Политички настани во Македонија

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Не е ништо добредојдено бидејќи немаме основни работи, е тоа е проблемот а не дека јас ја погазувам вистината. Има само една вистина, а тоа е дека немаме основни работи за живот.
Игралишта викаш и паркови, добро ајде игралишта има и паркови, што ќе ми се игралиштата? Да одам да играм откако сум слушнал дека ни месецов нема плата, или да оди некое дете да игра а не јадело цел ден?
Паркови вика, па сите паркови ги уништија и згради изградија. Прават рајски парк во Аеродром со мајмуни, жирафи, кенгури, марсовци додека народот гладува. Срамота.
Вардар не требаше да се чепка, требаше да се остави како што е, а не му ставија бродови ко да ќе одат да го освојуваат Солун.
Водно немаше жичара и беше поубаво, Водно едно време имаше шума во која можеше да се изгубиш, сега со мижење ќе се симнам од крстот до доле. Испосекоа се, направија пат, изградија жичара за богатите пензионери да не се мачат, го уништија тоа што го правеше воздухот во Скопје чист. Плус тоа изградија безброј згради, за уште толку да се гушиме.
Најпрво се средуваат основните работи, па после игралишта.
Ајде објасни ми ги тие основни работи кои сме ги немале и ЗОШТО сме ги немале а имало и други влади пред оваа??
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ајде објасни ми ги тие основни работи кои сме ги немале и ЗОШТО сме ги немале а имало и други влади пред оваа??
Типично Вмровски, другите влади се криви ние не сме. Кои други влади? 10 години владеење и уште другите се криви. За тие 10 години што не се направило нешто за да се биде подобро од тогаш? Тие не направија ова, не направија она, ама ние нема да го подобриме тоа туку ќе се вадиме секогаш на тоа дека друг ни е крив.
До кога тоа ќе го слушаме не знам, друг некој им е крив за се што ќе се случи. Си дошол на власт, направи се за да докажеш дека претходникот не работел добро и исправи го тоа, а не да крадеш и да лажеш и после друг да ти е крив. Не ми се верува дека уште тоа го зборувате, Сдс се криви што не оди напред државата, иако фотељата не ја виделе 10 години и сосема други луѓе се во партијата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Јанасум

типичен одговор кога не се знае правиот одговор...бла бла бла бла...едноставно те прашав кои се тие основни работи кои ТИ ги спомна а не јас и остави ги партиите настрана.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
типичен одговор кога не се знае правиот одговор...бла бла бла бла...едноставно те прашав кои се тие основни работи кои ТИ ги спомна а не јас и остави ги партиите настрана.
Па ти спомна партии. Рече имало други влади. Што се правиш будала со сила не знам, ти почна тоа.
Не знаеш ти кои се основни работи што се потребни? Изгледа не ти фалат затоа не знаеш.
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Па ти спомна партии. Рече имало други влади. Што се правиш будала со сила не знам, ти почна тоа.
Не знаеш ти кои се основни работи што се потребни? Изгледа не ти фалат затоа не знаеш.
Povtorno izbegnuvas odgovor a sam se namesti...ajde pocni da gugas, koi se tie osnovni raboti..hahhahahahaaaa
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Povtorno izbegnuvas odgovor a sam se namesti...ajde pocni da gugas, koi se tie osnovni raboti..hahhahahahaaaa
Не знам што ти е толку смешно. Ти спомна партии прва? Да. Не знам што е проблемот тогаш, што сум се наместил?
Што да гугам, ако ти не знаеш кои се тие тогаш џабе ќе се замарам.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не знам што ти е толку смешно. Ти спомна партии прва? Да. Не знам што е проблемот тогаш, што сум се наместил?
Што да гугам, ако ти не знаеш кои се тие тогаш џабе ќе се замарам.

Партиски бот е, побрзо ќе се разбереш со тетратка или со капаче од шише, повеќе ум имаат :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
http://www.libertas.mk/ministerstvo...sata-od-450-milioni-evra-so-zgolemena-kamata/
Намалени 200 милиони, ама пак е голема сумата, барем не успее да се задолжат со милијарда евра.
Иначе, делов од соопштението... :rofl
„Доколку ги немаше злонамерните опструкции и попречувања од страна на опозицијата, со оглед на првично пројавениот огромен интерес од инвеститорите, каматната стапка ќе беше далеку поповолна, односно истата ќе беше дури под 5 % годишно, согласно очекувањата на меѓународните инвестициски аналитичари. Цената за ова неодговорно однесување на опозицијата за жал ќе ја платат сите граѓани на Република Македонија".
Какви лудаци, демек ако ја издадеа таа со 650 милиони, граѓаните немаше да плаќаат, туку сега дека успеаа да им ја намалат сега ќе плаќале. Кој ли им верува на овие бе, што се прават паметни јас не знам, им ги скратија милионите за крадење и одма народот ќе плаќал, иначе немаше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
И додека патриотите и нивните безмозочни војници го искористија Илинден да ги обвинуваат сите кои се против нив дека се предавници и ја уништуваат Македонија и да се закануваат, да се потсетиме кој тоа од грчка песочна плажа даде наредба за ослободување на терористи кои убиваа низ Тетовските и Кумановските села.
http://faktor.mk/2015/04/07/dosie-hashki-sluchai-megu-patriotizmot-i-politichkiot-pazar/
Нешто што кога ќе ги прашате испраните мозоци зошто го направиле ова, викаат дека не знаат и одма почнуваат со агресија. Ама ги разбирам јас, немаат мозок затоа, не изгубиле никој па не им е гајле, битно плата да има. Изроди предавнички.