Религијата умира?

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Луге умираат во име на религијата, да тоа е вистината ама дека религијата ке изумре неверувам.
Секогаш ке се појават некои нови богови или пак еден бог само за да му ја донесат вербата на човекот(религијата е верба). На лугето им треба духовна дисциплина-верба за да не застранат.
Не ќе да е религијата верба. На човек верба (верување) не му е потребно, a богови уште помалку. Болдираното ти е оксиморон.
Религијата нема да умре, како и се друго ќе еволуира и ќе се прилагоди на времињата што доаѓаат.
Science fiction.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Воопшто не ти држи вода тезава дека геј луѓето биле по промискуитетни од оние што се стрејт. Незнам ти колку гејови познаваш лично, јас знам неколку, и можам слободно да заклучам дека не само што нема некоја разлика, туку далеку помалку партнери имаат тие одколку стрејт луѓето што ги знам.
На пример школска другарка од жена ми, лезбејка, вкупно имала три девојки, со сегашната е во врска повеќе од 6 години. Како споредба, останативе пријателки, имале и по десетина дечковци - просек. Слично е и кај машките. Стрејт машки, да можат и со десет женски на ден ќе имаат секс. Што значи апсолутно нема врска муабетот дека промискуитетноста зависи од сексуалната ориентација.

Оти бе вакви глупештини пишуваш? Знаеме, прогресивен си и сето тоа...и шо правеше анкета и искрено ти кажаа колку кура имаат пушено тие твоите френдови гејеви? (party) со неколку линка може да се побијат овие небулози ама батали, друг пат...
 

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Znaci veruvas deka nie evolurirame, odnosno sme nastanale od majmuni!!!!?????????
Да разјасниме некои работи, значи еволуцијата е термин што се користи во поширока смисла, за да се означи било каков процес на промена во текот на времето. Постојат разни видови на еволуција, психолошка, молекуларна, социокултурна како и настанокот на човекот што е типична ’’ биолошка еволуција ‘‘.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Znaci veruvas deka nie evolurirame, odnosno sme nastanale od majmuni!!!!?????????
Еволуцијата е факт, нема потреба да верувам во неа, како што нема потреба ни да верувам дека надвор е ноќ или ден, бидејќи гледам дека е ноќ или ден. Да имаше барем основни познавања, ќе знаеше дека еволуцијата никаде не укажува на тоа дека сме настанале од мајмуни, туку дека имаме заеднички предци со мајмуните. Секој пат кога користиш лек, кога одиш на лекар, докажуваш дека еволуцијата е факт - реалност.
На пример инсулинот што го примаат дијабетичарите се добива преку вид на бактерија што е вештачки еволуирана во нов вид што произведува човечки инсулин. Исто така постојат бројни примери на бактерии, инсекти и останати видови чија природна еволуција е регистрирана во човечката историја. Таков случај на пример е Flavobacterium бактерија што еволуирала да се храни со најлон. Ако се земе во обзир фактот што најлонот е вештачки материјал и не постоел пред 1935-та година, јасно е дека ни бактеријата не можела да постои пред 1935-та година. Освен ако не била на 6000 годишен пост....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Метаморф

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Оти бе вакви глупештини пишуваш? Знаеме, прогресивен си и сето тоа...и шо правеше анкета и искрено ти кажаа колку кура имаат пушено тие твоите френдови гејеви? (party) со неколку линка може да се побијат овие небулози ама батали, друг пат...
Не бе златен, ти си пишуваш глупости. Никаде нема никаков показател ниту доказ дека хомосексуалците имале поизразен промискуитет од стрејт луѓето. Тоа ти си го истресе од ракав и си го прогласи за аргумент. Нешто слично како циркуларната логика на вернициве - "Верувам во библијата бидејќи е вистина, а вистина е бидејќи верувам во неа".
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не бе златен, ти си пишуваш глупости. Никаде нема никаков показател ниту доказ дека хомосексуалците имале поизразен промискуитет од стрејт луѓето. Тоа ти си го истресе од ракав и си го прогласи за аргумент. Нешто слично како циркуларната логика на вернициве - "Верувам во библијата бидејќи е вистина, а вистина е бидејќи верувам во неа".

Селанче, ќе се обрукаш наголемо, те предупредувам, постојат и многу графички докази по нетов, и студии и све:)
Ајт после фудбалот или утре, и после барај циркуларна логика кај мајка ти, може така?
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
Селанче, ќе се обрукаш наголемо, те предупредувам, постојат и многу графички докази по нетов, и студии и све:)
Ајт после фудбалот или утре, и после барај циркуларна логика кај мајка ти, може така?
Првиот знак за немоќ и фрустрација е адхоминем реакцијата. Не сум селанче, не затоа што ги потценувам луѓето од село, чисто информативно, со генерации и генерации наназад точно знам дека моите предци се од град.
Во врска со причината за овој твој испад. Тебе многу добро ти е јасно дека секое стрејт машко да може, би имал секс и со десет различни девојки на ден. Доколку и самиот не си геј, знаеш дека и за тебе важи истото. Е сега! И кај стрејт и кај геј луѓето, има исклучоци, но дека сексуалната ориентација сама по себе е причина за поголем или помал промискуитет е тешка глупост. Непостои ниеден доказ, ниеден показател за тоа. На промискуитетот може да влијаат културата, менталитетот, религијата, општеството и слично, но не и ориентацијата сама по себе.
За да ја оправдаш твојата теза, ќе мора да се брукаш и да се повикуваш на она што најмногу го мразиш - на општествените норми, бидејќи единствено тие влијаат на промискуитетот, не сексуалната определба, туку културолошките и општествени норми. Затоа се што ти останува се вакви кутри испади на фрустрација.
 
Последна промена: