Ваша поезија

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Истиот пат,
истата улица,
по не знам кој пат мината,
со својот товар,
веќе претежок,
ја чекорев пак и вечерва,
впивајќи го мирисот
од јоргованите,
за миг застанав,
затворив очи
и замижав
земајќи воздух
длабоко,
како што одамна не бев,
еднаш,
двапати,
трипати...
дишев поинаку...како некогаш..
насмевка се исцрта
на моето лице,
прекриено со прамени
од црната коса,
милувајќи ме со неа по усните,
бришејќи траги
останати од нељубов и бол
и будејќи копнежи
за еден допир,
на зајдисонце роден,
тогаш
тивко
наслушнав,
звуци,
мелодија,
познати ноти
од ветрот отсвирени,
ги препознав,
во шумот на тополите,
го слушнав твоето име,
го шепотеа
заедно со мене,
во оваа чудна ноќ
и мала како срп месечинка,
за прв пат го почувствував
мирисот на тебе и пролетта,
ве посакав.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Luckky

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Растргни ме можеш?
Ништо повеќе него копнеж
кој ми ги сече градиве на милион делчиња.
Растргни ме со запишани во главава мигови,
ништо не ми е,
ќе помине.
Растргни ме со твојот лик
во милион варијанти,
убав е,
жигосан во мене.
Растргни ме љубов,
утре е нов ден
ќе заборавам.
Растргни ме,
колку можеш повеќе,
ја познавам болката сопатничка ми е.
Растргни ме љубов,
со шаренило на емоции,
барем знам..знам дека живеам.
Растргни ме,
па насмевни се помилувај ме.
Ќе отрпнам,ќе научам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Смртник во ноќта,
живот точи,
пролетна е,
маѓепсна,
со погледот очите твои,
во убав цвет,
ги виде,
остана во тој миг,
во кој не беше осамен,
два света бесмртни беа,
од еден,
лунарен зрак,
даруван,
од небото,
чувства ткае,
од толку многу,
еден не изговори,
на усните ги сокри,
со коси бесмртни,
ги покри,
бесмртни,
вечни.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
So solzi grevovite
ke ti gi izmijam za da zacekoris
so silata na bogovite
a jas dushata ke ja rasposlam
pod tvoite stopala
za cekorot pomek da e.
Odi so zvezdite zashto nebo si,
vivni se nad neboto kako soncevina,
i posakaj mi samo mir i son
so shepot na svetulkite
za da preziveam.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Што ли си,
љубов ли си ми,
онаа од која срцето занемува,
која крие и свој бол и убавина,
среќа помалку,
туѓ цвет во моиве раце
расцветан,
во бои од виножито,
прекрасен,
единствен,
посебен,
вечно опоен,
не венее,
го чувам себично,
плашејќи се од
непребол кој
душа разјадува,
и божја
и ѓаволска
љубов во неа
за тебе создадена,
премногу е,
ќе ме убие,
знам,знаеш,
што од тоа,
ништо ,ќе изустам,
будала сум,ја сакам
неизречени зборови,
ќе погребам во мисли,
да не слушнеш
да не осетиш,
колкав товар
може една ситна душа да носи,
човечка,
а толку силна,
во мугрите некаде со звездите згасната,
и додека свеќите тивко плачат
горејќи под твоите прсти,
ти ќе ја проколнеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Твојата љубов,
почнува,
таму,
каде мојот насмев,
се искупува,
од минатото мое,
кое му припаѓа,
на твојата сегашност,
и не постојат зборови,
кои ќе ги залечат,
измрестените плодови,
на пролетта,
кои се нагазени,
по скалите врз кои,
чекориш,
не чекорам,
заминувам и доаѓаш,
оставаш бакнеж,
кој не го препознавам,
се пронаѓаш,
се потсетувам,
некогаш,
засекогаш,
во најголемиот сон,
од ситни заведувања и страсти,
извори кои течат,
течат и будат,
убиваат со солзи,
се,
само,
мене и тебе,
не,
во еден поинаков коктел,
кој го вкусивме,
за прв пат,
чувствувајќи,
го во душата,
последен.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Осамен,
меѓу толку,
луѓе и богови,
создавање,
и губење,
мојот дух,
врзан за крв и месо,
неразделна светлина,
недопирлива во космосот,
поинаква виделина,
прашина.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Те има во секоја брчка,
која огледалото,
ја пресликува,
но,
не,
на ликот кој го препознаваат,
таму длабоко,
во ноќите,
во кои сонот,
е мечтаење,
денот е,
непостоење,
смртта,
покајување,
потреба,
во безброј среќи,
од другата страна,
на сликата,
во која,
времето е заспано,
и одминува,
покрај,
мојот поглед залутан,
низ дождот,
кој оплакува,
минато и идно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Името твое,
мој прстен на моето,
врз модрото небо,
кое смрачува,
опејува,
напишано,
во моите вени,
што,
тече и влече,
ноќ свилена,
откриена,
сокриена,
со мечти неплачни,
незадоцнети,
да создадат,
вечност,
во која ќе бидам,
предалеку,
а толку блиску,
до себе,
од тебе,
исчекувањето,
за она што чувствуваш,
несебично,
незнајно,
нека биде цвет,
од кој ќе се опијат,
и оние малку,
заљубените.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Уште една полноќ,
магична,
непотполна месечина,
се уште,
ги сонувам твоите чувства,
обоени со виножитото,
кое го погледна,
и не ги виде моите очи,
натопени од твојата убавина,
и акордите нивни,
кои ги премолчувам,
слушајќи ги,
немо,
без прсти на усниве,
до бескрај,
и повторно назад.
 
Последна промена: