Сакам да кажам/Сакам да прашам

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Малку работи се потажни од човек заглавен во работа која ја презира. Гледам луѓе кои се лажат себеси дека тоа што го работат е привремено. 20 години подоцна сè уште се на истото работно место. Згужвани лица со поглед кон часовникот на ѕидот. Секоја минута - година, времето стои, организмот умира заедно со неостварените желби и соништа.

Порано или подоцна ќе се соочите со тој избор, помеѓу соништата и 10000 денари кои живот значат. Бидете паметни.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Tешко е да се заборави тоа што некогаш те исполнувало и барем за миг ти изнудувало насмевка на лицето.
И си бил посреќен.
И ти недостига до болка.
И сфаќаш дека не си моќен ништо да смениш колку и да се трудиш освен да го прифатиш и се помириш дека тоа е тоа за да можеш да продолжиш напред.
А тоа е потешкиот чекор,прифаќањето на реалноста...го доживуваш како личен неуспех,пораз,се кршиш одвнатре додека милион неодговорени прашања ти се вртат во главата.
И не знаеш што со себе во тие моменти.
Позади себе гледаш сонови некогашни а сега само рани и нови патишта кои никаде не водат.
И толку посакуваш мир,посакуваш спомени што не болат...и чекаш..оставаш на времето.
Но по се изгледа и на времето му треба време.
Едноставно некои личности и времиња никогаш не се забораваат.
Невозможно е.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Масовно, цело село сади палми со пари кои скраја да е, би можеле да се употребат за спасување детски живот или нешто слично...
Палмите како културно-историски континуитет на палмите под кои своевремено пиеле Сано сокови античките мраќедонци се материјализираа спонтано низ Скопје и останатите вукојебини во бесцелната творба позната како РМ.

Бубонска чума е лекот за оваа гнасна популација која ја навредува планетата со своето постоење...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Колку поразително за човештвото делува новото сознание дека Јанко некогаш оплодил женска особа...мислам дека и `подвизите` на Андреј Чикатило бледнеат во поглед на депресивноста која тој факт ја побудува во поглед на состојбата на биолошкиот вид хомо-сапиенс...
Што е следно, шпорет на дрва оплодил жена?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Го знаете она чувство кога ќе ви се случи нешто толку неверојатно, кое, колку и да се трудите подоцна, не можете да го побиете со ништо ново што правите, па сфаќате колку ви е всушност празно и пусто? Тонење.
И кога ќе видите дека остатокот од светот, иако не е совршен, е далеку посовршен од овој овде, и дека постојат личности кои го прават подобар, а истиот тој свет е на дофат на дланката и само е потребна малку храброст, детелинка со 4 листа, и неизбежните пари...:^)
Е, мме на тоа чувство! Не ме напушта! Невозможна мешавина на среќа, надеж и гнев.
Пукам и се собирам на сите страни. Поенергична, а помеланхолична не сум била.
Пари може не купуваат среќа (мхм), али купуваат билет во еден правец кон истата.
Пустите ме да изаџем! Ај групно да бегаме и дуваме од вукојебинава! :|
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
За прв пат во животот не сакам лето. Една од причините е зошто немам одмор, не ми даваат слободни денови, ниту пак имам пари да отидам некаде. Друга причина е бидејќи немам никакви очекувања во наредните 2-3 месеци, додека пак на есен можеби, ама само можеби, ќе напредувам барем во една област во животот. Трета причина, која всушност е зошто чекам да пројде летото е тоа што на крај на септември ќе излезе новиот албум на Parkway Drive. Уште една причина зошто чекам да пројде летото е бидејќи септември/октомври започнуваат нови сезони на повеќето серии што ги гледам. До тогаш... ќе продолжам да си се пржам на Скопсково сонце и да бидам во исчекување на некоја возбудлива случка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Хоуп*

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Сакам да кажам дека ко че пораснам и имам деца нема да ги пуштам да се регистрираат на форум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Колку мразам чавки, тоа е невидено!

1ва причина: грди се на изглед и грдо звучат. Ме ежи нивното гнасно гракање.
2ра причина: ме има бапнато чавка во глава, мислам ќе се онесвестев од што ми се сврти. Wtf, bastard?!
3та причина: си седам на клупа во парк и си уживам. Долетува чавка на корпа за отпадоци, ѕирка внатре, вади кесе џипс. Си ја симнува на тревникот, ја фаќа за долниот дел и ја превртува. Го тресе џипсот, си го зима чипсот и си одлетува. Кесето останува на тревникот до корпата. После некој ќе си помине и ќе си рече: "Види го моронскиов народ, ја загадува околината, некој го фрлил кесето до корпата, наместо во неа". Уште еден доказ дека се BASTARDS!
4та причина: секое утро околу 5-6 часот доаѓаат на дрвото до мојот прозорец и гракаат ко ментални. Ако не го запалам дрвово еден ден, еве на... Умрете е***и смрдени гнасни птици!
s0903.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Outrider

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Некои луѓе ни поминуваат во животот со брзина на светлината, се појавуваат тогаш кога најмногу биле потребни, ја завршуваат најтешката работа и исчезнуваат. Ликот нивен и споменот за нив вечно во срцето ке го носиме. Самото нивно постоење на планетата Земја, ни дава сила и насмевка. За жал истите тие луѓе не се ни свесни за својата големина и сила, зашто сепак се тие само луѓе со сила на Богови.Можеби ако Бог даде патиштата пак ќе ни се вкрстат.Без разлика на се имав среќа да го видам ликот со кој се спознав некогаш за да сега чекорам цврсто.Благодарам.