата секогаш ти,
ни не може поинаку...
И еве ме...повторно се насмевнувам...
ти си моето свето и љубовно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не слетувај во моите очи,
слепи се,
не пиј од крвта на моето срце,
ниту тоа не е повеќе мое,
јас сум осуден доживотно да сонам,
врз гребенот на непознатиот,
а само ти,
успеа да го измиеш со дланките твои од пенливи облаци,
телово,
заборавено од ноќта,
под сребрените ѕвезди,
кои се пресликуваат во зениците на далечните,
тие што копнеат,
и горат со последниот плам,
до светилникот на живите,
да продолжат таму,
каде што се обидов јас,
да вдишам,
по не знам кој пат.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Сите канделабри да засветат
не ќе ми го осветлат патот,
само ќе ме заслепат,
сите свеќи да се запалат,
не ќе ми ја згреат душава,
само со восок ќе ја натопат,
сите виножита да истечат на небото,
не ќе ја вратат надежта во боите на животот,
само ќе ја зголемат мојата агонија.
Иронија...
Сенката на јасенот врз надгробна плоча,
траги од животот како печат на смртта,
срце кое претекува од љубов и просење за истата.
И сонцето еден ден ќе изгрее
и не ќе го видам заслепена,
и дождот ќе ме накисне
и не ќе го почувствувам безживотна,
и снегот, на душава како топлина ќе легне,
потопол и помек од зборовите
што ко од карпа се ронат врз неа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Знам, сѐ знам,
и кога велам дека не знам,
сѐ знам,
тоа е мое проклетство
и не, не те лажам тебе,
ја лажам мојата сенка
која онака слепа на сѐ се покорува,
па ја пуштам кај тебе,
онаму каде што ги испраќаш мислите.
А јас?
Јас сум на следната станица,
онаа за наивните,
чекам,
чекам да ме стигне твојата мисла,
една, убава,
па да ги заборавам сите останати, зајадливи,
крволочни ѕверки кои сакаат да ме раскинат од тебе.
Знај и ти,
ни фантазијата не е е лесна,
слатка е но тежи како утробата на трудница,
ама што е една маска,
за парадата која нѐ опкружува,
бучава, насмевки, живот, страдање, пак живот,
а во мене молк,
душа полна тишина и душа полна молк,
како млада и полна месечина,
ќе се сретне ли мојата ноќ
со твојата зора
на некоја од нивните станици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar