Начин на предавање

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
@Electra да не си и ти наставничка или професорка? :D

Токму ова го правеше професорката по англиски, ама не оваа со групите, туку друга. Да ги пофалам, да ти е мерак да седиш на час на предавање, а богами и мелем за очи. :D
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Непишано правило е дека превод не се пишува на табла, туку стриктно во тетратка сами да запишат, или уште подобар начин е странскиот т.е. англискиот (во случајов) нов збор да се објасни исто на англиски со веќе познати зборови.
Рецимо: spouse = husband/wife
Друга грешка поради која не помнат и не обрнуваат толку внимание, ти е повторување на работите и на мајчин јазик т.е. било кое повторување по два и повеќе пати ја намалува концентрацијата. Ако навикнат дека објаснуваш по повеќе пати, нема ни да се трудат да слушнат од првпат. Ако навикнале дека ќе повториш и на мајчин јазик, нема зашто да се трудат да разберат на англиски, а нема ни да имаш увид кој разбрал, а кој не.
Основни „правила“ се тоа во методиката.

Часот исто делува многу шаблонски и досаден. Дозволи си да избегнеш малку од темата. Професорот треба да е и психолог и другар, да знае кога да прекине со часот и да вдахне свежина, да врати интерес и да најде точки што ги интересираат учениците.
Најдобар начин да провериш кој колку знае, е да поттикнеш конверзација околу нешто што го интересира. Наместо ливчиња каде може да препишат, погодат на среќа и да користат мобилен, прашај нешто што ученикот го влече. Тие 5 минути муабет за омилената марка возила, омилен начин на шминкање или омилен филм/бенд, многу повеќе ќе ти кажат за нивото на вокабулар, граматика, како и брзината со која разбира и самодовербата со која склопува реченица.
Добро,нема да им ги пишувам на табла превод.Па ќе им пуштам музика за да не биде воопшто стресно,па кога веќе ќе биде здодевно ќе им зборувам за спорт,за мода и се на англиски,ама па еднаш само збор два кажав на дански кога прв пат почнав да работам како професор и веднаш реакција претерува со англиски!А англиска паралелка се!
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
@Electra да не си и ти наставничка или професорка? :D

Токму ова го правеше професорката по англиски, ама не оваа со групите, туку друга. Да ги пофалам, да ти е мерак да седиш на час на предавање, а богами и мелем за очи. :D
Будуча. :D
Семестаров завршувам со методиките, па пробувам да вкопчам што сакаат според некои белешки од искуство и набљудување.
Мада помаливе се мелем, интересно им е кога не им предава нивната професорка, им дадеш на крај стикерчиња за награда и тоа е тоа. Сега на lvl expert со средношколциве...видечемо. :zelen
Добро,нема да им ги пишувам на табла превод.Па ќе им пуштам музика за да не биде воопшто стресно,па кога веќе ќе биде здодевно ќе им зборувам за спорт,за мода и се на англиски,ама па еднаш само збор два кажав на дански кога прв пат почнав да работам како професор и веднаш реакција претерува со англиски!А англиска паралелка се!
Како се англиска паралелка? Група на која англискиот е мајчин или мора да е наставата на англиски? По секако тогаш мора да го исфрлиш данскиот.
И не е работата ти да зборуваш за некој артикл или тебе што те интересира. Ни тогаш нема да те слушаат затоа што колективно не го делат сите истиот (твојот) интерес. Муабетот беше да го извлечеш најдоброто од секого индивидуално и да најдеш common ground.
На пример, бар поголемиве имаат некаков оформен стил. Гледај, рецимо, како се облечени - ако има маица со бенд, прашај го за бендот, дали му е омилен, кои се членови, која песна му е омилена и зошто, текст... Еве јас подмочнав кога професор ми даде за писмена да споредам двајца музичари по избор. Пишував до 101 и назад, нормално, со максимум поени и пофалби затоа што ми погоди тема на која знам и можам да се искажам.
Дури и прашуваше shredding што значело. (facepalm) Професор-доктор. На универзитет...
Дете па сигурно ќе има кутивче со некој лик од цртани...прашај го кој му го купил, му се допаѓа ли, го гледал ли цртаниот, кој лик му се допаднал, итн...
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
@Electra На која мора наставата да е на англиски јазик, односно таква каква што има во Орце Николов. Епа таква тактика ќе применам, ќе го послушам твојот совет, па мислам дека така ќе им биде интересно, како што кажа ти. Ќе одвојам и време и за интересни случки и за смешки.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Токму така,продуктивно е почесто да се практикуваат игри кои што ќе помогнат при изучување на јазикот и разговор за актуелни теми кои им го привлекуваат вниманието.Часовите треба да бидат анимирани и интересни а не шаблонски како што кажа мојата колешка Електра.
 

TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Како што има тема за учениците и студентите,нека има тема и за нас професорите.Знам дека не сум само јас единствена која е професор тука,па затоа сите што сте професори тука,да разговараме за начинот на предавање колку често им даваме домашни задачи,што мора да носат на час,тестови,дополнителни часови.Јас сум професорка по англиски јазик и мојот начин е ваков: Објаснувам детално и на дански и на англиски,бидејќи во Данска живеам,знаете,па читаме текстови по пасуси и преведуваме,а новите зборови ги пишувам на табла со превод,па имаме цели часови за вежбање на граматиката,а 3 часа пред тест вежбаме и им објаснувам некои нејасни работи.А тестовите ми се трансформирање на реченици во одредено време,со дополнување,со заокружување и со дадени зборчиња за преведување.Такви тестови давам.И им давам некои наставни ливчиња кои не влегуваат во оцената,туку за да ги проверам колку учат,односно дали учат редовно или само за тест.Дали ми е добар начинот и каков е вашиот начин?
Не сум професорка, но можам да ти дадам еден предлог, па твое е дали ќе го прифатиш или не. Пробај со учениците да бидеш повеќе од професор, да бидеш блиска и да не се трудиш да ги фатиш кај не знаат, туку на пример на тие наставни ливчиња што им ги даваш повикај ги најслабите ученици и натерај ги да прочитаат и повторно да ги одговорат прашањата-труди се од нив да го извлечеш максимумот. И покрај тоа што користите речник, користете и толковен речник на англиски јазик, за било кој збор на кој не му го знаат вистинското значење или пак зборот има повеќе значења-да се разјасне секое значење и да се дадат примери со секое значење на зборот и да го употребат во реченица, така ќе си го збогатат вокабуларот. И се што некој не може да разбере потруди се да му објасниш сликовито. Ако сакаш пробај, мислам дека ќе имаш подобри резултати-па известиме ;)
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Сите совети ми се добредојдени. Кога ќе се вратам во Данска ќе ги прашам што сакаат од сите овие предлози па ќе ви пишам.
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
За кој предлог се одлучија?
Оваа тема ја отвори братучетка ми која до пред некоја недела го користеше профилот како Danish.Princess,а инаку се пропаднало.Ја нема веќе.Инаку планирала да ги праша,па да се ослучат.Но,не успеала да се врати.Инаку и јас и ги понудив истите предлози.Така што мене не ме прашувај за тоа.