Сакам да кажам/Сакам да прашам

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Отворена е тема за Хуманитарни акции. Би ве замолил да споделувате во неа и ние како форум да помогнеме бар во информирањето на читателите, а и кој сака ако може нека донира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
68029759.jpg


:pusi
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Дали може било што да е пофално при пораз од 5:0? Секако не. Нема фалба и со пораз 2:1 или 1:0, но во тие случаи може да се бара оправдување од типот “судиска грешка“, “малер“ па тоа као среќа немавме и слично.(facepalm)
Но, со 5:0 сите оправдувања отпаѓаат.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Бев вчера на вечера, другарка дипломираше, па не собра сите да не почестела вечера. Или јас сум ненормална, или луѓево немаат ни грам домашно воспитување. Многу, значи страшно ме лути кога се злоупотребува така нечија добрина, имаше ликови кои не знаеја колку јадење и пиење испонарачаа, нели бидејќи друг плаќа. Па мајко му стара, мислете малку со тоа тиквите на рамена што ги носите, ако некој ве викнал чест да ви направи, не мора да значи да ждерете и пиете како недоветни. Јас чекам да видам што ќе предложи таа, по мое девојчето сакаше две фамилијарни пици да нарача и пијалок за секого, ама не, се истепаа први да нарачаат, гајле им е за се друго. На одење си дискутираме со друга другарка и ми вика - па нека не не вика ако нема, штом не викнала значи спремна е пари да потроши. И си замолчив, што ќе и објаснувам, џабе.
Не знам можеби јас грешам, ама секогаш гледам да имам осет кога некој ме вика на прослава, независно дали роденден или нешто друго, многу ми е глупаво да јадам и пијам колку сакам, кога некој друг од свој џеб плаќа.

Друго, муабетите на маса. Немало девојки на денешницава, сето курвичиња биле. Кажано на маса полна со девојки. И го прашувам тој едниот, не знам му викам како очекуваш да фатиш девојка со ова твое однесување. Секогаш кога и да се видиме истиот муабет го вртиш, како сите трчаме по пари, како ве гледаме само за корист и како донори за генетски материјал. Не значи дека ако некоја те одбила заради некоја причина дека сите девојки се ѓубриња. Плус, никогаш нешто добро не си кажал за нас како пол, како очекуваш привлечен да си и на некоја? Добив одговор кога ќе се вработел и ќе вртел пари ќе ги третирал онака како што заслужувале (facepalm)

Падна муабет и за хомосексуалците. Како смееле Србите да си дозволат чудовиште да ги води. А интересна појава ми се ваквите хомофоби, повеќе од мене знаат за тоа кој и каде коментирал, точно знаат што се случува, коментираат по страници, посакуваат Содома и Гомора да им се случи на таквите луѓе. Не знам, еве мене пример ме нервира целата фама околу Бијонсе и близнаците нејзини, па ги скролам тие теми, не ги отворам и не ги читам. Немам потреба да коментирам како не чинат или да се расфрлам со погрдни зборови. Едноставно игнорирам. Мене конкретно нит ми згрешиле нешто хомосексуалците, нит па ме интересира кој бил и што бил. Пак прашувам, па што ги читате тие вести, што ве интересира што прават и како прават. Стегнете блок и нема да ви излегуваат такви вести. Интересни се, седнати и им пишуваат срамота, сапун да ве правиме, го грешите природниот циклус дрн дрн јариња... Ама мене на нешто друго ме асоцира толкава опседнатост со нечиј туѓ живот. Али ај не вака јавно :D

И џабе се сите муабети, никогаш нема да мрднеме од Турското ние. Иако сме слободна земја. Најжално е што вакви појави има кај луѓе од 20 и некоја година. Наместо напред да одиме со размислувања, ние си тапкаме во место. Жално што кога ќе имаат деца и нив вака ќе ги советуваат.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
^Дневна доза просечног....
Трагедијата е што ги има во неверојатно голем број. Реципроцитетот може да е како размер на географска карта.
Понекад ги третирам ко експериментални глувчиња со поставување понезгодни прашања. Just for the gigs, онака. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Awww, да. Очигледно е сезона на ваквите муабети пошто сегде отекоа снегулкиве.
Никако не е дека они се неспособни да направат обичен (збориме баш обичен, не мора ништо интелигентно, бем ли му векот) муабет без да најдат начин да вмешаат колку имаат и што кола возат. Ти му викаш у стил: Еееј, се оправи надвор времето за шетање...
Он: Да, да, од ветрот не можев да се повозам во кабриолетот. Сега ќе го спичам, па малце со другарче во Лофт. Знаеш, ми дужи 2000, му давам понекогаш за кладилница пошто помали примања има од мене.
Или дека скромно ќе одат со браќата до Закинтос да ебат, па ти објаснува смештај во вила, па патни трошоци (и после на Групер ја наоѓаш понудата за 89 евра, али тоа мање битно), па за пиењето и пичките таму што го чекаат...
(puke)

Колку што има мрсулки што секакви мрсни и смрдливи чичиња со интелигенција на ној шетаат под рака за пари, има и мажиња што бубрег би продале да го видат со таква, ама пошто знае дека нече јебат, се фрустрира што тоа не го може со неговите 200-300 евра, па ајде, сите курви и спонзоруши пошто го неќат, а него ако го свиѓа некоја не многу убава (по неговите јаки стандарди) и скромна, со потсмев се фали по сите за тоа и ја игнорира.
Едно е да кажеш не е твој тип и крај, друго е ваквото форсирање со тупење како се толку златни, а сами. За двата пола зборам. Очај.
Жими ја, отсега ќе ги пиздам директно.
Посебен вид социопатија е микс од самосожалување и паралелно себевреднување до плафон. :x
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Не сум запалила одамна, онака да осетам дека имам отров на јазик, зошто никогаш не ја тргам до крај.
Стресен месец, страшен порок. Си пафкам на прозор и чекам да се отрујам.
Ајде уште една, се лажам дека смирува. Нема да пропушам сигурно, ама на моменти не се познавам себеси... :pusi(star).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

ВинаНевина

Полноправен Член
26 мај 2017
78
68
18