Здравје или комплекс?

Дали диетата е здрава, или претставува само комплекс?


  • Вкупно гласале
    24

Elena

Истакнат Член
14 февруари 2012
155
169
343
Home.
Диетата не претставуват да се гладуват за да се ослабит , или нешто сл. туку таа претставуват здрав начин на исхрана . :)
Внимателно избирање на продуктите кои ги консумираме секојдневно :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and Selma

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Според мене, оние диети кои те тераат на еден куп одрекнувања од храна, нема ова јадење, нема она јадење, тебе ти е тешко-тоа е комплекс. Очајна желба да се изгуби вишокот килограми без притоа да се разгледа опцијата на внесување здрава исхрана и вежбање. Но, доколку диетата диктира здрав режим на исхрана и не трае 10 дена или месец, туку цел живот е тоа е здраво!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and Baronessa

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
На секоја диета целта е топење на вишокот килограми и истата е поттикната на психички план, затоа што физички личноста во дадениот момент не е задоволна од себе.

Комплексот со здрава исхрана донесува позитивни резултати на долги патеки со голема самодоверба, додека комплексот со изгладнување донесува брзи резултати и јо-јо ефект.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and True_Blood

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Темава си бара разглобување, ама ќе се обидам во кратки црти.

Здрав човек е оној кој устата не ја користи само за прчење на трач седенки, туку и за внесување на здрава храна, а која храна спаѓа во таа група мислам дека ни е јасно.

Диетата сама по себе означува баш таков здрав начин на живот.
Ама ако продолжат нашиве моми семакедонски да гаат амбиции за маникирање нокти, душкање во плакарите на Анџелина Џоли и новиот дечко на нивната идолка (некоја си рендом манекенка) ќе биде комплекс, со големо, дебело К!

Што да кажам, денешните критериуми за соодветна цура за собирање лајкови на ФБ се анорексичност..па после напрчени муцки, убави плочки у ВЦ итн...

Је**ла нас Америка и злато што сја :zbunet
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Има и такви и онакви, во одреден случај здравје, во друг болест.
Зависи од психологијата на самата личност.
Лично ги поддржувам диетите, пред се за лично здравје.
Што би било кога би јаделе што би сакале во било кое време. (ги исклучувам оние со брз метаболизам)
Зголемувањето на килограмите значи зголемување на теретот на организмот, масното ткиво кое најчесто се појавува кај стомакот неколку пати ја зголемува работата на срцето со што доаѓа до нарушување на ритамот на кардиоваскуларниот систем, зголемување на холестерол, па артериосклероза и тако даље и тако даље..
Кога се почнува со диета, треба да се направи пред се за лично здравје, а потоа зошто да не и од визуелен аспект.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Има разни диети на интернет-7 дневни,едномесечни...Ама што после завршувањето на таа диета?Некој продолжува со подобар начин на исхрана,некој се враќа на стариот,нездрав начин.Тоа е све до самите нас и од тоа како че ги прифатиме тие промени во храната.Во ред е да јадеме,да речеме еднаш неделно тост,хамбургер или пица,ама тоа да не биде секој ден...а исто и за блага храна.Така да диетите се комплекс...