Помош за проектни задачи/состави/писмени

Niki432

Нов член
13 ноември 2017
3
0
1
21
Ај ве молам некој ако знае и може да ми напише писмена работа од 200 до 250 зборови на тема Народно Творештво со тоа што во воведниот дел да има од 50 до 55 зборови и во завршниот исто.Најкасно до утре вечер
 
Последна промена:

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

Испрати ми на сметка 500 денари, за 1 саат го имаш :)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Барам за без пари ако може некој
Е за без пари, ќе си седнеш сам, ќе запотиш газ.
Народно творештво е бре дете темата... па тоа ако не знаеш да го напишеш како еден ден со гордост ќе речеш: матурант сум.
Абе корените не си ги знаете, сакате да летате, епа не се лета другари така.
Наместо да побараш + информации, идеи, насоки... бараш да ти се напише... срамота, срамота...
 
Од 5 саат сум седнат

Како да напи

Добро бе ако нејкеш да напишеш немораш не те терам со сила може некој ке сака
 
Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Љубовта во моето срце

Љубов е чувство што означува сакање некого или нешто.Може да значи емотивна поврзаност со одреден човек или пак да се однесува на желба да се зачува нешто.

Љубовта е присутна насекаде околу нас.Прекрасно е да се живее во свет каде луѓето меѓусебно се сакаат,се почитуваат и си помагаат едни со други.Меѓутоа,овие човечки вредности полека изчезнуваат и сега сме сведоци на постојани кавги,постојана желба да му се наштети некому,општа меѓучовечка омраза.Ја нема повеќе онаа сплотеност и поврзаност помеѓу луѓето.

Човек што нема нити малку љубов во него е како риба без вода.Покрај тоа,треба да има и одредена емпатија,желба да се помогне некому од срце,без некој друг да го натера на тоа.Искрена насмевка,искрени мисли спрема некого,разбирање и прифаќање на другиот-тоа е најважното нешто што некој треба да го има.Сакајќи да бидеме успешни,забораваме на оваа основна карактеристика.Подложни сме на лошото и злобата,но не смееме да ги прифатиме како нешто нормално и како дел од нашиот карактер.Мора да се негува позитивен однос со било кого,затоа што сите сме луѓе,без разлика на вера,боја и националност.Можеме сите да помогнеме во создавање на еден нов свет,ново општество во кое ќе владее сплотеност,меѓусебна поддршка и разбирање.Без ова не можеме ние како поединци да напредуваме.Треба сите да учествуваме во ова и пред се,да сакаме
нешто да промениме.
 
bubamara14

Нов член
25 ноември 2017
3
3
3
Здраво, јас сум нова на форумов :) сакав да ве прашам да ми предложите некоја тема за проектна задача по психологија, јас не можам да се одлучам :) Ви благодарам однапред