Бомбастични најави на некој настан

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Гледам на канал 5 Грандови звезди и веќе ми се слоши од онаа најавата горе на екранот што се врти-монструм шета во Кочани, жителите прешлашени.....аман бе со овие медиуми, па имаат ли осет колку треба да трае најавата, отекоа!
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Канал 5 се најмрднати со најавите. Пред да почне Ѕвезде Гранда оди најавата, феноменална вечер, нашите македонци го кренаа жирито, публиката е на нозе погодете заради кого, Лукас повеќе не се дрогира не пропуштајте. И кога ќе почнеш да гледаш ќе видиш дека нашите македонци ни го кренале жирито, ни го поминале кругот.

Исто така и за турските серии најавите се за никаде.
Не пропуштајте нова серија најгледана на балканот, серијата која ги сруши рекордите на гледаност, дали има правда? Дознајте вечер во новата епизода од Неправда.

Какви лудаци, не е веќе смешно, трагично е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and escape

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Канал 5 се најмрднати со најавите. Пред да почне Ѕвезде Гранда оди најавата, феноменална вечер, нашите македонци го кренаа жирито, публиката е на нозе погодете заради кого, Лукас повеќе не се дрогира не пропуштајте. И кога ќе почнеш да гледаш ќе видиш дека нашите македонци ни го кренале жирито, ни го поминале кругот.

Исто така и за турските серии најавите се за никаде.
Не пропуштајте нова серија најгледана на балканот, серијата која ги сруши рекордите на гледаност, дали има правда? Дознајте вечер во новата епизода од Неправда.

Какви лудаци, не е веќе смешно, трагично е.
Пушти ќе видиш, цело време како почна емисијата се врти најавата со монструмот Кочански кој силувал животни и дури и некој човек и сега жителите бараат да го стават зад решетки.Но веќе претераа и ми го дигнаа притисокот и ми иде да палам колата и правец Кочани па јас да го решам случајот.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Пушти ќе видиш, цело време како почна емисијата се врти најавата со монструмот Кочански кој силувал животни и дури и некој човек и сега жителите бараат да го стават зад решетки.Но веќе претераа и ми го дигнаа притисокот и ми иде да палам колата и правец Кочани па јас да го решам случајот.
Сум ги видел, секој ден има такви луди најави.
Некогаш најавуваат некаков си масакр ама не кажуваат дека не е кај нас, и секој ќе си помисли дека е кај нас и ќе чека да слушне, за на крај да слушне дека некој лудак од Замбија убил 28 луѓе. Многу се глупи и Канал 5 и Сител.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Нивната цел е да привлечат внимание, очигледно успеваат :D
Пример нова тема на форумов :zelen
Ии @Altaïr велиш некој лудак од Замбија убил 28 луѓе? Има ли врска каде е направен масакарот? Ние сме луѓе другите не се?
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Нивната цел е да привлечат внимание, очигледно успеваат :D
Пример нова тема на форумов :zelen
Ии @Altaïr велиш некој лудак од Замбија убил 28 луѓе? Има ли врска каде е направен масакарот? Ние сме луѓе другите не се?
Не реков дека не се луѓе, туку можат во најавата да пишат каде е убиството, а не да го лажат народот. Затоа што секој би помислил дека кај нас е, и нема да го менува каналот за да слушне. Се служат со такви глупи манипулации и после викаат гледаноста им е голема.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Серијата што го потресе цел балкан, најгледаната серија на сите времиња - Шител
Најгледаната турска серија која што ни еден не остави рамнодушен - Анал 5
Загреф се.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Ако не направат бомбастична најава нема да имаат гледаност, секој гледа на некој начин да опстои. Неколку бомбастични најави кои ме имаат изнасмеано
¥ Секоја нова турска серија е хит и ја имало потресено Турција
¥ Секоја сабота ни е сервирано ,најинтересното' и најгледаното музичко шоу Sвездите на гранд и нашите го освојуваат жирито и гледаш отишле во бараж и од тројца еден поминал
¥ вестите ги разбирам, мораат со такви наслови за да привлечат внимание
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
И тоа како иритираат нивните бомбастични најави. А уште повеќе ме нервира кога баба ми седи пред телевизор и ги чита тие зборовите шо се вртат горе и тоа слог по слог, бидејќи нели, бавно одат. Но, сепак и тие се трудат да ја зголемат нивната гледаност.
Пред некое време, Канал 5 најавуваат серија "која ги разнежни срцата на гледачите, има голема гледаност во Турција и Блискиот Исток, трагична приказна" итн, за потоа јас да видам еден ваков наслов на Инренет(така некако беше, не фаќајте ме за збор): Канал 5 ќе ја емитува серијата ххххххххх, која имаше многу мала гледаност во Турција.
Сами се негираат бе!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja