Имаш двајца познаници. Едниот познаник те има многу навредено и понижено пред блиски луѓе, но знаеш со висок степен на извесност дека не направил штета на други луѓе (освен личната навреда кон тебе која ти предизвикала емотивно страдање!). Другиот познаник секогаш бил фин и дарежлив со тебе лично, но за него знаеш со висок степен на извесност дека е корумпиран и вклучен во голем криминал, односно направил штета на повеќе луѓе (ако не и на целото општество!). Кој од овие двајца го сметаш за поголем штетник и зошто?