Му пречи сѐ!

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
pred nekolku dena pukna za mala sitnica toj ne veruva na razvedenite zeni tie za nego se sve i svasta , trpi trpii ne se trpi veke za sekoja banalna rabota nego toa mu e kako da sum spiela so 500 mazi ne mi zvonam ne mi zvoni poludev :ladno:ladno:ladno:ladno:ladno:mad:mad:mad:mad:mad:mad:mad:mad
Уште не сум у тие години за да имам некое големо искуство за да зборам, но не ја прегазувај својата гордост и среќа. Во една врска ако нема доверба, разбирање и постојано постои љубомора не гледам таа врска до кај води освен во поголеми проблеми. Најдобро ѕвони му, кажи му дека многу го сакаш но кажи му и што ти смета и прашај го дали ќе се променат работите на подобро или се ќе оди по старо. Ако продолжи истава ситуација не верувам дека љубовта ќе опстои и дека ќе бидеш среќна.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Затоа се вели „три пати мери, еднаш сечи“...
Не сакам да солам памет на никој, најмалку не за вакви работи, бидејќи со емоции не се игра, а првичната заљубеност и од најголемиот реалисти прави идиот и слепец. Највидливите маани за останатиот свет за тебе можат да бидат доблести.
Посебно ако таквата „љубов“ дојде по некое големо мртвило, или пак, уште полошо, како во твојот случај по големо разочарување.
- ова не е онака теоретски кажано, си го кажав според сопствено искуство.
Но, морам да признам дека имаат право некои погоре што велат дека не требало да го носиш дома. Бидејќи имаш дете, мора да знаеш дека тоа дете за неколку години ќе влезе во пубертет... ако тој те гледа секој ден со различен ќе изгубиш авторитет врз него, или уште пострашно, можеби и нема да сака да биде со тебе(не ме сфаќај погрешно, ама еве овој е погрешен, за некоја година ќе се јави друг, што е најнормално за возрасниот свет, не и за малото дете).
Втора работа, тоа што некои ти викале, можеби дете е решение за таква ситуација.
Не, на болната љубомора која потекнува од недоволна доверба во партнерот не едно, 10 деца да се изродат џабе е, само што ќе осуди уште едно дете на голгота.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and misterija

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Бонжур децо.
Ми се отворија чакрите, ме допре силата Универзумска да насочам една душа на правиот пат.
Искрено не разбирам дека ти како возрасна жена и мајка мислиш дека спасот ќе го најдеш на форум каде што мнозинството се средношколски фраери/ки за кои белосветска мистерија е дали задникот на Кардашијан ако пукне, ќе се основа добротворна организација за донација на секонд хенд силикон за момите од Третиот Свет, за толку интимна и осетлива тема. Озбилно.
Мене лично ми падна во очи реченицата - Он не им верува на разведените жени и мисли се и свашта за нив. Кога веќе си го знаела тоа, зошто си почнувала нешто со него? Мене ми е јасно дека никој не сака да биде сам и тоа е сосема во ред, ама селекцијата кого ќе пуштиш во животот ја правиш сама. Не си 15 год. па некој да те прелаже побогу.
Мене ако ме прашуваш, а не ме прашуваш ама јас ќе кажам, мислам дека си исклучиво наивна и непромислена личност која не знае како да функционира ако нема маж покрај неа. И тука е уствари проблемот, не е во сељаков од Прибилци. Не барај совети од форуми, од Иван Исцелител и слично, туку седни си и преслушај се сама како мислиш дека треба да се поставиш во животот, каков пример треба да бидеш за твоето дете и каде е изгубена твојата самодоверба?
И оваа прилика ја користам да им кажам на големиот број мои фанови на форумов дека јас како едно исклучително интелигентно, продуховено битие сеуште сум немажена. Педери стоп!
:cool::*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Lizbeth