Фитнес дневник

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Многу добра замисла за темава, пофалби Лена. (bravo)
Последниве месеци забушавам со вежбање, де ќе почнам некој предизвик и напола се откажувам, а башка накачив и некое килце, а штубаво еден период си вежбав редовно и плус диета држев.
Планирам сега да почнам со трчање секое утро плус возење на статичен велосипед.
Па ќе бидам активна во темава.:)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Бев денес на тренинг за кичмата.
Некоја мешавина на пилатес,јога и специјални вежби за грбот.
Онака осеќам дека на работа се укочувам од зјапање во монитор и решив да му посветам повеќе внимание на грбот.Си зацртав на 40 да изгледам добро,да не бидам згрбавена како некои кои изгледаат како животот да им се насадил на плешките и толку е тежок па им се искривила кичмата.
Многу повеќе ми се допаѓа исправен став,има одредена порција на елеганција и грациозност.
Со остатокот задоволна сум.
 

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Јас почнав во понделникот...
Трчање почнав со 5км, стомачни 2 серии по 50, чучневи 3 серии по 20 .. Од утре наголемувам.
Овошје и зеленчук обавезно и секако вода 3л дневно.
И се чувствувам одлично.
2кг симнав за овие 7 дена.. Уште 2-3 и ќе си бидам таман :p
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Како да кажам незнам ,ама така затупив со вежбањето, неколку месеци не сум била и се надевам дека во најскоро време ќе почнам пак. Крајно време е!!!
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Шо да кажам освен дека сум во некоја форма нешто пред-форма на сајонец. Ќе бидам во сајонска форма кога ќе ги зголемам сериите на вежбите барем за половина, значи ако правам по 3 серии, да правам барем 5... како и да е, по 8-12км трчање не е малце, така да... спремен сум за на плажа. Girls watch out!
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
13275904_1303963459631028_1873630416_n.jpg

Ова од пред месец дена со другарот, мислам дека достигнав некој вид сајонска форма, али може уште малку.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Пред се да се заблагодарам на гените и брзиот метаболизам.
Многу ми е убаво што јадам што сакам, а тешко се дебелеам, но сакам 3 кг да се здебелам за да имам идеална тежина.
Не сакам тие во стомакот да ми одат. Убаво ми тргна пред некое време, ама се залежав :(
Ќе се здебелам ли јас некогаш како сите колеги мои што се прават по 10 кг кога е сесија ?! Тоа е научна фантастика за мене :)