Како ја намалувате болката во мускулите по тренинг?

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Обично после долга пауза при повторно одење на аеробик,првиот ден добивам воспаление на мускулите,но затоа со продолжување на редовни тренинзи,воспалението поминува и немам веке болки.Не употребувам никакви хемии,само ако најдам некоја жртва да ме измасира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Никако. Облекуваш шорцеви и пак на тренинг! ТРПИ и храни го телото со прости јагленхидрати и протеини! :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Играм 15 г фудбал ,значи кога ги оптоварувате мускулите на целото тело после напорна утакмица или трчање некое ,тенис,итн, една од најдобрите опции е после бањање мускулите претежно на нозете да ги држите под млака вода па по извесно време да биде ладна ,така едно 10 мин, потоа ако некој има добра волја убаво да ве измасира и одма ке се осекате подобро ! :)
Нај важното што треба наредниот ден да го направите е : да отидете само да се истрчате убаво ,али само да се истрчате без топка без ништо ,убаво да се истегнете ,така и правите РЕИНКАРНАЦИЈА на мускулатурата која веке има киселини во неа од предходниот ден ,така што со тоа вие истите ги губите со масажата и повторно трчање и истегнување ,зависи кој со колкав интензитет ! убав ден
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: scarstone

scarstone

Староседелец
15 април 2013
22
25
603
Искрено мене ми помага тоа што сум (што повеќе можам, нормално) активна во наредните денови. Да земам да легнам да одморам и наредниот ден пак да фатам исто темпо, само може да ми ја засили болката. Првпат откако паметам, имав страшно воспаление на мускули во основно после физичко. И јас таква целата исплашена одам кај мајка ми и таа ми вика „Не се секирај, тоа е добар знак“, а јас и ден денес сум таква, имам ненормална доверба во зборовите на мајка ми (wasntme) и оттогаш па до денес, никако посебно не ја третирам ваквата болка. Сè е до психолошкиот момент.
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Порано ставав гелови, ова она. После сфатив дека вака е подобро. Денес сум вежмала многу и мускулите ми се воспалени. Следниот ден исто уште толку, и ќе помине