Толкување на сонови

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Што значи да сонуваш како на некој му помагаш при расчистување на двор т.е. корнење на зелена трева :)
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Не правеа операција на сон. Ама не знам на што. Знае некој што значи?
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Скршена ми беше ногата и сите прсти на неа.Беше во гипс до коленото а јас така повредена пробував да се искачам на некоја висина,стрмно беше нагоре и одвај се задржував со рацете да не паднам удолу.Ништо не се гледаше наоколу,ептен мрачно и знам бев бајаги исплашена у сонот.
 

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Сонувам како возам кола, до мене е еден колега од работа, а надвор е темно, потоа наеднаш се наоѓам во некој кафич/кафана/ресторан со големо друштво (машки и женски), и како одеднаш влегуваат тројца мои блиски луѓе од минатото заедно со керката на едниот пар која им се роди пред околу 4-5 месеца и седнуваат на маса блиску до нас, и они забележуваат дека сум тука но се прават како дека не ме виделе, и јас станувам како божем ке одам до тоалет и се поздравувам со нив, седнувам кај нив на маса, се шалиме, многу позитивно сме расположени, весели сме (но не се смеевме -напоменувам бидејќи знам дека смеењето има посебно значење), и како станувам од таму, одам до другата маса каде што ми стои ташната и од новчаникот вадам 500 ден и ги давам на бебенцето и и напоменувам "мајка ти и татко ти да ти купат среќа и едно братче", и продолжуваме да си се зезаме....
 

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Сонував како златниот прстен кој постојано го носам ми се скршил (на сон го носев на другата рака-десната, на средниот прст, ако има и тоа нешто врска), што би значело... :)
 

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Што би значело ова....телефонски разговор за смирување (он ми се јавув да дојдам кај него), ми приредил романтицен ручек, а воедно со прстен ме бара за жена, но јас ништо не огдоварам, но многу сум срекна и радосна.....т.е. и двајцата сме многу весели што повторно сме заедно........ :)
фала :)
 

BilanS

Нов член
3 мај 2015
1
0
1
29
Го сонував дедо ми кој е починат веќе две години, меѓутоа нема ден да не помислам на него.
Сум седела во неговата куќа со баба ми и стрина ми и сум јадела нешто. Мајка ми и татко ми поминаа и ми рекоа ќе одат на бајачка дали сакам и јас, но ги одбив. Во еден момент се завртев и на креветот седеше дедо ми и дремеше седејќи. Се прашував дали е жив, зошто седи тука и видов како дише и ги отвори очите. Се држев за срцето кое забрзано ми чукаше и ми течеа солзи, а тој ми се насмевна и ме праша дали ми треба сок, млеко нешто..(секогаш се грижеше и не дозволуваше нешто да фали) Јас ништо неможев да одговорам и и кажав на стрина ми дека дедо е тука а таа вели.: а ти се причинува, и мене така ми се случува, што ти вика? И и кажувам а тој легнува во креветот и се покрива целиот преку глава.
И се разбудив.. Се разочарав дека било сон, бидејќи премногу реално ми се чинеше. Ве молам кој знае нека ми протолкува.
 

viliiliks

Нов член
21 мај 2015
2
0
1
31
Јас ве замолувам ако може да ми кажите што значи сонов:) свекорми синока сонувал нивата во село(на крајот од таа имало откорнати трње моментално)местото на сон имало дупка а внатре икона од богородица цела осветлена а околу неа бомбици..Тој и свекрвами на сонот земале по една бомбица и сонот завршил.
 

viliiliks

Нов член
21 мај 2015
2
0
1
31
Јас ве замолувам ако може да ми кажите што значи сонов:) свекорми синока сонувал нивата во село(на крајот од таа имало откорнати трње моментално)местото на сон имало дупка а внатре икона од богородица цела осветлена а околу неа бомбици..Тој и свекрвами на сонот земале по една бомбица и сонот завршил.
 

Ivki4ka

Истакнат Член
2 декември 2014
45
5
108
Не се сеќавам убаво на сонот, но знам дека сонував како два предни заба ми се расипале, исто така мислам сонував и забар, исплашена бев во сонот и не знам за еден заб што треба да одам деновиве да ми го извадат (т.е. пола заб бидејки ми е скршен) дали сонував како ми го вадат или не....многу бев исплашена и од тоа дека дијагностицирана ми била парадентоза и слично....има ова некое значење или може премногу сум исплашена за моиве заби последниве денови па затоа го сонував овој сон :)