Толкување на сонови

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
ВЕ МОЛАМ кажете ми што би значеле овие два сона, битно ми е...
Соновиве ги сонувала мајка ми, и за да не пишувам во нејзино име, ќе ви ги прераскажам:
**Како на мене ми звони на мобилен бившиот дечко со кого веќе 8 месеци не сме заедно, ми вика "отвори врата", јас станувам и ја будам мајка ми под изговор дека ми се оди во тоалет, а страв ми е (купатилото ни е на долниот кат), мајка ми ми вика да одам, дека ќе дојде, но јас и мавтам рака, и кога стана и кажувам дека он е пред врата без да слушне татко ми. Мајка ми прво ми вика да ѕирнеме преку прозор да се осигураме, јас ѕиркам од кујна, она од кај нивната соба, но темно е надвор и ништо не се гледа, тогаш ми вика да му се јавам да запали светло, како он пали и мама забележува дека он држи пиштол во рака, и ми вика чекај јас ќе отворам, отвара врата и пиштолот испукува.... и она се буди (се разбудила пред да види дали пиштолот ја погодил неа или не)

**Потоа си легнува мајка ми и повторно сонува нов сон, како сме во село на нивата и како одеднаш со кола бившиот мој со мајка му и татко му доаѓаат таму, он се симнува од кола и трча накај мене, а јас накај него и се прегрнуваме и многу сме биле среќни во тие мигови, и одеднаш од некаде се појавува сосема трета машка особа со пиштол во рака (во сонот непозната за мајка ми) и мајка ми извикува НЕЕЕЕ... и како третата особа извикува "ако не може јас да ја имам, нема ни он да ја има" и испукува со пиштолот, а во тој момент мајка ми излетала пред нас за да не спаси и куршумот ја погодил во стомак. За да не продолжи да пука, таткото на мојот бивш дечко, трга со колата и ја удира непознатата машка особа и го бута на земја. Јас и мојот бивш дечко сме почнале да викаме да ја спасиме мајка ми, сме викнале и брза помош, но таткото на бившиов дечко рекол оставете го он нека умре (за непознатата машка особа), да ја спасиме жената, да не беше она вие немаше да бидете живи, а што би правел јас без вас двајцата...и татко му ја качува мајка ми кај нив во кола возејќи накај болница и на сред пат сме ја префрлиле во брзата помош...и така се разбудила мајка ми.

Би ви била МНОООГУ благодарна доколку знаете да му кажете кое би било значењето на овие два сона.
Фала ви.
Поздрав :)
 
Последна промена:

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Ја сонував сестрата на бившиот дечко трудна на второ (а во реалниот живот има 7 месечно бебе), не се сеќавам дали ја видов трудна или во сонот знаев дека е трудна и како очекуваме секој момент да се породи, одеднаш сонувам како е породена со тројка, не се сеќавам дали роди 2 ќерќи и еден син или обратно, потоа сонувам како се сретнувам со неа одкако излегува од болница, на почетокот кога ме виде не знаеше како да реаѓира, дали да ми прозбори или не, но јас прва и пристапувам и ја изгушкувам за да и честитам, се врткам околу бебињата, таму се појавува и мојот бивш дечко, на почетокот односите ни се оладени, но како поминуваат минутите да бидеме во иста просторија јас и он стануваме многу поблиски, разговараме и се, како раѓањето на бебињата да не спои повторно, во сонот не се сеќавам да се смиривме, гушнавме и слично, но мислам дека не, но имав огромно чувство на поврзаност и почувствував како ситуацијата направи одалеченоста која беше најголемата пречка меѓу нас да ја снема, дури и почнавме да разговараме. Во сонот се чувствував исполнета и радосна, дали заради остварената комуникација со бившиот, дали заради породувањето на сестра му, не знам, или може така се чувствував и заради двете убави ситуации.Целиот сон колку што се сеќавам се случуваше во една просторија, со малку мебел, и до сега непозната просторија за мене.
Ви благодарам.
 

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Здраво, пред два дена сонував како една од обетките кои истиот тој ден ми беа поклоните ми се скршила (како ги барам за да ги ставам и забележувам едниот круг од едната обетка се скршил - го нема).
Синојка сонував како повозрасна женска особа која ја познавам одеднаш започнува тема за моето минато и врската со бившиот дечко, како он не знаел што изгубил и дека тоа му била најголемата грешка во животот и одпосле ми соопштува дека сум 4 месец трудна (а јас не сум знаела), и одпосле во сонот се видов и јас трудна - со мало стомаче :D.
Ова се само делчиња од соновите на кои се сеќавам.
Фала ви.... :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Перомикик

Нов член
19 август 2015
22
5
3
49
ВЕ МОЛАМ кажете ми што би значеле овие два сона, битно ми е...
Соновиве ги сонувала мајка ми, и за да не пишувам во нејзино име, ќе ви ги прераскажам:
**Како на мене ми звони на мобилен бившиот дечко со кого веќе 8 месеци не сме заедно, ми вика "отвори врата", јас станувам и ја будам мајка ми под изговор дека ми се оди во тоалет, а страв ми е (купатилото ни е на долниот кат), мајка ми ми вика да одам, дека ќе дојде, но јас и мавтам рака, и кога стана и кажувам дека он е пред врата без да слушне татко ми. Мајка ми прво ми вика да ѕирнеме преку прозор да се осигураме, јас ѕиркам од кујна, она од кај нивната соба, но темно е надвор и ништо не се гледа, тогаш ми вика да му се јавам да запали светло, како он пали и мама забележува дека он држи пиштол во рака, и ми вика чекај јас ќе отворам, отвара врата и пиштолот испукува.... и она се буди (се разбудила пред да види дали пиштолот ја погодил неа или не)

**Потоа си легнува мајка ми и повторно сонува нов сон, како сме во село на нивата и како одеднаш со кола бившиот мој со мајка му и татко му доаѓаат таму, он се симнува од кола и трча накај мене, а јас накај него и се прегрнуваме и многу сме биле среќни во тие мигови, и одеднаш од некаде се појавува сосема трета машка особа со пиштол во рака (во сонот непозната за мајка ми) и мајка ми извикува НЕЕЕЕ... и како третата особа извикува "ако не може јас да ја имам, нема ни он да ја има" и испукува со пиштолот, а во тој момент мајка ми излетала пред нас за да не спаси и куршумот ја погодил во стомак. За да не продолжи да пука, таткото на мојот бивш дечко, трга со колата и ја удира непознатата машка особа и го бута на земја. Јас и мојот бивш дечко сме почнале да викаме да ја спасиме мајка ми, сме викнале и брза помош, но таткото на бившиов дечко рекол оставете го он нека умре (за непознатата машка особа), да ја спасиме жената, да не беше она вие немаше да бидете живи, а што би правел јас без вас двајцата...и татко му ја качува мајка ми кај нив во кола возејќи накај болница и на сред пат сме ја префрлиле во брзата помош...и така се разбудила мајка ми.

Би ви била МНОООГУ благодарна доколку знаете да му кажете кое би било значењето на овие два сона.
Фала ви.
Поздрав :)
:):):) Премногу гледање турски сапун серии :)
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Здраво, пред два дена сонував како една од обетките кои истиот тој ден ми беа поклоните ми се скршила (како ги барам за да ги ставам и забележувам едниот круг од едната обетка се скршил - го нема).
Синојка сонував како повозрасна женска особа која ја познавам одеднаш започнува тема за моето минато и врската со бившиот дечко, како он не знаел што изгубил и дека тоа му била најголемата грешка во животот и одпосле ми соопштува дека сум 4 месец трудна (а јас не сум знаела), и одпосле во сонот се видов и јас трудна - со мало стомаче :D.
Ова се само делчиња од соновите на кои се сеќавам.
Фала ви.... :*
Па соновиве значат дека сте опседната со бившиот. Фала пријатно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Тууу баш ми е криво што ќе те разочарам дека она ама баш НИ ЕДНА турка серија не гледа и нема гледано :)
Вака од читање, мислам дека си опседната да се помириш со дечкото, а пошто сонот најчесто ги рефлектира јавето и мислите, тоа е резултатот, и само ти е потребна потврда дека сонот ти предвидува оти ќе се смирите.
Сори ако грешам, само мој впечаток. (drunk)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Вака од читање, мислам дека си опседната да се помириш со дечкото, а пошто сонот најчесто ги рефлектира јавето и мислите, тоа е резултатот, и само ти е потребна потврда дека сонот ти предвидува оти ќе се смирите.
Сори ако грешам, само мој впечаток. (drunk)
не ми одговара да го има тоа значење бидејки веќе неколку месец сум во врска каде ми е преубаво :) а само ги пишував соновите за дали имаат некое значење :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
не ми одговара да го има тоа значење бидејки веќе неколку месец сум во врска каде ми е преубаво :) а само ги пишував соновите за дали имаат некое значење :)
Кој те прашува дали ти одговара или не? Тоа има значење и толку. Раскини со сегашниот дечко најубаво. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Кој те прашува дали ти одговара или не? Тоа има значење и толку. Раскини со сегашниот дечко најубаво. :)
неее :D ке му дадам прилика да ја здобие мојата љубов, зошто со бившиот нема назад, лут ми е :D