Мистерии (генерална дискусија)

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Човекот што живеел два живота наеднаш :)

Американскиот дрводелец Ансел Браун на 17ти јануари 1887 година излегол од својата куќа на Род Ајленд, подигнал од банка 550 долари и тргнал во посета на својот внук, за да разговараат за купување на фарма.

Утрото на 14ти март го разбудило тресењето на креветот во собата зад малата продавница во Нористаун, Пенсилванија. Бидејќи не знаел за што се работи, неговиот газда му објаснил дека тој е всушност Алберт Џон Браун, дека ја изнајмил продавницата на почетокот на февруари, дека ја водел работата и дека ја посетувал блиската методистичка црква. Меѓутоа Боурн не се сеќавал на ништо што се случило откако пред два месеца заминал откај својот внук што бил оддалечен 400 километри. Воопшто не му било јасно зашто ја започнал работата за која немал поим и која не го интересирала.

По три години Боурн бил хипнотизиран од Вилијам Џејмс, велејќи дека неговото име е Алберт Џон Браун. До детали го опишал патувањето до Пенсилванија на 17ти јануари и опремувањето на продавницата. Бил збунет во однос на неговиот живот пред 17ти јануари, и многу малку се сеќавал за она што било на 13ти март.

Професорот Џејмс заклучил дека Браун и Боурн се две посебни личности, секоја од нив со свои карактеристики и движења. Во текот на натамошното хипнотичко набљудување Браун се онесвестил и умрел. Веќе не постоел никој што би објаснил како два месеца Браун живеел со живот на некој друг човек. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ваљда овде ќе е најсоодветно.
Налетав на филмот Dark Water, па ми текна на случкава.
Во јануари или февруари, 2013та, не помнам точно, Елиза Лем, студентка од Канада, е пронајдена мртва во еден од резервоарите за вода на хотелот Сесил во Лос Анџелес. Случајот не добива речиси никаква медиумска покривност до моментот кога полицијата објавува CCTV снимка од лифтот во кој се наоѓала моменти пред смртта. На снимката може да се види девојката, која одеднаш почнува да се однесува многу чудно - паничи, се крие и се чини дека се расправа со личност која не постои или бар не ја гледаме во кадар.
Луѓе кои се занимаваат со теории на заговор, веднаш се фаќаат за работа. И тука случајот уште повеќе се замрсува.
Он а сајд ноут, Сесил хотелот важи за најевтиниот хотел во Лос Анџелес, но и за хотел кој го прогонува чудна вибрација. Го пратат неколку (само)убиства, меѓу кои спаѓа и познатата Black Dahlia - девојката која била најдена преполовена и со исечени екстремитети, а која последно била видена во хотелот, а своевремено во него престојувале и двајца сериски убијци (не ми текнуваат имињата, ама не беа наивни батки).
Нормално, тука се појавуваат приказни за паранормални прогонства, вмешување халуциногени дроги, сомнителни ликови кои со години престојуваат во хотелот, па дури и вработени се на списокот на осомничени.
Назад на девојката - истата е пронајдена гола и во затворен резервоар, што веднаш ја предизвикува логиката да се запрашаме зошто би се соблекла гола, каде е облеката (бар не се сеќавам да прочитав дека ја нашле), како истата успеала да пројде покрај стражарите и алармите кои би се активирале при отварање на вратите кон кровот, и како воопшто така ситна девојка би успеала да отвори толкав капак и зошто би го затворила пред да се удави...ако е тоа воопшто можно т.е. ако имало скали во внатрешноста на резервоар висок 3+ метри.
Експерти и аматери тврдат дека снимката од лифтот е успорена и едитирана, односно дека фалат над 50ина секунди, што потврдува и time frame-от долу, а неколкумина успеале да уловат и кадри со нешто што наликува на туѓа нога, што крева нова бура прашања дали хотелот покрива убиец.

И ко тоа да не е доволно зезнато, има и нов твист. Откако потстанарите се жалат на слаб притисок, болки во стомак и вода со чуден вкус, што евентуално носи до проверка на резервоарите и откривање на телото, им се препорачува да не ја пијаат водата поради тестирање за туберкулоза.
Е, сега, ситно пред случајов, во јавноста протекува вест за ширење туберкулоза. Дали случајноста е неверојатна или се работи за нешто многу помрачно од исчезнување и смрт на девојка...според записите, можниот ТБ вирус кој се испитува, е именуван Лем Елиза.

Крајно, гореспоменатиот филм, кој е направен години пред случајов, спојува во целина лик со име Dahlia, паранормални појави во лифт и тело на девојче во резервоар. Епа, чао. :eek

Еве го и видеото, кој милува...
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Крајно, гореспоменатиот филм, кој е направен години пред случајов, спојува во целина лик со име Dahlia, паранормални појави во лифт и тело на девојче во резервоар. Епа, чао. :eek
Што значи ваљда дека имаме убиец обожавател на хорори :D
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Што значи ваљда дека имаме убиец обожавател на хорори :D
Не знам, не сум го гледала филмот, ама ми делува дека само тие три точки се слични...што е сепак језиво донекаде.
Мада, имаше коментар од студент кој живеел таму и бил прогонуван, истепан и ограбен од некој тип што со синот живеел во хотелот со години и се сомневаат и дека силувале така девојки што иделе сами. Што би објаснило и дека може разговарала со некој од нив на снимката.
Тоа или некој вработен, трето не ми е веројатно.
Чудно, никој нит го истражил тоа, а оттогаш случајот секнал експресно ко што и почнал. (worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Сега го гледав видеото, дека вчера вечер ми беше страв. Очекував да ми излезе нешто после прочитаниот текст, а сега гледам дека ништо нема. Сигурно зборува со некој што не се гледа, не ми е верно нешто друго да е. А зошто и како успеала да се убие тоа е чудно.

а своевремено во него престојувале и двајца сериски убијци (не ми текнуваат имињата, ама не беа наивни батки).
Ричард Рамирез и Џек Унтервегер. Ги најдов. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ова е една од оние мистерии кои се larger then life и кои ги надминуваат и најсмелите филмски сценарија.

На 24.11.1971, некој лик со целосно рандом фаца, експресија и надворешност си купил карта во еден правец од Портланд до Сиетл под име Ден Купер. Си седнал на седиштето заедно со уште 35 други патници и по извесно време ја повикал стјуардесата за да и даде лифче. Стјуардесата, навикната на типови кои и се пуштале на разни начини не обрнала внимание по што Ден морал да инсистира.
На изненадување на струајдесата, немало покана за пијачка туку закана со бомба. Ден и ја покажал бомбата (или барем нешто што личело на бомба), споменал дека има контакт-упаљач во раката и дека пораката треба да оди кај пилотите.
Се покажало дека Купер е скромен киднапер на авион, барал 200.000 долари (околу 1,2 милиони во денешна пара) во апоени од 20 долари, 4 падобрани и полнење со гориво на авионот кога ќе слета во Сиетл. За возврат ќе ги ослободел патниците.

Header12.jpg


Фоторобот на `Купер`, мора да се признае фаца која тешко се памети, што е предност кога се гради кариера во киднаперството :pusi

Немало многу време да се исполнат барањата на киднаперот, околу два часа лет но и покрај тоа - полицијата успеала да ги сними сериските броеви на банкнотите и да му ували еден лажен падобран меѓу четирите.
По слетувањето, Купер се покажал како киднапер од збор, душа од човек, и ги ослободил сите заложници. Not sure ни дека знаеле дека воопшто биле киднапирани. Тоа се вика киднапирање со стил. :cool:

Авионот бил наполнет со гориво и повторно полетал, овој пат кон Рено, Невада, на барање на Купер.
Уследиле многу чудни и специфични барања на киднаперот, брзина на авионот од 200км на час (одвај минимална колку да се одржи во лет), висина од 3000м, барал да не се активира вештачкиот притисок и да се спуштат тркалата. Пилотите немале избор и се согласиле.
Подоцна станало јасно зошто воопшто ги барал тие ствари и зошто воопшто избрал Боинг Б-727 за киднапирање. Имено, тој тип на авион поради конфигурацијата на мотори имал помошен излез со скалички позади, сосема погоден за намерата на Купер да скокне со падобран.

db_cooper_727_067_airstair.jpg


Купер порачал виски и цигари и спокојно си седнал на седиште. После некое време ставил два падобрани на себе, ги зел парите, наредил да го отворат помошниот излез и скокнал - во легендите.

Неколку ловци во тоа време веќе го прателе авионот но попусто, не виделе ништо.
Подоцна медиумите ќе го наречат киднаперот Д.Б.Купер чунки посекси име им делувало тоа.
Авионот слетал, сите членови на екипажот биле во најдобар ред а некаде во шумите на државата Вашингтон веројатно се приземјил киднаперот со тестиси до колена, па и под нив. :kafe

До ден денешен не се знае кој бил и како завршил киднаперот и покрај истрагата, деталното барање низ шумите и планините и медиумската хистерија. Разни теории со текот на времето се појавувале, имало многу осомничени но ништо конкретно. Единствена трага се појавила 1980 кога биле пронајдени три пакувања со вкупно 5.000 долари на брегот на некоја река а сериските броеви се совпаѓале со украдените пари. Тоа докажало дека......... ништо не докажало само ги подгреало шпекулaциите.

Се тврдело дека Купер е екс специјалец поради знењето и смелоста, други дека бил аматер, трети дека загинал при скокот, четврти дека го виделе на рандом место години после настанот... која и да е вистината, човек не може да не се запраша зошто во такви случаи просто `навива` за престапникот. Јас сум за верзија во која живеел долго и лагодно без да се занимава со секојдневни стресови (inlove)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Минатата година размислував да си направам држава и да прогласам независност но ме спречи сознанието дека нивата која требаше да биде територијата на новата држава повеќе не била во сопственост на членови на нашата породица. Штета... :mad:
Си смислив и знаме и грб, најдов соодветен Месија, единствено немав химна.

Имало особи кои не се замарале со територии туку концептот го фурале поинаку.
Еден таков случај а воедно и интересна мистерија е човекот од Тауред. Јуни, 1954, непознат лик се симнал на аеродромот во Токио. На царинска контрола службеникот станал сомничав кон името на државата на пасошот - Тауред. Патникот, белец во негови средни четириесетти со ништо не одадавал дека нешто не штима, без проблеми се согласил да биде испитан.
Пасошот делувал леџит до таа мера што имал и печати од разни царински и гранични служби. Што докажувало дека без проблеми патувал со тој пасош. Дури имало и печати од јапонските служби што говорело дека не влегува прв пат со Јапан со тој пасош. Имал пристојна количина пари во разни европски валути во себе. Она што ги шокирало јапанските службеници било тоа што патникот говорел течен јапонски со леснотија.
Му биле побарани дополнителни документи при што мистериозниот лик извадил возачка дозвола и други документи официјализирани од државата Тауред. Па дури и бизнис преписки со јапански фирми кои соработуавале со неговата фирма од Тауред.

Не знаејќи што да прават, му донеле карта на светот да покаже каде е таа држава при што патникот покажал кон Пиринеите, некаде на границата меѓу Франција и Шпанија, во близина на Андора. Патникот бил шокиран што на картата го немало Тауред и делувал тотално збунет.
Немајќи дипломатски односи со непостоечка земја и не знаејќи што да прават, властите го упатиле патникот во хотел со `придружба` од полицаец и еден царински чиновник. Типот се сместил, чуварите се паркирале пред неговата врата на петтиот кат на хотелот и тоа било тоа.

Утрото му чукнале на врата. Не добивајќи одговор влегле во собата каде што немало никаква трага од никого, собата делувала како да не влегол никој во неа а од гостинот немало ни трага ни глас. Од тогаш па до ден денес не се слушнало ништо за човекот од Тауред ниту за неговата судбина. Едноставно исчезнал.

Разни теории започнале да се појавуваат, од тоа дека се работи за патник од друга димензија па се до тоа дека е обичен измамник но ниту една не држела вода. Можеби типот ја користел игнорантноста на чиновниците од разни гранични служби кои му удирале печат на пасошот, но зошто воопшто би го правел тоа? Неговото знаење на јапонскиот било бизарно како и исчезнувањето.
Ако бил од друга димензија каде што постоела држава Тауред на Пиринеите и каде што бил чест соработник со јапански бизниси не би било бизарно тоа што знаел јапонски и тоа што патувал низ светот, бидејќи колку и да биле игнорамуси, некој чиновник ќе му светнело дека не постои таква држава, барем низ Европа. Then again this is so far fetched, точно е дека теоретски постои можност за постоење на друга димензија но скок од квантните светови во макрокосмосот со држави и пасоши е.......... на границата на веројатното.
А можеби само сакал да си направи своја држава, да ги реализира вековните стремежи на Тауредскиот народ за слобода и самостојност :D

Инспиративен човек во секој случај :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Што би се добило доколку се искомбинираат следниве два поста :

http://forum.crnobelo.com/threads/Мистерии-генерална-дискусија.5014/page-2#post-280814

http://forum.crnobelo.com/threads/Мистерии-генерална-дискусија.5014/page-5#post-314972

Би се добил сосема вистинит случај кој како да е пресек помеѓу горе наведените. :eek: Исчезнување на авион без трага до денес и пари.

Боинг Б-707 во карго верзија на бразилската компанија Вариг полетал од Токио за Рио на 30.1.1979 со шест члена на екипажот и без патници.
Комуникацијата со контролата на летот била нормална, временските услови ок, немало ништо особено.....и половина час после полетувањето нагло се прекинува комуникација.... што е последен контакт на пилотите со оваа димензија. Слично како случајот на малезискиот авион пред една година само што тука имало и други фактори во игра.
Истрагата навлегла во слепа улица а по некое време било издадено соопштение дека се работи за декомпресија во кабината - без да се има никаков доказ, тоталено ништо со што би било поткрепено таквото тврдење.

1143296.jpg


Факторот што неофицијално бил значаен било присуството на 153 умтенички слики на јапонскиот сликар Манабу Мабе, проценети на тогашни 1,3 милиони долари (4+ милиони денес).
Дали таа сума била доволна за екипажот да види начин да си обезбеди безгрижна иднина? Можеби.
Ако се има во предвид дека подоцна се појавиле гласини дека некои од сликите искрснале по приватни колекции и аукции за клиенти од затворен тип, можно е екипажот да си направил сметка.

Проблемот со оваа теорија е во тоа што тешко сите шестмина би се согласиле да се одвојат од фамилии, пријатели, кариери и од сет дотогашен живот со тотален прекин на комуникација.
Друг проблем е слетувањето. Б-707 е од првата генерација млазни патнички авиони за долги линии и му требала прилично долга, бетонска писта. Не дека не би можел да слета и на импровизирана, посебно ако е one-off ситуација, сепак е малку веројатно. А и каде би се наоѓала таа писта?
Подоцна имало и други теории, дека КГБ направил дил со пилотите да слетаат во С.Кореја (према сличен случај кога јапански левичари киднапирале патнички авион и слетале во Пјонг Јанг) до вообичаените интердимензионални вонземјани кои обожаваат авиони и бродови.

Ништо дефинитивно не се дознало и случајот останува мистерија.:^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
За некои луѓе се вели дека имале среќа ако купат добитно лифче за лотарија. А за некои што го избегнале мрачниот косач благодарение на импулсивност или сон.
Од 213 патници и членови на екипажот на Вората, патнички брод кој патувал од Мелбурн за Британија во 1909 година - исчезнале 211 без трага и глас, освен двајца на кои ќе се навратиме подоцна.

Си бил еден брод патнички кој носел емигранти во Австралија а се враќал назад со нова тура патници кои оделе да го посетат `стари крај`, сосема нов иако не особено исклучителен, 16.000 тони - сосема солидно за тоа време и тој брод направил едно патување до Британија и назад.
Второто патување ќе остане забележано како уште една во низата на необјасниви мистерии со кои е полн светот.

Тргнувајќи од Мелбурн, бродот меѓу останатите пристаништа застанал и во Дурбан, Јужна Африка, да пополни гориво. Следна станица бил Кејп Таун, уште едно од низата пристаништа на патот за Европа.
Еден од патниците, измачен од кошмарни соништа претходниот ден во кои јасно сонувал дека бродот ќе потоне - решил да се симне во Дурбан. Друг пак, сосема импулсивно се решил да го скрати патувањето и да се обиде да најде работа баш во Дурбан. Тоа и ќе им го спаси животот бидејќи наредниот ден Вората испловила на пат... на кој ќе биде забележана од неколку брода... пред да исчезне тотално и комплетно.

Најмалку два брода се разминале со Вората, вториот дури и разменил морзеови сигнали со помош на бродските рефлектори. Се` било во најдобар ред, морето мирно иако временските прогнози не биле баш најдобри. Последниот брод кој ја забележал Вората бил на 180 наутички миљи од Дурбан. Вората била очекувана да пристигне во Кејп Таун за неколку дена... кои се претвориле во неколку недели...... месеци... за да не пристигне никогаш и ден денес после 106 години судбината на бродот е непозната.
Вообичаен кривец бил баран во тешкото море но Вората бил голем брод со моќни мотори а условите биле далеку од заканувачки по толкав брод. Други шпекулирале дека центарот на гравитација на бродот во однос на метацентарот бил наводно погрешно пресметан што се одразило во градењето на бродот со грешна статика а соодветно на тоа и нарушена пловност и стабилност.... но тоа е малку веројатно бидејќи бродот веќе патувал од Британија до Австралија, најдолга поморска рута на светот. Нестабилен брод тешко би го успеал тоа настрана што бродовите секогаш имаат баласт за да ја одржат стабилноста.

Во 1999 се пронел глас дека е пронајден потонатиот брод но подоцнежните испитувања укажале дека нема ништо од Вората туку станува збор за сосема друг потонат брод од втората светска војна.
Екипата која го барала бродот во 2004, после 22 години истражување и барање на бродот конечно се откажала од сето тоа бидејќи бродот не бил никаде каде што требало да биде.

Патникот кој го сонувал сонот за потонувањето се обидел да предупреди неколку патници да се симнат. Никој не го послушал...:unsure
`Оди бегај бе, на сон му дошло хехе, така е тоа... ај не замарај ако ти се слегува слези, толку фунти плативме за патот сеа ќе слушаме шо му дошло на сон на некој лудак`...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пред некаде една година во канадскиот град Халифакс, непозната особа почнала да се мота по градот и да дели пари во готовина и сребрени кованици на сосема непознати луѓе.

Изборот на луѓе на кои типот им делел пари (најчесто во 50 и 100 доларски апоени) бил сосема рандом - од некој лик кој работел на бензинска до домаќинки кои му отварале врата кога ќе им зазвонел. Типот бил со брада, средна градба и не делувал невообичаено во ниеден поглед, носел закрпени фаремрки и џемпер. Ако го прашале од каде е одговарал дека доаѓа `од шумата` а понекогаш погледнувал нагоре (пратен од Бог!?) или споменувал нешто нејасно во контекст дека треба на рајата да им се помогне и да им вратат пари (!?).
Причината за ваквиот испад на алтруизам останува непозната иако типот подоцна споменал дека сака да помогне на оние кои имаат потреба и општо на човештвото, но она што е познато е реакцијата на системот.
А таа е очекувана и жестока.

Имено, типот го притвориле и пикнале во лудница поради тоа што делел пари. Дали постои закон со кој се забранува поклон на непозната особа не сум сигурен, би рекол дека не постои дури во Канада но пригоден законски акт може да се најде ако треба. И така човекот завршил во лудачка кошула.

Некои од луѓето на кои им поклонил пари дигнале галама со цел да го ослободат и да привлечат внимание на случајот. Се замешале и медиуми и идентитетот на ликот биз откриен, се работело за извесен Ричард Рајт и многу негови познаници заедно со неговата ќерка тврдат дека немало никаква ментална болест кај Ричард и дека реакцијата на властите е срамна и застрашувачка.

Што не носи до сознание дека патот кон жолто комбе и кошула со сошиени ракави е преку ничим изазвани добри дела :eek:

Најјак случај од ваков тип, реален Робин Худ бил Бартелеми Варзе кој во Франција во касните `40-ти и рани `50-ти делел `здрави` пари на многу луѓе, пакети со по 15-30.000 евра во денешна вредност а вкупно поделил повеќе од 12 милиони. Завршил трагично во склад со начинот на собирање на средства - ограбување возови и престрелки со полицијата. Ама тоа е друга прича...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and existence