Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Понекогаш, само понекогаш помислувам на таа нок под свеќи, на бојата на небото, на мирисот на виното и на муабетот. А и незнам што муабет правевме само знам дека не можев да ти се изнагледам, да ти се изнаслушам, бидејќи во мене знаев дека е последна, единствена и неповторлива. Мислам дека таа ноќ вреди за сите ноќи пред неа и за сите ноќи по неа.Секогаш ми го полни срцето со убавини и насмевки.
Благодарам.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Ми недостигаш..како да те немам видено со години.Ова едно неделно гледање не ми е доволно да се заситам од тебе се некакво брзање за работа .. ај ќе заврши летово и така обврските ќе се намалат.. јас имам трпение :*
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Знам дека овој мир кој владее во мене,ќе се претвори во тотален хаос во моментот кога ќе го видам твојот лик и почуствувам твоето присуство...
Како мирно езеро за час разбранувано од силни ветрови..
А мислите ќе ми летаат како јато галеби,распрснати насекаде..
Го сакам ли повеќе сопствениот мир?
Или тебе?
 

Roxelana

Староседелец
13 март 2013
134
277
1,063
Скопје
Повторно ќе се раздени и повторно нема да сфатам како да излезам на крај со тебе. Не можам со тебе, не можам без тебе.
Ми должиш премногу непреспиени ноќи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Aria

Староседелец
19 февруари 2012
8
14
1,003
Ме плаши тоа што сум заинтересирана за тебе и сакам да те импресионирам...