Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Големиот портрет

Несреќни очи и убава насмевка,
во таа изгубена девојка која го бара спокојот,
тој еден кој секогаш и недостига,
со солзите негови ја допира земјата на која чекорам,
ги знам зборовите кои сака да ги слушне,
ги шепотам,
да одвесла преку сите води,
таму некаде далеку да ја најде нашата тишина,
поразлична од мојата и нејзината,
во витражот од дождови и едно сонце,
да го погледне големиот портрет на нејзиното лице,
налик на моето,
тоа преубаво лице што добро и стои за да зајде и го заборави,
лесно се вљубувам во него,
секој пат кога му недостигам во неговото огледало,
за да го потсетам на вечноста која ја презира.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Два часот по полноќ и некоја минута

Стоиме еден спроти друг,
на различни перони,
во овој живот,
можеби затоа ги мразам возовите,
не носат во различни насоки,
подалеку од нас,
која си и кој сум,
север и југ,
што имаме јас и ти,
истиот багаж на попатна станица,
на која разменуваме една врска,
нацртана со линија посилна од контраст,
испредена од очите,
два хоризонта еден спроти друг,
што можат само да се гледаат,
да се прашуваат за ненаправеното,
а толку улици неизгазени и спомени неоживеани,
додека спиеш,
ги видов сказалките преклопени,
два часот по полноќ и некоја минута,
во тоа време чиниш едно сме,
будна си во мене,
но дали сум јас во твојот сон и што е тоа што ме тишти,
не ми дава спокој во самотијава,
која ми ја кршиш со твоето постоење,
ме мамиш во твоето царство,
лутам со мисливе чисти,
искапени со целителниот балсам на пролетта,
те замислувам во твојата постела,
ти ја мирисам косата,
ти ја галам кожата нежно со прстиве без да те допрам,
ти ги слушам воздишките,
дишам со тебе,
ја осветлувам твојата божествена аура,
со украдени свеќи кои не растопуваат безобразно,
така сум опиен од тебе,
прекрасна си во сите пори на оваа ноќ,
во неа отвори ги прозорците и води љубов со мене,
како да е последна таква родена,
во неа протекувај и не вели ништо,
не вели,
ти добро знаеш зошто.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Жигот на замисленоста

Жигот на замисленоста го созаде ти,
на дното од нашиот очај во кој се пронајдовме,
таму во тој негов лик ќе го видиш моето лице без маски,
да те потсети на тебе,
на сиот тој копнеж кој го сонуваш без да знаеш,
во него ќе видиш бакнеж од небото кој те прогонува,
како облак да те допре,
да донесе време кое чезнее за невреме,
ќе видиш дете со искрени очи и златна коса,
ќе видиш девојче со очи на ноќта и стихови од ѕвезди,
ќе слушнеш нечујни солзи,
кои живеат на твоите образи и умираат на моите меки прсти,
да би ја обоиле твојата насмевка во бол,
кој ти дава сила да го сопреш срцето мое кое ти припаѓа од раѓање,
да продолжи да отчукува таму каде не се сретнавме,
каде лисјата есенски оживеаа и ја претворија земјата во пролет шарена,
во рај кој ветува поубава иднина,
но не за тебе,
не за мене.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Една строфа

Стареам и не чезнеам за младоста,
но сум пијан често врз таа кладрма од стихови,
отклучувам и заклучувам по некоја порта од зенициве,
поради други,
за да ја обојам својата фреска и не заборавам на себе,
тоа се само години и бледи и живи,
доаѓам и заминувам,
од нивната минатост и сегашност,
за да ја однесе ветерот иднината,
во една стофа која рефрен нема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and misterija

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ноќва не успевам да ја пронајдам месечината меѓу облаците,
ниту пролетта во дождот априлски,
не гледам минато во иднината,
само два света во една сегашност,
во нив роза, половина веќе овената,
од чиј корен земјата се одронила,
само утринската роса надеж налева,
која ноќта со својата темнина ја покосува,
и ме остава со перница полна соништа,
а дланки празни далеку од твоите,
по кои копнеам во звукот на тишината,
потребни да го разнесат низ ветрот со ноти волшебни,
од твоите прсти отсвирени,
што така нежно срцето ми го милуваат,
и полнат со вистини и љубов чиста,
која во очите ми ја гледаш секој пат,
а тие понекогаш колку љубов, толку болка кријат,
која со твоите сонца ја претвораш во пепел,
разнесен низ патеките на минатото,
но ноќва ветрот ми го враќа назад,
го впивам како никотинот од цигарата,
воздишките се потешки од смртта мислам,
гласни за тишината во својата самотија да не ме проголта,
и толку си ми потребен и неуморно те барам
но ти веќе одамна луташ некаде во ѕвездените соништа,
таму создаваш некој нов свет, за нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Prashina

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
По вчерашниот дожд од немир,
останаа измиени копнежи среде капливите мисли,
и одкако заврши бурата од солзи,
го испратив облакот со наврнатите спомени,
сега измиена од минатото,
повторно на себе почувствував,
топлина од новиот зрак на изгрејсонцето,
кој длабоко извира,
од патоказот кон вечноста,
таму меѓу ридовите,
од каде што утрото мракот го поробува,
таму меѓу ридовите,
од каде што мојата надеж,
секојдневно се раѓа и умира.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and misterija

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Неовенати погледнати

Таверната стоеше на старата адреса,
декорирана од дождот токсичен,
мораше да е априлен,
таков беше запишан заљубен,
до збор од цвеќиња,
оние кои цветаат во ноќта,
во новото вино,
мазно како џезот мек во полни чаши,
од стариот добар контрабас,
јас и ти,
негативи во едно небо,
никој не недостигаше,
како и секогаш,
години подоцна ништо не е исто,
само сме презреани во мислите и лицата,
неовенати погледнати,
низ насмевка,
зборуваше за љубовта невозвратена,
каква што ја сакаше ти,
и оној прв бакнеж,
нектарот од минатото,
од кој крвта морничави и шепоти,
не ги ни следев тоите зборови,
помислив,
но не изустив,
за да се сретнеме повторно недоречени,
какви што сакав јас,
во овие стари животи.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Xenia and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Овие модри денови,
каде бегаат,
во уште една априлска балада,
кому таа значи,
кога лицето ти е насмеано,
во поема,
кому таа значи,
кога си лош љубовник,
во време,
кому тоа значи,
кога живееш во минатото,
после се,
дишеш на свој начин,
откако ќе изгубиш дел од себе,
кому тоа значи,
кога баладата во поемата,
е напишана во невреме без тебе,
да истече од небото со новиот дожд,
и падне во заборавот,
на тоа срце од пламен,
кој не знае да згасне.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Доаѓаш повторно и влегуваш
од прагот на заборавот
едноставно, како никогаш
да не си заминал.
Ме погледнуваш потајно,
со заводлив сјај во очите,
и ја растреперуваш страста,
во постелата на спомените.
Немој. Не буди ја.
Остави ја да сонува.
Таму, во меката постела
од бледи а сеуште врели спомени.
Остави ја да одпатува до заборавот,
ослободувајќи место,
за друг поглед, друг сјај,
кој ќе остави емоции,
способни да ја излечат болката,
со нова љубов и нова страст.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Твори љубов,
љубов,
твори сега и во иднината на нашето минато,
не ми треба твоето тело,
врзано за моето со страст,
тогаш нема да има вистина,
ниту во мене ниту во тебе,
запомни во ноќва една,
кога ќе чекориш на оваа планета сама,
незнајна ти,
не заборави дека сум со тебе,
незнаен јас,
и ти ги подарив најубавите крилја,
со пролетното небо обоени,
а есента нека почека,
во неа ќе ти ги подарам,
најубавите солзи,
на лисјата нејзини,
заборавени.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Xenia