Справување со стрес

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Од пред некое време ме пратат чудни чувства.Прво,дека сум се испотила,а фактички не сум,некоја непријатност,дека ќе ми излезе срцето и дека ме стега гушата.
Исто така,не можам да поднесам бучава,и ги правам некои работи големи,ги преувеличувам.Така е од трета година средно,па досега.Кога треба да се видам надвор со некој,мислам дека ќе ми се случи нешто лошо,страшно.Што може да биде ова?
 

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18
Зависи што ми го предизвикало стресот. Додека студирав често бев под стрес дали ќе стигнам да научам се, ама тоа брзо ми поминуваше. Пиев некој чај што ми го препорача матичната тогаш што беше на природна база затоа што не сакав да се колкам со апчиња. Додека пак стреот предизвикан од некои проблеми, загуби и сл. не се лечи туку-така. Мене најмногу ми помага долга прошетка надвор од градот самата со себе, да се исплачам без некој да ми кажува дека се ќе биде подобро само за да ме утеши или пак полна када со топла вода.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мислев дека многу добро се справувам со стресот. Што знам, секогаш бев позитивна т.е. реалист, но се надевав на позитивно, не ставав многу на срце, секогаш бев таа што ги поттурнуваше другите.
Но, ете, нешто се смени и пукна во мене пред три години. Гушења, несвестици, чувство дека полудувам, ми дијагностицираа генерализирана анксиозност која до денес не можам да ја контролирам без апчиња и навистина не посакувам никому да дознае како е.
Всушност, вистината е дека никогаш не сум знаела да се справувам со стрес. Секогаш сум го закопувала, ми била набивана вина ако се осеќам тажно или стресно, па дека не смеам така да си дозволам, па не знам што.
Сега сум зомби кое полека учи да прифаќа дека сите емоции се океј и дека никогаш не требало да си дозволам да потиснувам негативни емоции само затоа што друг израснал во времето на Тито, каде за срамота било да покажеш слабост.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Бидејќи се наоѓам во специфична ситуација која изобилува со стресни моменти, одамна научив да се носам со стрес и во никој случај да не закопувам емоции, биле позитивни или негативни. Засега тоа фунцкионира, последниве пар години особено. Својот "Сталинград" го имав таму 2013-14, кога успеав да преживеам и како-така да продолжам понатаму...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra