Риби

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Рибите се управувани од две планети – Јупитер и Нептун. Во римската митологија Јупитер е цар на боговите, а Нептун - владетел на морињата. Јупитер исто така управува со стрелец, но додека рибите ја претставуваат женската страна, стрелецот ја претставува машката. Нептун е претставник на сè што е мистично, на соништата, заблудите, фантазијата.
Родените во овој знак се идеалисти и во повеќето случаи нивните желби се нејасни. Симболот на овој знак се две риби, кои пливаат во различна насока. Едната риба ја симболизира реалноста, а другата мечтите. Ако вашиот знак е риби, вие имате силно развиена интуиција и секогаш знаете што се случува околу вас. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да избега од реалноста.
Вие сте многу креативни, а вашата фантазија е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста. Љубител сте на танцувањето, филмовите, поезијата и музиката. Секој претставник на овој знак треба да има дневник покрај својот кревет, затоа што најдобрите идеи кај рибите идат додека тие спијат.
Никогаш не сте агресивни, лесно наоѓате лидер кој што ќе ве води и сте задоволни кога судбината ве води, независно дали во познат или во непознат правец.
Риби е знак спротивен на девица, знакот на здравјето. Додека девиците се интересираат за конретните аспекти од животот, рибите се сврзуваат со потсвеста, со емоционалниот и менталниот живот. Претставниците и на двата знаци се посветуваат премногу на другите, но рибите понекогаш премногу влегуваат во улогата на жртви.
Елементот на рибите е водата и како воден знак вие сте многу емоционални и одговарате на предизвиците преку чувствата, а не преку физички, практични и интелектуални дејствија. Во љубовните односи сте нежни, верни и романтични, но само додека партнерот чува во себе си некаква таинственост. Кога таинственоста исчезне веднаш се разочарувате и тргнувате во потрага по нов партнер - идеалниот.
Поради фактот што рибите се последниот знак во хороскопот, вие имате можност да учите од првите единаесет знаци. Родени сте за да му помогнете на човештвото да ги достигне највисоките нивоа на духовност. Иако понекогаш се чувствувате беспомошни, вие сте многу посилни отколку што можете да си претставите. Најдобриот начин за да ја почувствувате вашата сила е да им помогнете на луѓето, кои имаат потреба од помош.
Луѓето околу вас имаат многу големо влијание на вас и многу лесно можат да направат да се чувствувате виновни. Поради тоа треба да стоите настрана од „пријатели“, кои ве искористуваат или прават да се сомневате во самите себе. Оставете ги околу вас само оние ваши пријатели, кои имаат добро срце!
Симболизира:
Океани, промени, гостопримство, пороци, зависност, болници, затвори, филантропија, добротворни организации, заштита на животните, предавство, тајни науки, шпионажа, бегство од обврски, самоубиства.

Елемент:
Вода

Планета:
Јупитер и Нептун – планетата на фантазијата и соништата.

Ден од седмицата:
Четврток

Боја:
Морско сина

Број:
2

Скапоцени камења:
Сафир

Најдобри професии:
Поети, пророци, лекари, писатели, илузионисти, балерини, актери, фотографи, рибари, хипнотизери, монаси, свештеници, медицински сестри, уметници.

За да се спријателите со нив:
Учествувајте во дејностите кои ги извршуваат и помагајте им кога имаат проблеми.

Дел од телото:
Стапало

Добри карактеристики:
Романтични, интуитивни, мистични, услужливи, мудри, спокојни, креативни, ведри, скромни, љубезни, мечтатели, прекрасни партнери, многу романтични, нежни, чувствителни.

Лоши карактеристики:
Наивни, самосожалувачки и самоуништувачки настроени, надвор од реалноста, расеани, песимисти, неуверени, неорганизирани, нерешителни, порочни, зависни, лицемери, предавници, страшливци.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Слатка насмевка, ненадејни движења.

Омилени работи:
Танцување, романтични средби, смеење и плачење, прошетки на плажа, долги поетски писма.

Работи кои ги мразат:
Реалноста, фрлањето на новогодишната елка, дневна светлина, лош дизајн и гласна музика.

Можете да ги најдете:
Како им помагаат на стари лица, како мечтаат во ноќните клубови, како се држат за раце под масата во романтичен ресторан.

Скриена желба:
Да најдат безусловна љубов!

Какво мислење имате за овој знак ?​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, end. and Sugar

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Риби, најмилиот ми знак. Спој од навидум незамисливи спротивности.
Бунтовни, а нежни.
Реални, а сонувачи.
Лесно се спријателуваат, но тешко дозволуваат некој навистина да им се доближи.
Возрасни, а толку детинести.
Груби, а невидено чувствителни.
Практични, а романтични.
Имаат изразена смисла за хумор и сакаат луѓе кои успеваат да ги насмеат.
Заштитници со огромна потреба да бидат заштитувани.
Првиот пристап речиси секогаш им е премногу самоуверен, па дури и дрзок. И токму затоа често предизвикуваат одбивност кај другите, па дури биваат окарактеризирани како егоисти, нарциси, самобендисани, нечувствителни, арогантни. Што воопшто не е точно :)
Имаат огромна потреба да сакаат и да бидат сакани.
Неретко ја покажуваат својата темна страна, испитувајќи го трпението, односно силата на чувствата кај блиските. Но, не го прават тоа намерно.
Не повредуваат намерно. Но се бранат.
Прекрасни личности, вистински пријатели.
Кога сакаат, сакаат со цело срце. А срцата им се големи.
Лесно е човек да ги сака. Само треба да ги прифати токму такви какви што се, без да се обидува да ги промени.
 

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Кај мене се е дуплирано оти сум дупла„ риба„ црно и бело...сепак сме како Јин и Јан
2dwi987.jpg
 

martin4etoooo

Нов член
12 април 2012
21
17
3
28
Бидејќи јас сум риби можам со сигурност да кажам дека се е точно(happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Хахахаха риби, нека не ве залажува нивната емотивност.
Премногу подмолни и молчи толчи луѓе. Ако знаат нешто ќе чекаат вистински момент да ви го плеснат тоа во лице. Ако можат нема ни да зборуваат. Флегматични, додека направат нешто цела вечност ќе помине, а кога им зборуваш никој не знам дали воопшто те слушаат. Како да се изгубени во свемирот од цело тоа фантазирање. Глумат чувствителни.
Позитивно е што не се откажуваат од своите цели и што се посветени на тоа што го работат.
 

Ranta

Истакнат Член
22 октомври 2015
73
27
118
Вистински партнери за риби се: Бик, Рак, Скорпија, Јарец
Измешани чувства(лоша врска): Девица, Риби
Привлечност и само привлечност: Стрелец, Близнаци
Не се совпаѓа со: Овен, Близнаци, Лав, Вага, Водолија