Што подразбирате под Господ?

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Во право си и не спорам за тоа туку за тоа од кај го црпи тој факт.
Сакам луѓе што сакаат да дискутираат и на секаков можен начин да си ги бранат ставовите, ама да кажеш нешто такво во доста проблематична тема и да кажеш дека тоа што го збориш е врз основа на тоа што си го учел во училиште и што ти збореле дома е за плачење, никако за смеење. А замисли еден ден тие луѓе ќе воспитуваат деца...
Не е за плачење ни за смеење,тоа е мое мислење,не те убедувам,несакам моето мислење да го наметнувам на некого
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Ако некој верува дека сме од мајмуни нека верува,ако некој верува дека сме од Господ нека верува,без наметнувања мислења ве молам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
@Pica pica Знаев дека некаде во темава имам напишано што е за мене Бог, божествено, религиозно чувство, во неговата основа. Еве, ќе се самоцитирам :)
Има едно книгиче по трафиките носи наслов „Бог е љубов, а ти?“
Одсекогаш сум го кажувал тоа, и ќе продолжам да го кажувам.
Јас не го замислувам Бог како човечко суштество, како нешто со лик, коски, нешто со сенка.
Бог за мене е чувство.
Чувство на мир, топлина, нежност. Душевен спокој. Бог е чувство на сигурност. Бог е она врз кое можеш да ја исфрлиш лутината кога си сам, и Бог е оној со кого можеш да се радуваш.
Со еден збор, Бог е љубов.
Е, бидејќи сум бил скржав со зборови пред неколку години, сега ќе ти се дообјаснам:
Ако добро се исчита секоја религиозна книга, и ако се сфати метафората или алегоријата, како сакаш наречи го, ќе се дојде до заклучок дека, наречен тој Јехова, Исус, Мухамед... е само љубов, сеопшта и сеприсутна љубов: кон животот, кон моралот, кон семејството, кон општеството, а ваквата сеопшта љубов имплицира заштита... чувство дека си заштитен.
И ако се сфати дека денес(и во минатото) името на Бог се користи за отворање на најголемите фронтови... тогаш „Бог е мртов“, за мене би значело дека е умрена таа сеопшта љубов...
Не зборувам јас за „креаторот на сите креации“, „прататкото на сите прататковци“, апсолутно јасно е дека таквата претстава е само „бајка“ за лесноумие. Со првите неколку часови по географија во основно сфаќаш дека не можело да се случи со: И би ден, и би ноќ, од проста причина што постои гравитација, ротација и остало. Затоа нагласив дека „на поинаков начин ја гледам религијата“.

@Ѕид на плачот - Во суштина се водам според она што го чувствувам, а ако до сега не ми ја сфати иронијата во постовите што ги напишав погоре, џабе ќе се објаснуваме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and escape

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
За мене Бог е човек,многу го почитувам,го сакам,ги почитувам неговите заповести не кради,не лажи итн,секогаш кога одам во цкрва се молам на нашиот Бог
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
@Pica pica Знаев дека некаде во темава имам напишано што е за мене Бог, божествено, религиозно чувство, во неговата основа. Еве, ќе се самоцитирам :)

Е, бидејќи сум бил скржав со зборови пред неколку години, сега ќе ти се дообјаснам:
Ако добро се исчита секоја религиозна книга, и ако се сфати метафората или алегоријата, како сакаш наречи го, ќе се дојде до заклучок дека, наречен тој Јехова, Исус, Мухамед... е само љубов, сеопшта и сеприсутна љубов: кон животот, кон моралот, кон семејството, кон општеството, а ваквата сеопшта љубов имплицира заштита... чувство дека си заштитен.
И ако се сфати дека денес(и во минатото) името на Бог се користи за отворање на најголемите фронтови... тогаш „Бог е мртов“, за мене би значело дека е умрена таа сеопшта љубов...
Не зборувам јас за „креаторот на сите креации“, „прататкото на сите прататковци“, апсолутно јасно е дека таквата претстава е само „бајка“ за лесноумие. Со првите неколку часови по географија во основно сфаќаш дека не можело да се случи со: И би ден, и би ноќ, од проста причина што постои гравитација, ротација и остало. Затоа нагласив дека „на поинаков начин ја гледам религијата“.

@Ѕид на плачот - Во суштина се водам според она што го чувствувам, а ако до сега не ми ја сфати иронијата во постовите што ги напишав погоре, џабе ќе се објаснуваме.
Многу добро напишано, на исти поглед кон религијата сме.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Кој што сака нека каже,Инчулето не убеди сите нас дека госпот е човек и дека секогаш не умира,заправо умира кога ќе му текне....така некако.
А и дека сепак кога оди во црква се моли на господа(човекот бог).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
@Pica pica Знаев дека некаде во темава имам напишано што е за мене Бог, божествено, религиозно чувство, во неговата основа. Еве, ќе се самоцитирам :)

Е, бидејќи сум бил скржав со зборови пред неколку години, сега ќе ти се дообјаснам:
Ако добро се исчита секоја религиозна книга, и ако се сфати метафората или алегоријата, како сакаш наречи го, ќе се дојде до заклучок дека, наречен тој Јехова, Исус, Мухамед... е само љубов, сеопшта и сеприсутна љубов: кон животот, кон моралот, кон семејството, кон општеството, а ваквата сеопшта љубов имплицира заштита... чувство дека си заштитен.
И ако се сфати дека денес(и во минатото) името на Бог се користи за отворање на најголемите фронтови... тогаш „Бог е мртов“, за мене би значело дека е умрена таа сеопшта љубов...
Не зборувам јас за „креаторот на сите креации“, „прататкото на сите прататковци“, апсолутно јасно е дека таквата претстава е само „бајка“ за лесноумие. Со првите неколку часови по географија во основно сфаќаш дека не можело да се случи со: И би ден, и би ноќ, од проста причина што постои гравитација, ротација и остало. Затоа нагласив дека „на поинаков начин ја гледам религијата“.
ОК, Ти ја разбирам поентата,но сето тоа имплицира и малку поинакво сваќање.
Во обид да објасни некаков Бог, човек го искажува своето внатрешно разбирање потикнато од чуствата, карактерот и доживувањата, па за тој макрокосмос всушност кажува за својот микрокосмос. Или кажано, застанува пред огледало и се опишува себеси, па дали богот бил жив или мртов, дали бил љубов или гнев, дали е миротворец или војсководец, искажува психолошка состојба за својата душа.

Поимот за љубов не е ист што и емоцијата според која луѓето дефинираат љубов.
Сепак ,ти благодарам за одговорот, беше великодушно од твоја страна што ни го кажа заклучок за Бог искажан преку религиозните книги гледан преку розеви наочари.
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Кој што сака нека каже,Инчулето не убеди сите нас дека госпот е човек и дека секогаш не умира,заправо умира кога ќе му текне....така некако.
А и дека сепак кога оди во црква се моли на господа(човекот бог).
Неверници сте
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Што да објаснувам и да се расправам со куп неверници