Тенис

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
После победата над Долгополов се знаеше дека Новак освојува. Тоа му беше најтешкиот противник на цел турнир, уште жалам за таа брејк топка што не ја искористи Долгополов, да го однесеше во тајбрејк вториот сет, ќе победеше. Човекот имаше над 20 винери и страшен форхенд. Ама кога видов дека Новак се избори за трет сет, знаев дека ќе победи. Премногу му беа три сета на Долгиов, а како само играше во првиот и вториот сет, штета стварно.

После тоа веќе знаев дека нема кој да го победи Новак. Ферер? Иснер? Смешки се и двајцата. Иснер со таа висина требаше цело време на мрежа да му излегува а не да го остава да му ги враќа, не може да ги стигне Иснер тие дијагонали, немаше шанси никакви иако имаше добар број на асови.

А Мареј, грда фаца баш ми е мило што изгуби, ама и ова се знаеше. Дури јас мислев дека два сета ќе има, ама затоа третиот 6:0.

Се чека следниот турнир. :)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Сум заборавил на темава. Вториот мој омилен турнир е при крај, утре се полуфалните парови.
Изненадување беше само Андерсон кој го победи Мареј, другиве очекувано.
Вчера Федерер доминираше, само 7 гема изгуби, како игра човекот како 20 години да има.
Женски тенис не гледам, ме боли глава од викањето.
 
Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153

Мене ме изненади Вавринка дека со 3:0 во сетови го победи Андерсон?
Многу надможен излезе во овој дуел.
Растура Федерер, растура! (muscle):igra
Викаа стар бил,му прошло времето ама Роже е машина која мелe :)
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мене ме изненади Вавринка дека со 3:0 во сетови го победи Андерсон?
Многу надможен излезе во овој дуел.

Викаа стар бил,му прошло времето ама Роже е машина која мелe :)
Не си само ти, многумина што ги знам ги изненадил ама немаше потреба. Вавринка е ептен добар играч, а Андерсон како на дроги играше против Мареј. Јас знаев дека нема шанси да ја повтори истата игра и против Вавринка, едноставно Вавринка не е како Мареј и нема да го дозволи тоа. Можеби Мареј има повеќе освоено ама Вавринка е подобар според мене. Андерсон делуваше незаинтересирано, немаше никакво решение за да земе сет.
Ама сега против Федерер јас мислам дека Вавринка ќе си го добие 3:0 или 3:1. Иако посакувам да има 5 сета па да се изнагледаме тенис, ама финтата е што Федерер тешко би издржал 5 сета. За стар дека е тоа точно, не е баш млад, ама играта му е сеуште како во најдобрите денови. Ако успее да го земе слемов тоа ќе биде феноменално.
 
Вавринка сум го гледал против многу играчи ама пред Федерер секогаш како да игра со пресечени нозе.
Јас Андерсон не го гледав како игра ама знам дека претходниот грендслем против Џокович изигра партија во пет сета каде се гледаше дека не е како Иснер,Раонич и компанија да се потпира само на сервисот.
Иако навивам за Федерер повеќе сум да победи Вавринка иако со Јужнокореецот ако ја гледаше ептен ме исплаши да не киксне.
Чилич ме изненади,Цонга ми беше голем фаворит...ама по се изгледа кладилниците претпоставуваа дека ќе е тешка партија па Цонга го ставија во супер тип кец...што значи очекуваат дека ќе изгуби.
Џокович једино што неќам е да победи.Досаден ми е.
 
Ама не заборавај Чилич е бранител на титулата, јас знаев дека Цонга нема големи шанси ама мислев дека некако ќе најде сила да го добие. Нормално сега Чилич тешко дека ќе го добие Новак ама не се знае, јас би сакал да го добие.
Вавринка секогаш е таков иначе, на моменти се губи и си мислиш готов е и на крај ќе почне да победува. Јас си останувам за Федерер, последна шанса му е ова за еден грен слем да земе. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Priroden

Староседелец
4 октомври 2012
140
95
1,038
Чилиќч која комедија е :D :D На втор сервис има 4 поени освоени од 22. Катастрофално
Новак освојува.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Абе за освојување ќе видиме, ама за мечов веќе се знае. Нема потреба да го гледам, дури и досадно е. Чилич скроз се распадна, уствари така и почна тој, распаднат. :)