Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Хеј,
бледо е се,
и мојот тен,
и погледот бел,
чувствата се тиркизни,
боженствено свети,
кои исцелуваат,
на усните ангелски,
два света во еден,
створени,
полноќна беседа,
клети,
што помислам,
и напишам,
вистина е да си тука,
не би те делел со никого,
нити со сонот,
кој ветува среќа,
не е случајно,
да се прашувам,
кој би ги избришал,
солзите на лицето,
мое и твое,
и не е важно,
кому припаѓам,
сведок ми е,
часовникот,
кој сказалките ги поклопува,
и срцето го затреперува,
хеј,
на крилја од пеперутка,
го понесува,
во ѕвездата која паѓа,
го згаснува.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Суви корења,
се мисливе ноква,
ко топло чоколадо,
на усниве,
збришано,
од твоите црни коси,
низ очиве,
што мирис липовен,
точат,
во грлово горчина,
налеваат,
сосем доволно,
да не ја вдишат,
градиве,
брилијантната пустош,
позлатена,
на прстите,
од нечија туга белина,
во нивната додворувана светлина,
на полнок излеана,
и од неа допири солзат,
темни,
кои чезнеат тивко,
во љубовта,
новородена,
на друг хоризонт,
распослана,
каде не сме,
ниту јас,
ниту ти,
само сме,
карикатури од зборови,
недоречени.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Срно малечка,
со крзно од млада месечина,
jа фрлив одамна во минатото,
егзотичната маска со илјада ликови,
навистина уживам гледајќи те,
со очиве опиени од вистина,
потребна си ми,
непоканета дојди и запри ја врелата солза,
да не се излее во илјада стихови,
кои болката не ја стивнуваат,
ти не припаѓаш каде што си,
јас не сум присутен тука,
твоето место е до моето тело,
и се што во него ткае,
дојди,
до моите зборови,
да ги слушнеш,
дишат ли како твоите,
секој здив ти,
секој воздив недостиг,
ми недостигаат твоите очи и насмевка,
пресликани во моите,
да бидат бескрајно слободни,
едрејќи со нив,
ќе ги престигнам сите вселени,
да ги скршам синџирите на времето,
и сето она невозможното кое ни припаѓа,
го разбудиме во еден нов свет,
во кој нема да се сеќаваме на пролетта,
која никогаш не ја дочекавме,
во него прегрни ме кревко,
да и она нешто во мене,
што сиви крилја обоило,
го засенчиш,
со светлина,
од љубовта дарувана.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Детсκи е и свето,
молитвено и плачно,
κога се делиме еден со дρуг,
наместо со κал,
се мачκаме со емоции,
не пρавејќи ρазлиκа во тоа што го носиме во себе,
и гледаме пρед себе,
погледни не,
можеме ли да го наρечеме обоен сеκој цвет пρисутен оκолу нас,
без да ми κажеш,
јас го вρеднувам сето она што го имаш само со мене,
знаеш,
нашиот ум и чувства чинат бесκρај од нас,
заρем мислиш деκа би саκал да бидам твоја гρаница,
ја саκам таа љубов чиста κаκо снег,
κоја во мене ги стопила сите κопнежи и стρадања,
во уште една ноќ,
измиена од водопади тажни,
и една желба,
да го погледнам брегот и допрам песокот распослан на него,
во кој нашата среќа почива,
разбуди ја,
кога ќе знаеш дека ме љубиш,
и сакаш да ме прегрнеш без да ме допреш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Само понекогаш,
во вистината го измивам твоето лице
додавајќи бои и емоции,
таму каде усниве не љубат,
премолчувајќи го
сето она што тишината го сокрила,
во една јалова судбина,
потопена во илузија,
предолго,
ја имав на допир на прстите,
отрпнав на нејзината убавина,
ја претворив во болка,
дух на моето минато
и иднина
што минува низ телово
кога ја губам
и кога ја добивам,
љубовта,
наша ѕвезда самотница,
зората ја згаснува
за повторно
некаде во ноќта да се роди.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Пушти ме да се изгубам во темнината на твоето постоење..
Прими ме,
како гостинка.
Ќе починам
ќе преноќам.
Покажи ми ги сокаците на твојот свет,
не си одовде,
не припаѓаш тука.
Пушти ме човеку те молам..
Таму во студенилото на твојата самотија.
Ќе се снајдам,
веќе бев таму,
ќе запалам свеќа.
Ќе отворам прозор наутро
кога птиците почнуваат да пеат,
па ќе те научам да дишеш.
Пушти ме мрачен ангелу..
Пушти ме те преколнувам.
Ќе осветлам се,
ќе претворам се во магија на мигот.
Ќе засеам семе,
цвеќе нека цвета..
Го можам тоа,знам.
Затоа си тука,затоа сум тука.
Да ти ги покажам сенките и темните сокаци па да ги
обојам со сонце,
виножито и капки дожд..
Нека се лизгаат по лицево,
допирајќи ги усниве наместо солзиве солени.
Дозволи ми..
Пушти ме да влезам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
"Јас на тебе ќе мислам"
На тебе ќе мислам
секогаш кога ќе видам како чадот
се топи во воздухот
во собата.
На тебе ќе мислам,
секогаш кога ќе мириснам скоро избледен мирис на парфем.
На тебе ќе мислам кога ќе вкусам
нечиј кармин.
На тебе ќе мислам
секогаш кога ќе видам толпа луѓе,
затоа што во секоја толпа
лицето твое ќе го барам.
Ќе те мислам,
оти,
го сакав начинот
на кој ги пушеше цигарите,
го сакав твојот мирис,
проклето премногу го сакав.
Сега те нема,
те има на друго место,
со нечии раце залепени на тебе,
со некој кој го чувствува твојот мирис,
со некој кој ти ги пали цигарите
но тој некој нема никогаш да мисли на тебе
колку што мислам јас.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Не припаѓам никому,
како што прстите на барменот не стареат,
брчките во алкохолот го сокриваат,
предолго сум тука,
да би кажал некому утешен збор,
дури и на смртник вечен,
во мене сино сонце заоѓа,
сака некому да покаже,
но,
не ќе разбере,
златото ќе го излаже,
со уште еден дим во туѓи гради,
воздишка ќе занеми,
некому сон ќе дари,
некому ковчег ќе искова,
уште некоја милја со туѓи нозе ќе исчекори,
да заспие,
врз стариот грамофон,
покриен со син прав,
бесконечен,
сокриен во живот мртов роден,
на оваа планета,
со улици кои не водат никаде.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Побарав со една мисла,
знак,
да добијам одговор,
за моето припаѓање,
го видов на небото,
тоа не беше круг,
тркалезен ко земјата,
ко очиве,
беше,
мозаик од оштри агли,
барајќи ја следната фигура,
не враќајки се повторно назад,
таму од каде што тргнав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and violetmoon

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Златоусни зборови,
самиот не знам од каде,
од кого извираат,
во темнината,
пискотници се креваат,
над црвеното небо,
слушај,
и молчи,
црнила во заборав,
те погребуваат,
сенка не една,
над здивот ти дишат,
раскажуваат живот,
изгорен од срцето,
од очите згрбавени,
на нечовек,
само страдање сипаат,
низ олуците бисерни,
во душата,
гребат крв и вода,
за себе,
за тебе,
за мене,
за светост изгубена,
љубов и битка загубена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon