Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Idle mind is the playground of the devil they say... add to that no sleep for today and what do you know, the gosts of one`s love past appear.

Поминаа колку, четири години?
Понекогаш, во услови на поматен ум и нечиста совест ми се појавуваат `што ако` сценарија. А знам дека е попусто и глупаво, нити ти ќе ги прекинеше студиите за кои со обединети напори на пошироката породица беше на пат кон сигурност, ниту јас ќе се откажев од патот во иноземство од финансиски причини, можеше да биде нешто.......не знам ни сам што... и двајцата го избегнувавме виртуелниот контакт после сето тоа, знам.... знам дека беше и најдобро решение и дека немаше никаква можност за иднина освен еден да се лиши од сите цели во животот. Знам дека разделбата беше најнормална затоа што се преправавме дека `ќе се видиме пак`... знам и дека избегнувањето на скајп беше да се заштитиме од беспотребни реминисценции, себична потреба да се заштити човек од желбата... сето тоа го знам, веројатно и ти го знаеше но што е тука е, одамна завршена приказна. Само што еднаш на неколку месеци или година, човек ќе се запраша, what if, ако постоеше барем еден поинаков параметар во ситуацијата.

Devil`s work is done for tonight...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Еден ден ќе соберам храброст и ќе ти ги кажам сите оние нешта кои толку сакам да ти ги кажам.
Еден ден ќе те прегрнам и ќе ти речам,ајде да се изгубиме од овде.
Еден ден ќе се разбудам покрај тебе и ќе ти ги читам сите овие нешта кои сега ти ги пишувам,додека ти ми носиш топол чај..
Еден ден ќе бидам среќна, што те имам покрај себе.
Еден ден... Еден топол ден во доцното лето,
ќе ме милуваш по лицето и ќе ми кажеш дека си среќен што ме имаш.
Еден ден...во блиската иднина.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ама ај више да се договориме!
Или никни од некаде или тргни ми се од глава.
Емо хаику ќе фатам да пишувам. :zelen

Си бил љепотиц
И те снемуело ој
Сад седим у мрак
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Понекогаш сосем случајно ќе се сетам на тебе. Повеќе не е исто, знаеш? Некако се навикнав да заборавам на помислата на нас двајцата. Мислев дека никогаш спомените со тебе нема да избледнат. Сега дури не можам ни да се замислам со тебе. Ние сме како небо и земја. Како сонце и месечина. Колку помалку мислам на тебе, толку повеќе ми олеснува на душата. Како нова личност да сум. Некоја безчувствителна, тврда како камен и ладнокрвна особа која ништо на светот не може да ја згмечи. Личност која постојано си се смешка, ти кажува тоа што сакаш да го слушниш, те зае*ува пред да зае*иш.
Не сум за тебе. Тоа го сфатив дури сега. Не е до тебе, до мене е. Колку клише реченица а сепак не можам а да не ја одбегнам. Јас не сум вистинскиот за тебе. И покрај тоа што ти дадов слобода да бираш и се правам дека не ми значиш, душава бара да ме одбериш мене. Да кажеш Е јас не си одам од тука. Јас не кревам раце од тебе. Од нас.
Сакам да ги ставиш рацете околу мојот врат, да ме бакнуваш и гушкаш додека глумам тврдноча. Јас сум маж, мене ништо не ме крши, јас сум подготвен се да издржам. Епа не, не можам да издржам да те немам. Со тебе можам да го освојам целиот свет, ама без тебе целиот свет се врти против мене. Се руши врз мојата глава и со секоја измината минута е се поблизу до моето срушување. Или ќе го пребродам овој период и ќе излезам како сосем нов човек, кој сигурен сум дека нема да биде тој што го сакаше некогаш, или ќе завршам губејќи го разумот.
А да, памтиш кога ми рече дека мразиш билдери и дека не сакаш да одам да вежбам? Па, се откажав од теретаната, не од причините поради кои ти сакаше, ами од сосема трети. Ама тоа не е ни важно, сигурен сум дека сега најмала грижа сум ти јас и моите мускули.
Не знам како да го завршам ова, посакувам барем да се јавиш. Веќе неколку недели се замислувам како кревам на телефон и се скаменувам кога твојот глас ми ја буди другата половина од мене, која се истанчила мислиш пред умирање е. Без патетики, бараш нечиј број или нешто такво, ама имам доволно време да те прашам како си. И да, чувај се. Ти посакувам се најдобро, иако знам дека веќе си на патот кон тоа да го оствариш својот сон. Ти држам палци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Љубовта со него е како илузија, како привидување на невозможното.
Реалност каква што само јас сакам да видам..
Сама сум, сама со своите соништа кои како кула од карти се распаѓаат пред моите очи а јас пак се надевам дека повторно ќе се издигнат.
Како низ пустина да чекорам и да го барам изворот на љубовта, со пресушена душа и со жедно срце умирам полека но не застанувам..
Како да се надевам на дожд среде Сахара, како да барам сонце на среде олуја, како да барам топлина во студен камен, барам цвеќе среде тврд бетон.
Заробена сум во сонот за нас двајца заљубени, но тоа е сон од кој ти одамна се разбудил.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Luckky

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се случува.
Јасно ти е?
Се случува човеку,
го пробивам панцерот.
Се случува...
Стоиме на прагот на едно ново пријателство.
Чекориме со несигурни чекори
кон непознатото.
Ги живееме страниците на новата сеуште нераскажана приказна.
Се случува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Makedonec

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Толку си блиску а сепак далеку
толку сме слични а сепак различни
сакаме но сепак бегаме еден од друг
сакаме но таа тврдоглавост ќе ни наштети
 

lina.l

Истакнат Член
24 февруари 2015
16
18
303
Храброст имам, ама немам срце,
на разделба да ти кажам дека те сакам,
се плашам таа наша слабост
да не' не охрабри да не се напуштиме.
Не се заминува ако се сака,
не се останува, ако нема надеж, знаеме.
Сакавме љубов, а не знаевме што со неа,
па сега боли онаму каде беше стуткана.
Сакавме љубов....проклета нека е.
Ти пишувам, да не те оставам без збор
а всушност немам што да ти кажам,
сувишни се овие зборови,
зашто вистинските не можам да ги најдам.
Болно ќе недостигаш долго време, ама ќе помине.
После години, знам, само убави спомени од тебе ќе имам.
Чувај ме и ти во некој агол на срцето,
сети се со насмевка некогаш на мене,
нема да се бунам.