Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Мојот последен збор,
твоето срце ќе го рече,
ќе се истркала тој низ твоите очи,
да ја разбуди муграта,
дарувајќи ја земјата со сонце,
откинато од мојата крв,
да обои небо и жита плодни,
да ги спои истокот и западот,
и ветрот на моето страдање без тебе со твоите прсти,
на твоето лице брчки да насмее,
да ги допре со усните на првиот наш бакнеж,
со кој почнав да живеам и го дишев секој стих поинаку,
и се смеев поинаку,
и умирав поинаку,
не успевајќи да ги зашијам,
душава со ѕвездите,
затоа што те немав во ноќите,
кога ми беше толку потребна,
во кои не запирав никогаш,
борејќи се со полноќта и нејзината сонлива приказна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Дали сум спомен,
од минато не многу далечно,
дали сум иднина,
во твоите мисли создадена,
дали сум ѕвезда,
една од безброј на небото,
дали сум насмевка,
што се раѓа на усните твои
и срцето ти го заживува,
дали сум тишина,
во крикот што се насобрала?
Не прашувај се...
Остави ги спомените,
мисли на иднината
и новите ѕвезди
што се раѓаат со секоја твоја насмевка,
вдиши ја тишината
од мојата воздишка
И не прашувај се...
Дали сум?
Сум.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се уште можам да се насмеам,
и одглумам затекната среќа,
со таа една ветва маска што остана да ме скрие,
и да поделам парче збор некому,
ко облак што не дочека над зората да висне,
и го објасни своето постоење,
само себе си занемен не знам што да си кажам,
тивко молчат во мене сите друмови изодени,
во некој заборав темен,
отсјајуваат во ноќта,
се гледам во некој скаменет лик,
што времето го изглодало,
под некое виножито кое крај нема,
и се губи во муграта,
што сонцето низ солзи на усните и го напиша,
како помен за сето тоа,
што воздивна со градиве,
и боли,
боли,
таа човечка тага што ѕвезда рони,
најсветлата што сон не сони,
да од него мир извира врз спокојни очи,
ко водопади со корени млади,
јас сум патник и скитам,
меѓу лутањето и нежноста што во мирисот на цветот се буди,
да потсетам на август кој со дождот заминува,
барајќи го моето лице на твојата дланка,
и малку љубов,
во чекалната на последниот перон,
од кој ветрот почнува,
приказни да плете и се опсипува магично врз оваа планета,
што земја се нарекува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Цвет си израснат во ровко срце,
што самееш на ридот од копнежи,
далеку од сите,
очиве мои те погледнаа со темен оган и разгорен превез на лица ничии,
да гориш,
да постоиш,
со дланка немирна да не те допре никој,
да не те ископа од дворот на вечноста,
живот да извираш од земјата плодна натопена со мојта крв,
преку коренот на моето постоење,
да дишеш,
да бидеш,
да се родиш,
една за навек создадена,
од очиве исплакана,
за најсуровата тага,
што во детска смеа ја претвораш,
таму каде не сум јас,
ниту си ти,
само две тишини,
што се брануваат,
со небото од пенливи облаци,
дал ќе замреш со мене,
ил ќе бдееш над сонот наш,
ќе остане,
запишано,
меѓу нас,
муграта и јас,
ти и белите одори на ѕвездите,
во последното опело на љубовта.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Шепотат усните изгорени со твојот неизбришлив допир,
шепотат едно име
кое остана на брегот запишано,
испраќајки го денот
со последните зраци
на ова исто сонце што не грее,
за да ги пречека брановите,
море седефесто,
пенливо,
разбранувано,
и бурата ноќва што ја исполнува,
само блед одраз се
на нашите души што со ветрот древен
над морето облетуваат,
и нема да стивнат,
веднејќи глава меѓу гранките маслини,
да се пронајдат две очи ним слични,
со други две поголеми и потемни
кои со мракот се претопуваат
да се насмеат онака, детски, заразно,
носејќи го в дланки лицето љубено,
кон крајот кој нема заборав.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Стојам невидлив врз карпата од која се изронија сите мои зборови,
свиени во лулката на самракот син,
под тие улави води што зрелоста од црна во бела ја бои,
и не ќе пронајдам трпеза доволно тешка која ќе ме насити и почива во ножот што ме служи,
да откорнам и сонце со ноктиве и пепел од мртвите,
не ќе се родам пак,
не ќе прогледам со очи издлабени од вистина,
и знам,
ќе заминам во далечините и непостојаната љубов која ме растрга,
парче по парче,
искинато од ветвата квечерина,
длабоко во свеста,
осветлена со свеќа која замира во уморот на вечноста,
со секој еден стих кој го издишува небото,
и знам,
не ќе се најдам себе си,
и се прашувам сега,
што ако се почне од почеток,
што ако во коренот на срцево,
се почне повторно,
ако нема заборав,
таа иста тага,
таа иста трева,
натопена во есента,
на челово што оган пали и вади ладна вода за лути рани,
да не болат.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Кога мастилото узрева во крвта,
темнината нежно ме совладува,
и сеедно ми е,
дали живеам или умирам,
и се прашувам често,
кога погледот ќе залута во несфатлива тага,
како сето тоа би му го објаснил на младиот дожд,
кој отчукува со неискусни и проѕирни бисери,
и се буди од неиспиеното дно на црната чаша,
за да заспие на нечии бледи усни,
помеки од облаци.
Како што ја палам цигарава,
и низ димот од сеќавања,
си спомнувам,
заљубени зборови,
никогаш изречени,
и се е така тивко,
проклето и потресно,
од телово разнишано,
само зенициве сјаат распрскани на небото,
јавајќи ја ноќта,
со тешка загуба на душата,
кога таа ќе посини до сржта,
ме обзема темнината,
и сеедно ми е,
моето постоење е моја најголема грешка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Црно срце, извор на болката,
црна крв, што плискаше некогаш по црвени вени,
црна душа, има ли спокој за неа?
Си ја гледам сенката измачена,
како призрак,
мине низ река во која бојата се разложува во црно на очиве,
низ кои смртта се смее.
Го гледам во искршеното огледало животот,
како сув леб се рони низ прстиве,
совршено,
барем птиците ќе ги нахранам.
Ги гледам солзите
се насобираат во дланкиве,
ќе има доволно,
нека ја изгасат жедта птиците
и нека ја понесат болката која капе заедно со нив.
Го гледам копнежот на светот
како се урива врз градиве мои,
не е камен,
тага е на ветрот
кон бездните упатен,
за да ги остави недопрени
зборовите вистински
што го цепат од височината на една карпа,
која го испраќа телото
во пенливите пазуви на водата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

BaceE

Нов член
26 октомври 2017
17
8
3
Ми кажаа дека секој ден си гледала во мене
- Гледав, очите само тебе сакаа да те гледат
Ми кажаа дека само мојата насмевка ти била најубава
- Убава е. Ми го грееше срцето кога и да се насмевнеше
Ми кажаа дека само моите раце знаеле колку да те прегрнат
- Знаеа толку, колку за јас да осетам нешто
Ми кажаа дека само моите усни знаеле како да бакнуват
- Твоите усни за мене беа богатство
Ми кажаа дека јас сум ти бил најголемата болка во животот
- Да беше. Од твојата болка научив како да живеам
Ми кажаа дека љубов си имала само за мене
- Имав. Сакав да ти кажам но секогаш се двоумев, бидејќи ти само ме искористуваше и остана на тоа да се разделиме иако никогаш не пробавме да бидеме заедно. Од се што се разочарував во животот си велев барем и од љубовта да не бидам, и не се осудував да ти кажам нешто, затоа што знам ќе ме одбиеше.