Поклон во плик

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Joke's on them, има од пликовине за пратки што се доволно големи да соберат микробранова.

Од една страна ги сфаќам, најпрактичен поклон е зашто со него ќе се снабдат со тоа што им треба, и тоа по нивен вкус.
Од друга страна е крајно глупаво зашто може баш тогаш не располага човек со некој јак буџет, а сака да ги испочитува. Не сум некоја свадбарска личност, али од она минимално искуство, во плик бараат оние огромни свадби кај што иде и дедото на шестиот братучед на таткото на невестата, па му иде као си дошол, па ај бар порцијата плати си ја. (shake) Не знам, не дека сонувам за некакви свадби, ама и кога би, срам би ми било да носам такви покани.

Ако знам дека луѓето не се најсјајно финансиски, а сепак ме викнале, самата би избрала пари да однесам, а вака овие што се расфрлиле до 80то колено со гости, три бенда и девет торти на по шест спрата, полни машни, па као ај за еден одмор да соберат - не. Би размислила и дали да се појавам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy, JaMi and Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Изгледа тоа е алузија дека младоженците сакаат кеш за поклон а не прибор шољи за кафе со мотив `Зимске Олимпијске Игре Сарајево 1984` шо се нашол неотпакуван во подрум :zelen
Меѓутоа јас како буквалист барам да ми се појасни дека се очекува кеш а не алузии. Бидејќи поклон во плик може да значи и слика од Мојс исечена од весник и ставена во пликот...

Настрана шо свадбите се биохазард, ризично е присуството...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Последен пат на свадба сум била како мала со родителите. Наскоро една братучетка ке се мажи и нормално подарокот треба да биде во плик, па ме интересира колку пари од прилика би било пристојно да се стави во тој плик, пошто сериозно не ги разбирам тие работи? Постои ли некоја сума која е општо прифатена како некој стандарт?
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Последен пат на свадба сум била како мала со родителите. Наскоро една братучетка ке се мажи и нормално подарокот треба да биде во плик, па ме интересира колку пари од прилика би било пристојно да се стави во тој плик, пошто сериозно не ги разбирам тие работи? Постои ли некоја сума која е општо прифатена како некој стандарт?
Па мин.50е :zelen
Зависи колку ти е блиска личноста и колкава ти е можноста.
Всушност се носи износ мин. да си ја платиш порцијата.
П.с. Ако бараат поклон во плик, ќе им однесете ваучер за купување на тостер. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak, Saladin and malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Последен пат на свадба сум била како мала со родителите. Наскоро една братучетка ке се мажи и нормално подарокот треба да биде во плик, па ме интересира колку пари од прилика би било пристојно да се стави во тој плик, пошто сериозно не ги разбирам тие работи? Постои ли некоја сума која е општо прифатена како некој стандарт?
Ако е свадбата при крај на месецот дадете им 1000 денари и во пликот ставете едно ливче на кое ќе пишува "Крај на месец е, немаме плата земено".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Изгледа овој тренд затоа што бара и малку да си поткаса човек од јазикот и да кажи дека очекува поклон во плик брзо ќе надмине па ќе си дојди на реалното, повелете на свадба, што ќе јадете или пиете платете си сами, на нас е музиката.
Од друга страна пак, нагло се забрза трендот со поклон во плик заради добивање еден тон непотребни работи, најблиските купуваат тоа што им треба, а останатите ќе донесат 20 исти сервиси финџали,чаши тајнири комотно да се отвори една продавница и 20 години ќе стојат во подрум неискористени.
Да се однеси поефтин поклон, владее непишано правило - срамота е, ако е плико гледаат да натокмат до кај 50тина евра некако, ако е поклон купен тогаш гледаат да е што поефтин а визуелно да делува поскапо. Према мене,кога не може да се погодат ни младоженците ни гостите, најдобра опција плати си музика, кој дојде добредојде што пие или јади нека си плати. По едно шеќерче од невестата ќе бидат почестени,за да и биди благ бракот, и по едно камче од зетот, за да му биди како камче.

Аха, мене ми текна супер идеја. Нема да им носиме ништо тогаш, ќе си влеземе и ќе речеме немавме плик, се потрошија. За малку ќе ми успееше ова ако не ме предомисли мајка ми.

Ако е свадбата при крај на месецот дадете им 1000 денари и во пликот ставете едно ливче на кое ќе пишува "Крај на месец е, немаме плата земено".


Идеиве и начинов на размислување, ги фрлаш низ ракав и се на ниво од 12 годишно дете. Ако немаш и толку.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and 4FUN

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Изгледа овој тренд затоа што бара и малку да си поткаса човек од јазикот и да кажи дека очекува поклон во плик брзо ќе надмине па ќе си дојди на реалното, повелете на свадба, што ќе јадете или пиете платете си сами, на нас е музиката.
Од друга страна пак, нагло се забрза трендот со поклон во плик заради добивање еден тон непотребни работи, најблиските купуваат тоа што им треба, а останатите ќе донесат 20 исти сервиси финџали,чаши тајнири комотно да се отвори една продавница и 20 години ќе стојат во подрум неискористени.
Да се однеси поефтин поклон, владее непишано правило - срамота е, ако е плико гледаат да натокмат до кај 50тина евра некако, ако е поклон купен тогаш гледаат да е што поефтин а визуелно да делува поскапо. Према мене,кога не може да се погодат ни младоженците ни гостите, најдобра опција плати си музика, кој дојде добредојде што пие или јади нека си плати. По едно шеќерче од невестата ќе бидат почестени,за да и биди благ бракот, и по едно камче од зетот, за да му биди како камче.






Идеиве и начинов на размислување, ги фрлаш низ ракав и се на ниво од 12 годишно дете. Ако немаш и толку.
14 имам.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ако е свадбата при крај на месецот дадете им 1000 денари и во пликот ставете едно ливче на кое ќе пишува "Крај на месец е, немаме плата земено".
Не е работата да дадам помалку, туку онака ме интересираше бидејки незнам.

Инаку мене ми е ок да дадам поклон во плик бидејки онака никогаш нема да се одлучам што да купам, а глупаво ми е да ги прашувам што им треба. Плус тоа е момент кога тие се на почеток на создавање на едно семејство и мислам дека им е потребна помошта од блиските, во денешни времиња финансиската помош е многу , многу битна.
Мене ми е глупаво и сосема непотребно сето она околу свадбата... некако нелогично ми е тоа што толку многу ке потрошат на фустан, одело, шминка, фризура, покани, фотографи, камери, музика, јадење, пиење... и што се не.
Еве конкретно кај братучеткава што треба да одам, тие не сакаат свадба, ама родителите инсистираат. Тие сеуште немаат свој стан, под кирија се, наскоро ке им се роди бебче, им требаат пари, бараат поклон во плик (што е ок), но нивните родители наместо со тие пари да им го средат животот до некаде и да направат некоја скромна прослава (ние што ке дојдеме пак ке си го однесеме подарокот), тие ке се испотрошат за свадба. Некако безвезе ми е..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

belabelina

Истакнат Член
6 ноември 2014
94
25
318
36
Oхрид
Сега скoрo имавме свадба се мaжеше сестрa ми, и сите пoклoни беа вo плик aмa не нaпишa нa пoкaните пoклoнoт вo плик тoa зa мене е многу беднo a и срaмoтa е сaм си свесен сo дa oднесеш. Сега бев нa свадба и им дaдoв пари кoлку што мoжaм дa си дoзвoлaм пa тие некa си купaт што си сакаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не е работата да дадам помалку, туку онака ме интересираше бидејки незнам.

Инаку мене ми е ок да дадам поклон во плик бидејки онака никогаш нема да се одлучам што да купам, а глупаво ми е да ги прашувам што им треба. Плус тоа е момент кога тие се на почеток на создавање на едно семејство и мислам дека им е потребна помошта од блиските, во денешни времиња финансиската помош е многу , многу битна.
Мене ми е глупаво и сосема непотребно сето она околу свадбата... некако нелогично ми е тоа што толку многу ке потрошат на фустан, одело, шминка, фризура, покани, фотографи, камери, музика, јадење, пиење... и што се не.
Еве конкретно кај братучеткава што треба да одам, тие не сакаат свадба, ама родителите инсистираат. Тие сеуште немаат свој стан, под кирија се, наскоро ке им се роди бебче, им требаат пари, бараат поклон во плик (што е ок), но нивните родители наместо со тие пари да им го средат животот до некаде и да направат некоја скромна прослава (ние што ке дојдеме пак ке си го однесеме подарокот), тие ке се испотрошат за свадба. Некако безвезе ми е..
Разбирам дека се битни парите ама треба да се остави на гостите тие да си одлучат за подарокот, а не да се условуваат демек ако не донесеш плик не доаѓај и да се потсетуваат дека треба пари во плик да доннесат, тоа не чини.