Ваша поезија

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хеј

Кога животот молчи на сите твои молитви,
кога ти должи еден одговор,
на сите прашања ти одговара со не,
знај ќе помине.
Кога смислата е само поим,
и се влече до бескрајност,
ако нешто сигурно помага
е време.
Ќе помине.
Хеј,
немој да бидеш суров со себе,
во ред е да паднеш,
и ако се се скрши..
Ти продолжи.
Кога стравот ќе те дотера до рабовите на крајот,
а ти немаш сили да се држиш,
не знаеш како понатака,
тогаш остани.. Ќе помине.
И кога деновите сличат еден на друг,
и оганот во монотонијата се гаси,
кога да љубиш значи да се бориш,
остани,
ќе помине.
Хеј
немој да бидеш строг со себе,
кога ништо нема да те држи,
не помислувај на срчи да стоиш,
само оди..Оди понатака.
Ќе помине.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Ти погледнав во очи-ги видов сите мориња и шуми,
те допрев за миг-цела вечност сетив,
ти наслонив глава-сите стравови ги симнав,
те гушнав ко себе си да се изнагушкав,
и мир длабок на душа ми дари.
Ти благодарам.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Од каде ли се појави светлино моја,
толку совршен во својата несовршеност,
колку ли само сонца во тебе греат,
што го стопија сиот мраз во срцево,
кој се изли капка по капка од очиве мои,
во кои само небиднина постоеше,
и остана голема празнина,
која ти полека ја пополнуваше,
со радости и нежности,
блискости плетеше со твоите зборови,
без кои не го сакам веќе денот,
ниту ноќта без твоето присуство,
а баш таа ми те донесе,
кога со црно сонце бев во градиве,
и си играв непрекинато со боите на мелахолијата,
која ти ја препозна,
со својот допир и го смени обликот,
и сонцето го згасна,
будејќи ново,
за мене непознато,
во кое одново се родив,
и погледнав со очи поинакви,
во нив овојпат мапа на бескрајот,
ама бескрај од среќа,
од твоите длабочини создадена,
во кои некогаш одѕвонуваа чекори мермерни и ладни,
ги скршив и јас нив
заедно со кристалната чаша вино,
таа последна полупразна во ноќта,
како што полумесечината сјаеше на небото,
во ноќта кога темнината ни ги спои рацете,
заедно да го допреме униврзумот,
во сета своја големина,
осознавајќи во него нови светови,
во кои чекориме опиени од звуците на среќата,
и една до друга воздишка сме,
сокриени во бессоницата на ноќите,
каде утрата ги заспиваме со насмевки,
тонејќи гушнати во бескрајни сонови,
а ние самите бескрај во нив,
и без нив,
се будиме со растеперени мисли,
со жедни усни и копнежливи погледи,
во еден безвременски простор,
во кој свежината на крвта толку силно се чувствува,
обоена од љубовта наша во неа,
безусловно ја сакам.
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Пак ми го рануваш срцето темнино,
по кој знае кој пат крвта му ја пиеш,
не му даваш да зацели,
те молам остави го,
кревко е зарем не гледаш,
одмини го,
уморно е од толку судбини
за еден живот човечки,
колку уште ќе поднесе,
не собира повеќе во него,
барем не го празни
кога повторно му налеваш од тагата,
остави го да се удави во осаменоста
на твојата тишина,
не му покажувај нови непознати за него светови,
кога набргу ги затвараш со железни капии,
немој,
не е достојно во нив да зачекори,
не буди го,
кога после уште помртво го оставаш,
удави ги сите негови звезди во морето,
остани нема на неговите молитви,
и не му давај веќе надеж,
со врели шаканици врати го во реалноста,
да се слее во него болката и лудилото,
во ноќва кога ниту умеам да се искажам,
ниту имам солзи да се исплачам,
само се исповедувам со мисли на тишината,
таа една која никогаш не ме напушта,
која мене секогаш ми припаѓа.
 
Последна промена:

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Недостигаш ноќва,
насмевка со збор да ми нацрташ,
срцево со твојот допир да го помилуваш,
сиот копнеж и немир што во него бранува да го стишиш,
доволен е само еден твој поглед,
во него недоглед од сите наши светови,
што сонот секоја ноќ на своите дланки ни ги нуди,
а ние и со отворени очи заспиваме во нив,
додека тој не претвора во бескрај од радости,
нанижани во малку необичен венец,
испреплетен со шаренило од емоции,
кои ги криеме вешто во нашите воздишки,
а тие од ден на ден се потешки и потешки,
телата наши им се претесни,
износени низ годините,
на кои времето оставило жиг врз нив,
кој бледнее под допирот на новите спомени,
а сликата наша е се појасна,
со темпера е љубовта на неа насликана,
во тоа парче платно една вечност од нас,
со црвена рамка добро порабено,
од иднината негибнато.
 
Последна промена:

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Изчезнатите



Каде се сите поети
што ги зема, каде изчезнаа...
во кои длабочини потона нивното срце од доблест,
нивната страст распламтена,
нивната душа пред вас разголена.

Хармонијата повеке не постои
во светот на спокојот и страста...
украдена со немирот на белата хартија,
згужвана во битките,
кога лугето не те прифаќаат таков.

Кога љубовта е само камуфлажа
во светот што го одсликува гневот...
и војни кои што се водат со единици и нули,
насмевката е загубена,
камен фрлен зборови им растури.

Каде се сите поети
ако ги љубите ослободете ги...
не заслужуваат да ве имаат во очите
со нивните усни да ве споменат,
а некогаш без вас неможеа.

Заборавете ги изчезнатите, во други светови постојат.
 
Последна промена:

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Aвантура во непознатото

Мислиш дека знаеш,
дека мислите пристигнуваат и си одат
Но што всушност знаеш,
кога ништо не ти е јасно до крај.

Деновите минуваат...исто така и лагите.

Непознати пријатели,
со задскриени непознати ликови
Непознати патишта,
испреплетени кон непозната дестинација.

Неделите минуваат...исто така и шармот.

Поговорката вели,
кога ноќта за ден ја менуваш
и неможеш да заспиеш,
заробен си во во нечив туѓ сон.

Месеците минуваат...исто така и страста.

Непознатото е конфор,
во мислите каде што посакуваме
за се што е лошо,
и добро можеби да пристигне.

Годините минуваат...љубовта умира.
(кога 1000 солзи ке исплачеш)
 
Последна промена:

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Страшна опсесија

Последен дим,
последна горка голтка,
страшна ноќ осамена..
Очи затварам и пак те гледам,
Долета силно да ме гушнеш,
страсно да ме бакнеш..
Слушам глас, некаков чуден глас слушам..
И чувствувам топлина на мојот врат!!
Чувствувам оган, жар, страст!!
Кожа ми се ежи!!
Ме вознемирва!!
Се потам!!
Се тресам!!
Не можам да издржам!!
*и се будам.... сепак, те видов само на сон..
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Дејви

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Дожд


Облак над тебе, носам дожд

дожд, за жедното цвеке мое

дожд...од, потоците, од океаните...

јас носам тивка сенка, за листовите нежни твои

кога ке сонат, пладневен сон.



Од моите крилја разлетани, свеж ветер

сладок мирис на лаванда и лимоново дрво

и утрински роси, растворени на тебе, најнежна розо

минувајки заедно низ грмотевиците со смеја.



И во ноките, твојата перница бела

додека полека заспиваш во рацете мои, кон првиот блесок.



Пурпурно, изгрејсонце...

со неговите очи од метеори,

заробено од боите на виножитото над тебе...

и звук, кој само ангелите го слушаат.



Облак над тебе,

носи дожд, дожд за жедното цвеке

дожд од потоците, од глечерите од океаните...

тивка сенка, носам

изгејсонце, зајдисонце...

...само за тебе.


Пс, Се надевам дека Бобан нема да ми замери што ја вметнав неговата нумера во постов(која што е навистина прекрасна) и за потполно доживување на амбиентот пуштете ги и двата спота симултантно.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and ●Untouchable°

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Лавицата


Во тивките ноки, таа лебди...
нанапред движејки се секогаш, брза, високо
каде што оди најхрабро
да го пронајде сонот, што и носи мир.

Во сонот нејзин таа талка, барајки...
замислувајки си желба со поглед кон ѕвездите, угоре
дали засекогаш осамена ке биде
или среката, конечно ке ја пронајде.

Низ сребрените месечеви зраци
утеха бара, засолниште во нечиви раце
ангелски крилја ја носат
дали ноќва...ке биде таа ноќ.

Лавицата што лови
се врака во домот низ вратата отворена и легнува на ладниот кревет
на усните траги од крв,
во срцето дождови повторно леат.

На снагата недопрена
само уште една лузна
а од гонета жештина душата е жедна
и див, сензуален глад...никому неспоменат.


Во нејзините сништа, таа цврто го држи
и само тогаш е прекрасно се
безброј пати, таа посака да не се разбуди
на јаве сонот изчезнува, повторно, ноќ за ноќ...ден по ден.


Сама, таа седи и го слуша...
звукот на тишината кој понекогаш е прегласен
како и пее тажно за изгубената страст
и дел харфи, и виолини од мелодијата толку позната

за...

... дамата со празни раце, и скршени сништа.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°