Бензин vs Дизел

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Ја отворам оваа тема со цел за споредба на мотори на бензин, и дизел, кои се предностите а кои се маните,
повелте со вашите искуства.
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Предноста на дизелот е економичноста , со оглед на тоа дека кај нас цената на нафта наспроти бензин е околу 10 денари поефтино на литар... а најмногу тоа се приметува на постарите бензинци кои многу трошат за разлика од дизелите.
А дизелот потешко пали на зима...замрзнува нафтата ако нема добри греачи и такви некои ствари.
Јас цел живот возам дизели... само едно хундаи имав на бензин и многу ми трошеше.
Така да позадоволен сум од дизелите.
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com

Економичност не би гледал од причина што да ставиш 10 литри нафта наместо бензин тоа ќе те чини 100 денари.На 30 литри 300 денари.
Е сега веќе кога ќе ги ставаш тие 30 литри напред назад за 300 денари.
Ме нервира кај дизел тоа што колку и да ја одржуваш колата колку и да правиш редовен сервис звукот на моторот е катастрофален.
А за зимно време да не збориме.Нови греачи секоја зима ставам и покрај тоа морам да чекам да се изгасне индикаторот за греач па да ја запалам колата.
А бензинец бе батка пали гаси.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сладок

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Економичност не би гледал од причина што да ставиш 10 литри нафта наместо бензин тоа ќе те чини 100 денари.На 30 литри 300 денари.
Е сега веќе кога ќе ги ставаш тие 30 литри напред назад за 300 денари.
Ме нервира кај дизел тоа што колку и да ја одржуваш колата колку и да правиш редовен сервис звукот на моторот е катастрофален.
А за зимно време да не збориме.Нови греачи секоја зима ставам и покрај тоа морам да чекам да се изгасне индикаторот за греач па да ја запалам колата.
А бензинец бе батка пали гаси.
За иста серија ќе ти кажам- бензинец bmw троши 12 литри на 100 километри...дизел троши 8. Лоша ти е математиката, не се 100 денари.
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
За иста серија ќе ти кажам- бензинец bmw троши 12 литри на 100 километри...дизел троши 8. Лоша ти е математиката, не се 100 денари.

Добро и тоа што викаш :D
Мене дизелов ми трошеше 8.5/9.5 ама со стискање на педалот за гас.Иначе нормална вожња до 8.5 највеќе.
 
МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
банзин... дизел... Мислев цврц-милојко, едно те исто само едното поекономично, бидеќи стално возев бензинец и турбодизел.
Арно ама, еднаш по патот кон Битола ми се скина црево на турбото на Опел 1.7ТД...
Леле брате умирачка. Колата полна, врвулица по патот.. гази... гази... 80-90 -100...
Таман ќе фатиш залет до кај 110 да претицуваш, оттаму ќе заиди некој и пак прикочи...

Најгрозното патување до сега. Оттогаш навака, строго бензинец.
 
jov_iv

Нов член
12 февруари 2015
5
6
3
37
И бензинот и дизелот си имаат предности и недостатоци.. Се зависи од потребата за која е купено возилото, колку се вози, на колкави и кои релации се вози, дали е потребна голема влечна сила (обртен момент) или не..

кола бензинец е поефтина при самото купување, полесно и поефтино е одржувањето, ама повеќе троши, има помала влечна сила од дизелот..
дизелот е поскап при кпупување, поскап за одржување, повеќе треба да се пази, особено со нашата лоша нафта што на нови дизели доста ги оштетува дизните, па треба превентивно додавање на адитиви (двотактол) за да се избегне ова и сл.. Меѓутоа си има поголема влечна сила, на угорници со 5 луѓе во кола си се искачуваш со 4та без проблем, кај бензин ова тешко (ако е мала кубикажа..)

На крај есапот се гледа според потребите, ако ти е за град нешто терај на бензин, утре ако возиш повеќе ќе го ставиш на плин, одржавањето е за смешен износ поскапо.. Ако возиш многу, нд 20-30.000 годишно тогаш дизел.. :)