Вечен живот

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Мислам дека ние ги мешаме поимите вечен живот и бесмртност, немаат исто значење.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
За да се разбере вечноста неопходно е да се разбере времето. Не само во поглед на неговите импликации, туку многу поважно - во смисла на неговата природа. Кога тоа е постигнато, сите останати делчиња од моазаикот на постоењето ќе си дојдат на свое место.
 

Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Кога повеке ке нема место во пеколот мртвите ке шетаат на земјата, вечно. -Интернет клетва.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Постојат бројни дискусии, и лични перспективи за вечноста. Поборниците на овој концепт (главно Аристотел) докажуваат дека материјата, движењето и времето вечно постојат.Други пак, односно поголемо мнозинство тврдат дека времето постои само во рамките на физичкиот универзиум, и единствено Господ постои надвор од времето, за Господ непостои ниту иднина ниту минато туку само "вечна" сегашност.
И да се надополнам на горенаведеното мислење, потполно се согласувам со фактот дека за сфаќањето на овој концепт неопходно е да се разбере времето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija and Abraxas

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Бог немал намера човекот да созрева и да учи неколку децении, а потоа следните неколку децении да опаѓа, да добива разни болести и на крајот да умре. Бог ги создал луѓето со желба да живеат вечно. „Вечноста им ја ставил на луѓето в срце“, ни вели Библијата
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
„Дали си спремен да умреш?“ Во нормални околности, повеќето луѓе би рекле дека не се. Што покажува тоа? Без разлика низ какви тешкотии минуваме, сите ние имаме природна желба да живееме. Библијата покажува дека луѓето сакаат да продолжат да живеат затоа што Бог ги создал со вродена желба за живот. Како што пишува во неа, Бог „вечноста им ја ставил на луѓето в срце“ (Проповедник 3:11).
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Со тоа што го испратил Исус да умре, Бог ни дал можност да живееме вечно во рај на Земјата. Во Јован 3:16 Исус рекол: „Бог толку многу го сакаше светот што го даде својот единороден Син, за секој што верува во него да не биде уништен, туку да има вечен живот“. Смртта на Исус не само што ни покажува дека Бог никогаш не ја извртува правдата туку е и доказ дека многу ги сака луѓето.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Да се гледа на смртта како на грешка е крајно ограничена перцепција. Се што трае вечно, евентуално ја губи смислата на своето постоење, станува бесмислено. Смртта е таа што му дава смисла на животот а не нешто кое е негов непријател. Затоа сметам дека залажувањето дека било кој ќе живее вечно во некаков задгробен живот не е ништо друго туку панична реакција која е последица на стравот од непознатото. Замислете песна што никогаш не завршува, книга што нема крај, ден што нема зајдисонце.... Сите овие примери, смислата и убавината ја поседуваат токму поради тоа што евентуално имаат завршница, финиш што ги дефинира! Без тоа кога тогаш ќе станат бесмислени, еднолични.... Погледајте го видеово:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Да се гледа на смртта како на грешка е крајно ограничена перцепција. Се што трае вечно, евентуално ја губи смислата на своето постоење, станува бесмислено. Смртта е таа што му дава смисла на животот а не нешто кое е негов непријател. Затоа сметам дека залажувањето дека било кој ќе живее вечно во некаков задгробен живот не е ништо друго туку панична реакција која е последица на стравот од непознатото. Замислете песна што никогаш не завршува, книга што нема крај, ден што нема зајдисонце.... Сите овие примери, смислата и убавината ја поседуваат токму поради тоа што евентуално имаат завршница, финиш што ги дефинира! Без тоа кога тогаш ќе станат бесмислени, еднолични.... Погледајте го видеово:
Па не е ни смртта таа која му дава значење на животот. Животот си има значење самиот по себе... Наместо да се плашиме од смртта или да ја прифаќаме како некое сретство за величање на животот, најдобро е воопшто и да не ја перцепираме, да си ги насочиме вниманието и енергијата на она што се случува сега во моментот. Ако сте среќни во секој момент од вашето постоење нема да ви биде од големо значење дали ке живеете 20, 200 или 20 000 години. Среќата не може да здосади како што здосадува убава песна, има разлика помегу задоволствата што се перцепираат со сетилата и духовна состојба како што е вистинската среќа. Јас не би го споредила животот со една песна која што никогаш не завршува, животот не е едноличен цело време и не се повторува одново и одново, не е само една лекција или едно искуство кое трае до бескрај, разноличен е и секогаш носи нешто ново, како безброј различни песни на цеде кое никогаш не завршува, како огромна библиотека со книги на која не и се гледа крајот и како бескрајно многу денови со бескрајно многу зајдисонца и изгрејсонца.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica