Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Зошто оваа љубов,
пали таен оган,
во напластените лисја есенски,
во длабочината на распараните чувства,
зошто сега кога не знам да одглумам една пролет лесна и изнудам една насмевка обична,
сонуваш ли во неа едно небо,
со сини пламени прекриено,
што ја греат душата темно,
пред очите на сонцето расплакано,
носејќи иста болка со мојата,
како гердан околу вратот нанижан,
со бисери тажни и шепотливи,
а толку светли,
што ти живот радосен вдахнаа,
да би заспала нежно врз мојот одар нем,
со солзи очајни,
за последен збогум и капка среќа,
милувајќи го со твојата коса,
и роса од цветови згаснати,
засекогаш вечни,
од црното вино,
потешки.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ги чувам ѕвездите,
од твоите очи сонливи,
со кревок глас да не ги згаснеш,
пред мугрите заводливи,
еј ти,
ти пенливо небо недогледно и милно,
што ми крадеш мир ко море немирно,
прости ми,
заборави,
на сите сребрени стихови,
кои ги создадов за тебе,
со тебе,
во вечноста да постојат,
како миг,
како жиг,
во срцево распнато,
измеѓу љубовта и смртта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Повторно есен,
сам си непознат,
созреан без плод во срцето,
без љубов,
немоќен,
во тебе повторно мрачна реторика,
таа вечна игра,
што ти го дели ликот на пола,
и залудно го раствора сонот во неа,
ноќ за ноќ,
во ткаенина на разбој навезена,
до бескрај,
како да нема крај,
крај во кој криеш толку многу,
да покриеш очи за навек,
да најдеш мир за уморни очи,
да престанеш да постоиш,
таков,
никаков во твојата тишина,
со сите тие жедни рани,
што течат ко водопади,
длабоко во твоето тело,
од коски некршливи,
жртвуван за туѓа среќа,
што само на дланка ја носиш,
а ти ја исцртал животот,
да те потсеќа на неа,
да претвораш темнина во светлина,
свеќа во молитва,
да те боли оваа човечка тага,
што ја носиш во себе од раѓање,
и најдеш во неа една убавина заслужена,
во мирисот на млада роза,
која не венее на градите на уште една есен,
во која воскреснуваат заљубените.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Понекогаш го губам здивот,
некаде во денот бакнат од сребрени облаци,
и ти пишувам во ноќта,
седокоса, а толку млада,
како вчера,
која потсеќа на мене,
во прегратката со тебе,
од ѕвезда поделена на пола,
таква родена,
од времето запишана,
секогаш си таму,
сум таму,
нежно со прстите во мене навлезена,
длабоко,
толку длабоко во тебе,
каде досегнуваат моите очи,
од твоите соништа килибарни,
паднати во заборавот на солзите,
за да те пронајдам,
во отсјајот на една перла,
за нас создадена,
кога небото ќе падне врз друмот уморен,
за да открие љубов,
сокриена длабоко,
толку длабоко,
во порите на животот,
што немее гладно,
загубено,
во туѓа насмевка оживеана,
како се да е мртво во неа,
и не можам да ја оживеам мојата,
ниту со овие зборови црни,
со кои го шминкам сонцето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Еден стих

Од чудна болка,
во ноќва есенска една,
сум предаден,
претешка за немирот,
кој во очиве место солза,
бол покосен ми боси,
од твојата коса,
расплетена,
ко сончеви зраци,
на небото недопрено,
од твоите очи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Два стиха

Два стиха, а една воздишка,
две очи, а еден поглед,
две перници, а еден сон,
две тела, а една крв,
две тагувања, а едно радување,
се е поделено на две, а толку едно е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Нешто лично

Сам си непознат,
во тишината на своето постоење во која се давиш,
со еден здив,
во идилата на соништата од миризливи свеќи помешани со темјан,
суви и крцкави ко потрошни ѓонови,
од залудни чекори,
кои го газат светот со туѓи очи,
и заоѓаш со нив секое утро,
перверзно и допрено од туѓо тело,
негувано и жедно,
не знаеш веќе кој си и што си,
во него и од него,
само сонувач зададен во бегство за спас,
ајдук од љубов,
за љубов,
без очекувања и надеж,
за некоја мена ѓаволеста,
што сребрени,
да разгори барем една насмевка,
што ја нема,
ниту на небото,
ниту на замјата,
само нож во градиве,
зарива ли зарива,
студена вистина,
во која мртов си,
непознат,
сам со својата крв обоена,
без срам,
без пораз,
што си само човек,
меѓу луѓе,
без желба за збор,
за живот,
во овие години,
не така прерани,
не така доцни.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Нешто севишно

Препознаен си во зракот на сонцето,
во идилата на среќата,
зачинета со лута љубов,
на врвот од срцето,
талкајќи со чекори пурпурни,
во вистинска насока,
подалеку од погледот,
за да пронајдеш посветли,
на работ од усните,
допрени од ноќите,
и стопени во мугрите,
каде изгрева вечниот спокој,
купен со парчиња ткаенина,
од златни зборови,
кои милуваат тиркизно со својата севишност,
и распоруваат толку многу,
во мене,
од тебе,
за нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Прости ми

Прости ми,
како распнат бог искрварен,
врз лицето на смртникот грешен,
што не ти го покажав,
со прстиве,
небото,
со облаци пенливи,
од твоите чекори,
втиснати во ова срце,
од мртов пластелин,
несвесно,
каде газиш,
и го допираш,
кобно,
таму некаде горе,
каде се раѓаат ѕвездите,
сонцето,
и дождот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Кажи ми

Кажи ми,
дека јас сум ти,
пронајди ме,
пронајди се,
ти ги нудам на дланкиве,
сите слободи,
од скршени окови,
да бидеш,
моите крилја,
мојата крв,
моите солзи,
и во нив очи,
од кои истекуваат галактички јата,
од мене,
за тебе,
за два живота,
распрскани во еден,
за илјада и еден бакнеж,
и по него последен,
над овој град нем,
во кој постоиме,
и сониме,
јас во тебе,
ти во мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina