Личен дневник

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Никогаш не знаеш што може да ти се случи во наредните 5 мин ни па каков човек ќе запознаеш..
Животот не тапка во место само со тие луѓе што ги знаеш.. Тоа не е нормално.. Мислам..
Добро е да запознаеш некој стварно добар што дури и да не те знае долго ја препознава болката твоја и се нуди да помогне..
Таков пријател вреди и да се исслуша и да се советива колку што може и сето време поминато со таков пријател е привилегија!
Ти благодарам по милијонити пат! <3
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Falanga and malo

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Животот е непредвидлив, нели?
Таман си помислил дека се е во ред, дека се тече според план и се чувствуваш како да одиш по вистинскиот пат..наеднаш се се менува.
Ветерот дува во спротивен правец, север е југ, запад е исток..
А ти си изгубен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and malo

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Не е добро.
Лошо е.
Се јадам самата себе си.
Се чувствувам мало.
Плачам повеќе отколку што дишам.
Моите очи го немаат повеќе истиот сјај.
Каде е излезот од оваа љубов?
Како да се спасам?
Мислам дека умирам тивко.
Исчезнувам.
И ја сум крива, правејќи го ова сама на себе.
Заборавам да го живеам мојот живот, уживам или се навикнав на мојата болка.
Не сакам да сакам повторно.
Не мислам дека сум способна.
Само сакам да се спасам од ова.
Да се сакам повторно себе си.
Каде е излезот?
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Уште ме уништуваш.
И тоа малку што остана да го дотолчиш.
Боли молкот.
Боли тишината.
Боли сврениот поглед.
Боли мирисот твој.
Боли груткава на грлово од ден на ден се поголема, земајќи ми го здивот.
Тонам во сонови, негирајќи вистини.
Тонам во љубови, вајда избледени.
Само спомени нагризуваат, сонови полни надеж.
Се прашувам каде си и дали ќе ти слушнам глас.

Tапкам во место, не можам напред.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Здраво дневник
Ги знаеш оние периоди кога се ке ти се струпа наеднаш, кога милион проблеми ке ти излезат од еднаш и кога не знаеш на која страна да се свртиш, кога сакаш да избегаш далеку од се или да заспиеш во длабок сон и да не се разбудиш едно десеттина години? Јас го пребродив тој период и кога се чинеше дека сум сосема сама, се појавија вистински луѓе во вистинско време и ми ја вратија насмевката на лицето. Со таа насмевка имав моќ да го сменам светот околу мене и старото да го направам ново, грдото-убаво, лошото-добро, тешкото-лесно... имав толку полет во себе и мислев дека ништо нема да ме спречи, но ниту тогаш животот не престана да ме тестира и повторно ми зададе нови пречки.
За миг згасна таа искра во мене и почнав да тонам. Не знам дали таа борба вреди. Не знам дали било која борба во животот вреди.
Се што сакам е да имам мир, да бидам среќна и децата да ми се среќни, но, борбата не секогаш носи мир, можеби и никогаш ...
...Па и не мора да ги менувам нештата и да ги трасформирам од грди во убави, можеби треба да си бидат такви и да си го доживеат крајот гниејки и распаѓајки се. Можеби некои нешта човек треба да ги остави зад себе и никогаш повторно да не погледне наназад. Можеби некои нешта не вредат толку за да си ја трошам сета енергија за да ги разубавувам, можеби во моментов јас сум она што навистина треба да се разубави.

Во меѓувреме одлучив дека нема да се самосожалувам, всушност не одлучив, туку така природно тоа ми дојде само по себе. Почна од мене да извира некој инат, ама добар инат, добар за мене.
Толку од старата мало, редно време е да живнам и да почнам да си се сакам и почитувам самата себе. Доадна си станав веќе.
Не се замарам повеќе, не ми е гајле, само сакам да си го живеам моментот најдобро што можам.

Инаку денес си ја скратив косата и се чувствувам 2-3 години помладо и дефинитивно кратка коса поубаво ми стои.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
@malo кажи ми го лекот да оздравам одвнатре..
Надвотешно не давам никој да примети дека во мене има бура и неќам никој да ме жали ни па самата јас.. Ама ми треба помош..
Се оболев!
Што да правам кај да одам ко не можам нигде да претнам.
Освен тоа да избегам некаде мене ми нема спас ама тоа е невозможно..
Како да ја разбудам ја среќата во мене ко спие цврсто и се буди само кога она сака.. А тоа е ретко
 

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Во годината сто и еден ваков ден,
прашинки разлетани по застарени излози,
чекајќи нешто да се случи,
ќе пројде уште еден стих,
во годината илјада и еден ваков миг,
побелено влакно тагува по таинствено минато,
чекајќи го идниот ден,
ќе му помине неговиот век,
цело нечие помнење,
се од почеток до крај што завредело спомен,
прашинки разлетани од тивок ветер,
или од провев,
тивката музика на животот.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сабота. Мирна сабота.
Сама сум и мислам.Како не знам да бидам сама.Се плашам од самотијата. Од мирот и мислите кои доаѓаат со секој миг во кој сум слободна.Кои ја уништуваат убавината на тишината.
Можеби сакаат да бидат чуени.Па одлучив да ги слушнам. Ништо ново,истите па истите ко на риплеј.Можеби и да се биде сам треба да биде научено.Можеби.
Го средив балконот конечно.Направив мала оаза во која ќе се опуштам од работата,од должностите,од одговорноста која ја сносам во животот.
Мала цветна оаза во медитерански стил, да ја заситам носталгијата за југот,кога ќе надојде во непогоден момент.
Место каде ќе ги сонувам соништата кои ми го цртаат патот.
Каде ќе имам можност да ги слушнам мислите,да застанам и да почуствувам што не е почуствувано.
Задоволна сум.Си лежам на клупата која ја најдов фрлена на улица и си ја довлечкав на балкон и си ја пеам "dont look back in anger" од Оasis.
За среќата нема да ја тупам сега.И тоа сум.
Благодарна сум.Ете што ме има ваква каква што сум.DSC_1237.JPG
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Доста е да гледаме како не смее нешто да ни недостасува подолго од тоа што се “очекува“ и како само треба да продолжиме понатаму.
Кога некој ни недостасува не постојат неколку правила.
Тоа не е пресметка и нешто што може да се пресмета со формула.
Бидејќи на крајот на денот ништо од тоа не е важно.
Не можете од тоа да се тргнете само затоа што ви рекле дека треба.
Не оди тоа така.
Можеби можете извесно време да се залажувате, но не можете од тоа да побегнете.
Кога имаш личност, своја личност која прави неизмерна разлика во твојот живот и потоа ја изгубиш, тоа нешто те крши.
Дури и ако се случувало постепено и сите го очекувале, ти и понатаму не си подготвена за крај.
Твоите чувства почнуваат да затупуваат.
Се менува начинот на кој гледаш на нештата.
Се околу тебе ти ги боде градите.
Тоа не е слабост.
Болката која ја чувствуваш бидејќи личноста која си ја сакала не е покрај тебе, тоа не е слабост.
Плачеш кога ќе наидеш на стари фотографии, а сеќавањата те удираат како силен бран во лицето, тоа не е слабост.
Никој не знае колку време сето тоа ќе трае.
Може да пристигнува во бранови.
Може да те погоди години подоцна кога не очекуваш.
Тоа е потсетник дека некого си го сакала, и сеуште сакам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Ќе биде подобро.
Потребно е време за да се излечат раните.
Не.
Времето како сол на ранава, поголема е болката со секој изминат ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden