Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Последни зборови

Заминувам,
во тишина,
почувствува и рече,
оној што говори во мене,
време е,
сосема доволно е,
од зборот збор,
од потокот река,
и така бескрај,
во длабочината негова,
постои некаде,
за некоја друга средба,
со тага и среќа,
знам,
оној што гледа со очиве,
отвора порти широки пред себе,
пред прагот нивен,
еден пат,
за еден човек,
со еден сон,
исшаран,
на небо со една ѕвезда,
и во неа,
цел универзум,
се сврте со насмев,
оној,
во чија душа горат фенери,
за заталкани чекори,
од почеток до крај,
ги турна причините,
зад себе,
и замина.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
@to my best friend
Ти благодарам за секоја секунда, за секој збор кој ги сподели со мене,
Ти благодарам што ми подари дел од твојот живот
за да го оживееш мојот,
Ти благодарам што секогаш искрено и заштитнички беше кон мене,
реално , фер, и со отворена душа гледаше во очите мои,
Ти благодарам што го имаше вистинскиот збор за мене,
лек на се што болеше со години.
И кога паѓав подаваше две раце,
и кога плачев , плачеше со мене,
и кога имав несоница, ме заспиваше.
Поблиску од крвта секогаш ќе бидеш,
и празник ќе е денот со гласот од тебе.
Убавини секогаш очите да ти гледаат,
и мир во душата да ти домува.
Ти благодарам светлино од сонцето донесена,
Ти благодарам за се.
П.С.Ти благодарам небо што ме благослови во овој живот да знам дека постоиш друже.
 
Последна промена:

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Задушен од здивот на другиот

се прогласуваш за крвник.

Суден од судот на другиот

се крунисуваш за конфузен.

Замислен од мислата на туѓинец

се фаќаш окован.

Збунет од бунилото на ближниот

се откопуваш закопан.

Заробен во сенката на ривалот

се лутиш на себеси.

Подобрен од добротијата на придружникот

си конструираш ореол.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Често патам од она чувство
кое го чувствува дете што си купило лижалче,
лижалче на кое пишува, дека во него има гума за џвакање,
но на крај не ја наоѓа гумата.
Наоѓам луѓе кои изгледаат харизматично,
и оставаат впечаток дека во нив има уште нешто добро
на почетокот се вкусни
ама потоа во нив,
не ја наоѓам гумата,
гумата која ја очекував
и толку сакав да ја џвакам.
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Понекогаш,
правиш да се чувствувам кастриран,
ама само понекогаш.
Правиш да се чувствувам,
како да не сум машко.
Како да ми ја бришеш моќноста
со сенката од дизајнот
на твојата рака,
ама само понекогаш.
Знам да почувствувам твои зборови
разлеани како лавина на мене
горејќи ги влакната на мојата кожа
едно по едно.
Ама,
понекогаш!
 

Дримм

Нов член
4 септември 2014
3
4
3
Се смеев кога ми го скрши срцето
на ситни парченца.
А ми се плачеше.
Ми идеше да рикнам
како ранет лав.

Се смеев.
А целиот се скршив.
Како антиквитет.
Се растурив,
како сложувалка.

Се смеев кога ми го скрши срцето.
А се распарав внатре,
во мене.
Како излитена кошула.

Ги собрав парченцата,
и пак ги составив.
Ги залепив,
ги сошив.
За пак да те сакам.
За пак да бидам слепец.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Големото ЈАС

Не сум ништо посебно.
Обична сум.
Тивка,
повлечена,
срамежлива.
Повеќе сакам да останам
неприметна.
Не сум ништо подобра од другите,
ми се повраќа на тој збор.
Не сум ни толку убава.
Просечно.
Првите брчки ми се
појавија околу очите кога се смеам.
Требаше да бидат шок.
Ги прифатв како дел од мене.
Секоја брчка своја приказна крие.
Не сум ништо посебно,
веќе споменав горе.
Посебно е тоа.
Внатре во мене.
Она што ме исплаши до смрт.
Она кое го набљудував како
исплашено зајче,
она кое ми беше сосем непознато,
што правеше да се чувствувам како странец во сопствената кожа.
Она што го туркав и бркав
од себе како најголем непријател.
Посебно е тоа што
со тешка критичност се одлучив
да го акцептирам,
да видам каде ќе ме одведе.
Посебно е,
затоа што ме тераше понатака,
надвор од оковите.
Затоа што ми го одведе животот
во провалија
за да ме дигне повторно во висините.
Посебно е,
затоа што ми го покажа патот.
Ми ги отвори портите
до душата
па од неа излетаа секакви за мене
непознати нешта.
Тоа е посебното,
магичното,
мистичното.
Го засакав и му дадов име.
Големото ЈАС.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Еден по еден
или една по една
да не не разедини
лошиот Бог.
Силни како животот
сплотени во духот
преминот да не не уплаши
да не ни ја поремети рамнотежата
да продолжиме во танецот на љубовта.
Ослободени од оковите
на небројни секојдневија
со насмевка
со грациозност на антилопи
достоинствено,
да и се спротиставиме на минливоста.
Со љубопитност незгаслива
непокорници на мудроста
и со непослушност на душата
око да не ни трепне
за враќање на Земјата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Во насмевка те пронајдов

Те препознав,
во отпечатокот на мојот допир,
врз погледи замаглени,
згаснати прозорци,
но,
во насмевка те пронајдов,
од туѓо лице никната,
меко и кревко,
со крв обоено,
некаде далеку од тебе,
замолкнав,
се срушив врз себе,
изненаден,
тоа беше ти,
песницата твоја,
љубовна,
ме распрска,
истури,
врз тротоарот на загубените,
во некој ритам замаен,
тивок,
кој го везеа уличните светилки,
толку многу,
светлина,
во очиве,
а едно раѓање,
толку многу темнина,
завиткана во едно страдање,
кое не се обидувам да го разберам,
ниту сакам да бидам дел од него,
доволна е молитва небесна,
изустена од твоите крилја сребрени,
да ме погребаат во еден сон,
во кој ќе сонувам,
со чекори волшебни,
низ патеката на животот,
што ја исцртуваат,
твоите две дланки,
сплотени во мене,
со кои милуваш,
пролетно,
и будиш океан од цветови,
за некои идни,
далечни брегови.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Пролетна средба
Како пролетен ветер си
на распукани усни,
како овенат цвет по утринска роса,
како сон,
неодсонуван,засолнет во нечии солзи,
како љубов
пред последниот здив.
И кога вечноста иднина ќе биде,
само тогаш
кога пепелта медов вкус ќе има,
со стаклест поглед,
ќе ти речам збогум,
збогум за денес,
светлино до утре.
Не барај ме, ни денес ни утре,
побарај ме вчера,
таму каде облаците љубов водат,
и ѕвездите намигнуваат,
таму каде еден и ниеден е исто,
и сон и јаве во едно е.
 
Последна промена: