Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Слушајќи те,
низ воздишката,
ми шепотиш,
јас сум небо,
а ти си мое јато,
зауздани никако не сме,
светлина сме и сонце златно,
што во бескрајот,
не можат да се допрат,
за последен пат,
ќе помислиш,
невозможно е,
заспи ноќва на градиве,
и не подавај прсти,
залудно е,
воздивни и слушни,
гледај ме и пронајди ме,
и така се од почеток.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Кога те има, кога те нема,
непремостена тишина
во ноќта која бледее.
И сонот станува само сон
кога во него те сонив.
Ноќта повторно сонував,
смеа и искри во очите,
исчезнуваш со мугрите,
и само безкрајно сонување.
И те има и те нема истовремено,
незнаејќи дали повеќе те има или те нема,
небитно е.
Само срцето поигрува кога присутен си,
а телото немее,
и кога те има и кога те нема.
И не е битно,
илузија, реалност , имање, немање,
Јаловина,
Зар е важно тоа?
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Љуби ме,
но не допирај ме
ако на рацете носиш отпечатоци
од нејзините,
по секој допир крвава рана
ќе оставаш..
Бакнувај ме и тогаш
кога нема да постојам за тебе,
освен во мислите каде само
мојата сенка ќе ја милуваш
и чуваш да не избледи,
но знам,
те познавам,
ќе те заболи мојата отсутост,
во песните ќе ме побараш,
низ стиховите ќе луташ,
сакајќи назад нешто
запечатено во минатото,
и така листајќи наназад
ќе осетиш мирис
на тешка носталгија,
од пролетен поветрец
донесена,
во мигот ќе те опие,
и ќе го прошепнеш моето име
доволно силно
да ми заѕуниш во мислите,
повикувајќи ме во ноќта,
а јас само тивко ќе ти заспијам
во срцето пред да се разбудиш
и тогаш ќе сфатиш
пак таму некаде,
каде што се почнува и завршува
повторно ние.
Јас која ја сакам ноќта
а ти месечината во неа.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Кога зборот мастило пие,
огнот жедот со вода го гаси,
да создаде светлина,
од неа прашина,
доволно силна,
на туѓо небо да засвети,
ноќта некому да ја подари,
со љубовта да избега,
вечност да се стори,
никому потребна,
само преку твоето срце,
ѕуница од копнеж си,,
во тајна нескриена,
во мојата зеница,
да се роди и живее,
дур смртта не ја згасне и ослепи.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Огледало нечие,
на моето лице,
браздиш,
очај и тага,
низ нив твоите солзи,
течат,
и не лечат,
врнат во ноќта,
врз писмо недопишано,
со љубовно мастило пишувано,
барајќи,
свеќа недогорена,
душата да ти ја осветлат.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Безброј ноќи подарени,
копнежи во срце испредени,
во нив усни нељубени,
и раце недопрени,
желни за тие прегратки,
спокој што даруваат,
затоа
пушти ги солзите
згасни ги копнеживе,
дај ми ги усните,
подај ми ги рацете,
во прегратка од светлина
моја смртна постела
во која со насмевка
и блесок во очите
тивко јас ќе издивнам.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Сакам толку многу да ти кажам,
не прашувајќи ме,
но ќе премолчам и уживам во дождот,
кој чувства буди,
во тишината распослана,
врз твоите прамени,
кои усните ти ги допираат,
да го искажат тоа,
што срцето твое сака да го слушне,
посакувано,
во љубовни поеми,
опеано,
а тие чуваат тајна,
дамнешна,
во сегашноста олицетворена.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Зар може дождов да ги измие
сите посакувања,
сите спомени,
се што било и требало да биде,
а не било?
Зар може да ги опие,
овие усни суви,
за да раскажат еден живот,
минат, едно сонце на заоѓање?
Зар може рекава од срцево што извира,
да ја сопре, да ја утопи
во солзите што течат ?
Зар може ова плачливо небо да се исплаче
за мене?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Зар може дождов да ги измие
сите посакувања,
сите спомени,
се што било и требало да биде,
а не било?
Зар може да ги опие,
овие усни суви,
за да раскажат еден живот,
минат, едно сонце на заоѓање?
Зар може рекава од срцево што извира,
да ја сопре, да ја утопи
во солзите што течат ?
Зар може ова плачливо небо да се исплаче
за мене?
И после дожд денес сонце-убавина.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Стои човек,
пред човек,
без човечност,
тага и омраза,
во земја ровка,
лесна за копање,
темнината нејзина голта,
ненаситна и жедна,
создадена за други дождови,
небесни плодови,
поинакви светови,
последни зборови,
без слогови.