Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Некој ме праша дали те имам заборавено.
Од време на време го имам тоа чувство на стегање во грлово и знам дека си ти.
Живеам во некоја мината љубов.
Заглавена.
Го барам излезот.
Без успех.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden and melpomena

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Иако одамна раскинавме, се осеќам како денеска официјално да раскинавме, затоа што денес официјално ставив крај, лично самата со себе се помирив со тоа, а тоа беше најважното нешто што требаше да го направам уште одамна, самата да го прифатам тоа и да се помирам со тоа.

Најголемата наша грешка беше што никогаш не повлековме цврста линија, и никогаш не ставивме точка, туку секогаш стававме запирки.
Грешка ми беше што ја прифатив твојата филозофија и твоето гледање на работите, и грешка беше што одамна раскинавме, а продолживме да се однесуваме еден кон друг исто како сеуште да сме во врска, како да бевме сеуште зависни еден од друг.
Неможам да продолжам да се гледам со бивш лабаво и без обврски (friends with benefits), за во меѓувремено да не сме сами, додека да си најдеме некои наредни добри прилики кои што ќе имаат материјал за врска - тоа беше твојата филозофија.
Не, не сме исти на тоа поле, така јас не функционирам. Морам да ставам точка, за да можам да продолжам понатаму, морав да го прекинам овој наш однос.
Можеби ти можеш така да функционираш, можеби и така ти одговараше, не бевме заедно, а уствари цело време бевме заедно, не бевме во врска, а се понашавме исто како да сме во врска ... можеби таа твоја филозофија откако раскинавме да се гледаме без обврски додека си најдеме нови прилики, што јас ја прифатив, беше само твој изговор за да не ме пуштиш да си заминам.

Но разбери дека морам да си заминам, затоа што не функционирам јас како што функционираш ти, и овој пат сум цврсто решена во тоа како никогаш досега, затоа што ти ми беше единствена кочница да продолжам понатаму.

Затоа и бев ладнокрвна кон секој останат, и ништо со никој не ми успеа откако раскинавме ... затоа што не бев ладнокрвна кон тебе, иако и тебе ти велев дека сум ладнокрвна и кон тебе, и дека ми е сеедно - тоа не беше точно, тоа беше само моја маска, те сакав и сеуште те сакам на некој начин (првпат го пишувам „магичниов збор“ на форум) ... ете затоа кон секој можам да бидам ладнокрвна освен кон тебе.

Ете токму од оваа причина ставив крај, затоа што ти ми беше кочница, морам прво да ги изгубам сите мои емоции кон тебе, и да станам ладнокрвна и кон тебе, за да можам да продолжам понатаму и да се концентрирам на нови прилики, затоа што ако продолжевме да функционираме на начинот на кој што досега функциониравме, немаше никогаш да е крај.

И многу ми е мило што конечно се' што ми тежеше и што сакав да ти кажам (истово што веќе го напишав погоре), ти го кажав денес лично, и си направивме прекрасен муабет.
Чест и привилегија е во денешно време да се има бивш како што си ти ;) ... мада бивш и не е баш најсоодветен збор, ти ми беше и дечко, и бивш, и љубовник, и другар пред се' ... со еден збор, ми беше се' ... навистина чудна комбинација :)

А сега, ми останува уште да ти посакам среќа и да си најдеш што поскоро некоја нова девојка, и да си бидеш среќен со неа, тоа искрено ти го посакувам.

Збогум со нашата песна буб ... Through Oblivion ;)

 

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Еден ден ќе се сретнеме повторно.
Јас ќе ти одговорам со поглед,
ти ќе ми возвратиш со насмевка.
Се` ќе биде исто, освен тоа што
овојпат ништо нема да започне
одново на тој начин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden and Lady*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Така лесно продираш во мене,
како да си од два бога создадена,
за да ја разберам осаменоста и недореченоста,
која твоето срце сака да ја проговори.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Толку си блиску, а сепак далеку.
Страв ми е да не те изгубам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and antonio

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Треба да бидеш човек.
Можеби тоа за тебе не значеше ништо.
Мене ми беше и сеуште е пекол.
Ќе ги плачеш и ти моите солзи..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Makedonec

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Поубав ми е животот со тебе, авантуристу мој најубав. Знаеш да измамиш насмевка на моето лице дури и кога ти се лутам, почнав и многу да те мислам и ми недостигаш.. да можам цела вечност ќе ја поминам гледајќи те во очи, зошто секое трепкање е како да ме потопува бран и јас тонам уште повеќе. Ти праќам еден сочен бакнеж и те прегрнувам најсилно за добра ноќ. Позз будалата твоја :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Доволно е само силно половината да ми ја стегнеш со рацете и да ме бакнеш на истото место на вратот, да ми се насмевнеш .. Тоа ми е доволно да сфатам дека барем еден човек ме сака искрено, дека не е дволичен и дека сум причина за насмевка, среќа а некогаш и тага.. Фала мал
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕвездичка

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Она што најмногу ми недостасува е начинот на кој ме сакаше, но она што не го знаев беше тоа што твоето сакање беше многу поврзано со личноста која бев. Тоа беше рефлексија на сѐ што ти дадов кога ми се врати.
Како не го забележав тоа?
Како?
Како седев тука со идејата дека никој нема да ме сака на тој начин?
Кога јас те научив и ти покажав како да исполнуваш.
Како мене да ме исполниш.
Колку сурово се однесував со себе.
Давајќи ти признание за мојата топлина само затоа што ја почувствува.
Мислејќи дека ти ми ја даваш силата. Паметот. Убавината.
Само затоа што ти одби да го тргнеш погледот.
Како јас да ги немав овие работи пред да те запознам тебе.
Како јас да не продолжив да ги имам овие работи кога ти замина.
 
Последна промена: