Филмски клуб

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Колку што разбрав, а могуќе е ништо да не сум разбрал, Contempt е еден од оние филмови за правење филмови. Повеќето филмови вака би изгледале кога не би постоел комерцијализмот и кога авторите би добиле тотална слобода. Што не мора секогаш да значи дека е добра работа. Таква ситуација имаме околу филмот и во него. Режисерот на Contempt добива ретка слобода на изразување по што испуцава филм кој од задникот на Бардо до античките статуи ве напнува максимално, затоа што режисерот добил дозвола да не напне и да не се секира многу за тоа. Внатре во филмот исто така имаме режисер кој си зема слобода да креира, но тоа не му се допаѓа на продуцентот кој го напнува него. Режисерот, држејќи до своите принципи се повлекува, по што помладиот Пол Џавал добива шанса да го преработи сценариото по вкус на продуцентот.

Пол има згодна (позгодна здравје) жена која од една страна ја почитува неговата независност но од друга страна инсистира на комфорен живот. Во оној момент кога Пол „се продава за пари“ таа почнува да го презира, иако и самата ужива во бенефитите од нејзиниот сопруг. Се чини дека и тој ја презира неа и полека тој презир расте, разделувајќи ги и двајцата се повеќе и повеќе.

За мене филмот не беше напорен, зошто во филм со жени како Брижит Бардо и Џорџиа Мол и да нема никаква содржина пак човек ќе си ги одмори очите. Штета што во денешно време женските филмски ѕвезди не им се ни до колена на колешките од 60-те.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Извинете што доцнам, имав премногу обврски. Деновиве ќе пишам и мислење за филмот.
Мојот предлог е The Black Balloon.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Аустралско филмче за една фамилија која во своите редови има аутистично дете, тинејџер кој физички нема никакви маани но мозокот му прегорел нешто (што и да е причина за аутизам) и си имаат тешки маки со него.
Јас се напнав само што го гледав аутистичниот лик како прави срања, којзнае низ кои трауми врват особи кои имаат такво нешто во фамилија :ladno:ladno:ladno
Иначе стандард си беа, некој офицер од Ози армијата кој и покрај тоа што беше војно лице не беше фул ретарда туку ок, (прерогатив на војните лица), неговата сопруга, многу ружна типка, барем физички, иако се носеше сосема добро со проблемите и братот на аутистот, ок тинејџ типче а тука беше и неговата женска која од која од почеток ја криеше ситуацијата за после да се` среди сето тоа.
Имаше и една наставничка по физичко која што беше повеќе глупа него тупа...

Од сите маки на светов, не верувам дека има поиритантна од живот со аутист, ако е во прашање даунов или некој друг синдром барем се знаат причини и може да се оствари некаков однос со монголоидот, имам запознаено неколку при што морам да кажам дека се мирни и не прават никакви срања, може човек да развие симпатија кон нив.
Но аутистот е далеку поразлична беља, делува здрав и прав а не е, тешко или ич не се поврзува со околината, постапува себично до екстремни размери и потребна му е 24/7 пажња. Јасно дека не е крив за тоа ама џабе...Сцената во продавницата кога татко му заборави да му купи некои омилени бомбони и овој почна да рика и да се влече по земја...врв беше кога се исра во собата и си правеше топки со говната (facepalm)
Очекувано, околината реагираше злобно на појавата на аутист in their midst, што и не е изненадување, децата се најдобро огледало на болеста на еден систем.

Скраја да е вакво нешто, делува социопатски скроз како моментот кога го извади и почна да го дрви на женската на брат му сред семејна вечера/роденден на брат му :eek при што на брат му му преседна и посегна кон насилни методи кои беа испровоцирани од обидите на аутистот да оди по стапките на Луис Суарез (кој исто мора да има некоја аутистична жичка:zelen)

Интересно филмче за породични ситуации предизвикани од психолошки проблеми, не е тоа Рејн мен и одење во Лас Вегас и слични состојби него поблиску до реалноста.
Имаше еден многу јак филм со Били Боб Торнтон порано, играше ретарадиран ама не знам точно која дијагноза беше, нешто имаше отепано раја или така нешто...

А зошто воопшто се вика Црн балон филмов?!
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ми текнува дека во рано-тинејџерски времиња го гледав тој филмот со Торнтон и ги иритирав домашните со имитирање на ликот шо го глумеше, начинот на движење и гласот, не знам зошто ми беше интересно правење такво нешто :rofl
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кaј мене нa рaбoтa имa три децa сo aутизaм и кoгa видoв декa зa тoa се рaбoти, си јa зедoв кoлешкaтa и гo гледaвме зaеднo.

Кoгa пoчнaв дa рaбoтaм, и кoгa ги видoв дечките сo aутизaм, a пред тoa имaв изгледaнo филмoви кaде ликoт сo aутизaм пoседувa брoјни невидени и тaленти, мислев и oчекувaв декa е вистинa тaкa, a не сaкaм дa звучaм грубo и пoгрешнo, ме oчекувaa истите и бетер сцени oд филмoв. Тешкo нa oнoј штo живее сo aутист.
Нaвидум нoрмaлни, нo кaкo штo рече и брaт му си живеaт вo свoј некoј свет и жaлoснo штo зa тoa немa лек и нaдеж зa пoдoбрувaње.
Интересен филм зa живoтoт нa еден aутист и нa oние нaјблиските oкoлу негo, тежинaтa штo мoрa дa се издржи живеејќи пa и пoзнaвaјќи гo, прифaќaњетo вo oкoлинaтa, кaкo мoментoт кoгa е исмеaн oд другите децa, a зa жaл е и пoвеќе oд вистинит и нa крaј верувaм декa кaкo штo кaжa и тaткoвo декa oнaму кaде штo дoбиле aутистичнo дете, гo дoбиле зoштo се спoсoбни и спремни дa гo изгледaaт, a сите децa се исти дури и кoгa се рaзлични.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Luckky

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Сaкaв брoдoт дa гo предлoжaм, aмa пoштo oние штo ги гледaaт филмoвите гo имaaт гледaнo, мислев булевaрoт пoштo сaкaм сите дa гo гледaте.
Амa нa крaј се решив зa oвoј филм, мислaм декa ќе ви ги зaдoвoли вкусoвите. :D
Witness for the Prosecution
http://imdb.com/rg/an_share/title/title/tt0051201/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono and Priroden

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Black Baloon ми остави малку горчина во устата додека го гледав. Еден од оние нискобуџетни реалистични филмови кои се направени да фрлат светло на некоја тешка тема и уште на почетокот знаеш дека нема да уживаш и во текот на целиот филм ќе чувствуваш некоја тежина. Кога ќе ти наближи времето да станеш родител, а јас планирам за година или две, тогаш ваков филм посебно ќе те погоди зошто ги гледаш родителите како се мачат и си викаш: а што ако сум јас на нивно место? Посебно језива мисла. Вака тешко е човек да се стави во нивна кожа, во филмот тие беа претставени во убаво светло: грижливи, одговорни, толерантни... нo верувам дека на ваквите родители им се случуваат и моменти како оној на роденденот на Томас. Моменти во кои сакаат да си излезат од кожа, да скршат нешто, да викнат гласно... не знам.

Филмот иначе одлично ни ги долови не само семејните потешкотии туку и односот на околината кон лица со аутизам. Јас би рекол односот на малограѓанството кон секој што е некако различен. Повеќето луѓе што ги знам се пресликани во комшиите на семејството Молисон, повеќето деца не можат да бидат воспитани ништо подобро со такви кретени од родители.

Прочитав дека режисерката на филмот имала двајца браќа со аутизам и затоа филмот имаше брутално реални сцени за животот со една ваква личност.

Она што не ми се допадна во филмот е глумата на ова децата што требаше да одглумат вљубени а наместо тоа изгледаа како да лапнале закачалки. Можеше низ добар дијалог да протуркаат, а кога веќе пристапот беше малку зборување повеќе емоции и говор на тело, тогаш потребни се и подобри актери. Но секако таа приказна беше во втор план. На некој начин требаше да ни прикаже дека тинејџер кој треба да се грижи за брат со аутизам ќе има секакви проблеми, па очекував малку тепачки по школо, малку раскинување со една девојка додека не ја најде „вистинската“ која ќе има разбирање за неговата ситуација... ама она чупето одма му се стави и тоа беше тоа...

Добро филмче кое ќе беше подобро да не морав да го изгледам заради расположение. Witness for the prosecution ми е изгледан така да слободен сум оваа недела. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не ве зaмaрaм јaс веќе сo клубoв, aкo сaкa некoј некa кaже филм некoгaш штo мисли декa требa дa гo изгледaме, ќе гo гледaм(е)...
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
@Хоуп* не се нервирај :)

Филмовите во судница ми се едни од омилените, тензијата можеш да ја сечеш со нож и цело време си на работ на столчето чекајќи го расплетот. Во денешно време комплицирни разврски на судските драми не се ништо ново, но сето тоа се должи на пионерите на овој жанр во кои спаѓа и Witness for the Prosecution. Можам да замислам каков емоционален шок предизвикал твистот на крајот на филмот кај публиката од тоа време, навикната на едноставно раскажување со мали заплети. Од класиците на оваа тема овој филм ми е втор омилен, после култниот 12 Angry Men а пред To Kill a Mockinbird.

Во филмот, еден човек по име Леонард е обвинет за убиство. Неговата сопруга треба да му даде алиби но наместо тоа се случува првиот твист во кој таа сведочи против него. Во старите добри времиња ова ќе беше доволно за цел еден филм, но наместо тоа следува уште еден пресврт, и кога сите се возбудени и задоволни од виденото и очекуваат завесата да се спушти, следува уште еден! Ваквото „возење“ придонесе за сериозен импакт врз филмовите и набргу почнаа да инспирираат десетици филмови кои ги знаеме. Еден од моите омилени филмови Primal Fear (Нортон, мајсторе!) никогаш немаше да се случи да не беше Witness of the Prosecution, исто како што Runaway Jury немаше да се случи без 12 Angry Men.

Се разбира заслугите одат за Агата Кристи која ја има напишано приказната (за театарска претстава мислам). Посебно интересен момент е кога во одјавата нараторот ги моли гледачите да не ги спојлерисуваат своите пријатели во врска со крајот на филмот :)

Кој изгледа изгледа, кој не изгледа пропушти добар филм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*