Оскари 2016

Дали Лео ќе си оди дома со оскар?


  • Вкупно гласале
    14
  • Poll closed .

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
На момент си помислив дека „Лили“ му е сериозна закана, ама ништо. Слаба, површна и протрчана обработка на таков комплексен лик. Штета.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Брајан Кренстон ме бендиса, одлична трансформација, од стас до глас, далеку повпечатлив од Лили. Филмчето, онака, интересно, солидно обработена биографија и сериозна тема, без пренатрупани ниту досадни моменти, сосема доволно опширна за да ја опфати целата прикаска.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Леле колку ќе ви се смеам кога нема да освои ни Ди Каприо ни Revenant, цел месец ќе ве реметам. Ќе мора да ме банираат за да престанам. :)
Лео лапа статуетка оваа година, запиши си таму во тетратката.

За Ревенант не знам, веројатно ќе лапне за кинематографија, можеби нема да земе за најдобар филм. Во Академијата се ложат на филмови како Спотлајт па ништо нема да ме изненади.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Лео лапа статуетка оваа година, запиши си таму во тетратката.

За Ревенант не знам, веројатно ќе лапне за кинематографија, можеби нема да земе за најдобар филм. Во Академијата се ложат на филмови како Спотлајт па ништо нема да ме изненади.
Баш ќе видиш дека ќе си плаче пак. :)
Иначе Спотлајт нели е подобар од Ревенант?
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Не е според мене. Но во секој случај многу различни филмови, тешко е да се направи било каква споредба. Би рекол дека Ревенант е поамбициозен филм кој претендира да биде посебно парче уметност и како таков да биде запаметен подолго време. Спотлајт е многу добро скоцкана драма со одлично темпо, но сепак е само обична драма и ништо повеќе од тоа. Филм кој нема да биде прегледуван повторно и ќе падне во заборав многу брзо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harvie

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Леонардо има еден проблем кој стално му го ремети трудот - неговото лице. Премногу е нежно, младолико, убаво. Човекот има 40 и кусур години а изгледа како тукушто да наполнил 20. Талентот му е неоспорен, ама му фали дрска шармантност и животно искуство врежано на лицето. Тој е еден од оние глумци кои и кога го даваат најдоброто од себе и се трудат дури и натчовечки, не можат да избегаат од сопствената сенка. Го гледаш дека е навлезен во ликот, го разбира, се соживува итн, ама не те носи во состојба во која забораваш дека е тоа тој и дека глуми некој лик. А не би требало да се чувствува маката и трудот, напротив, би требало да изгледа сосема природно и слеано, да е убедливо, да те натера да веруваш дека е така и никако поинаку.
Ако земе оскар, а веројатно ќе го земе, ќе биде прво затоа шо му должат, второ заради маката и некаде трето затоа што го заслужува. Но како што често се мешаат и таму работите, нема да биде чудно, иако би било апсолутно незаслужено, оти изведбата му беше тотално лигава, вештачка и млака, да го земе оскарот по втор пат Еди. Не за друго, ами темата на филмот и сторијата на ликот е моментално жешка и актуелна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and MissChievous

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Значи не дека заслужува туку му должат. Па и на Нортон му должат, па никому ништо.
Точно. И на куп други и глумци и режисери должат, па никому ништо. Тоа само зборува дека во позадина многу често се вртат други политики. Ама годинава нема некој кој се одвојува од останатите номинирани глумци онака драматично. Мене лично Трамбо ми е фаворит, но и покрај одличната изведба, не верувам дека е доволно силен да ги засени долгот кон Лео нити актуелноста на Лили. Иако... сѐ е можно.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не би рекла дека му должат, тоа би дошло како во некои изминати оскари да му рекле сега ќе ти го дадеме па го извисиле па му го должат овој. Повеќе би рекла дека си го заслужил. Не знам како повеќе да се издвои номиниран лик, не знам стварно што се бара од ликот за да заслужи оскар онака без долгови или други приказни. После онаа улога на Лео да речеш дека не заслужил, не се издвојува од другите (и тоа баш оваа година кога вистина нема конкуренција) и ако земе оскар тоа ќе биде зошто му го должеле, тогаш следната година нека се самоубие на крај на филм и нека бидат задоволени сечии стандарди за заслужен лик кој добил оскар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Не би рекла дека му должат, тоа би дошло како во некои изминати оскари да му рекле сега ќе ти го дадеме па го извисиле па му го должат овој. Повеќе би рекла дека си го заслужил. Не знам како повеќе да се издвои номиниран лик, не знам стварно што се бара од ликот за да заслужи оскар онака без долгови или други приказни. После онаа улога на Лео да речеш дека не заслужил, не се издвојува од другите (и тоа баш оваа година кога вистина нема конкуренција) и ако земе оскар тоа ќе биде зошто му го должеле, тогаш следната година нека се самоубие на крај на филм и нека бидат задоволени сечии стандарди за заслужен лик кој добил оскар.
Не само шо му должат оскар, него му должат и многу повеќе номинации. А оскарот си го заслужи уште за Арни Грејп. За Basketball Diaries не беше ниту номиниран, а таму е феноменален. итн. Хју Глас не е најдоброто од него. Можеби е најмачното искуство кое го минал при снимање на некој филм, ама дека е тоа негова најдобра изведба, не е. Не ретко академијата давала оскар за „минат труд“ , особено кога е послаба конкуренција. Исто така, не е ретко и да остане должна до крај.
Шо треба за да се издвои номиниран лик? Не знам, треба нешто кое го имал Џефри Раш во Шајн, или Даниел Деј Луис и во Линколн и во претходните, да не зборам за Кристијан Бејл, од Империја на сонцето до денес, во секој лик кој го играл.... Ги има и други се разбира, да не ги редам сите.
Годинава таква златна можност да се издвои и да остане длабоко запамтен, имаше Еди Редмејн, ама не ја искористи. Кога сме кај него, лани му останаа дебело должни на Мајкл Китон.