Нова ,,Христова жива црква" бара регистрација

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Нова Нова ,,Христова жива црква" која ќе истерува ѓаволи и лечи од магии бара регистрација во Македонија

Бркањето ѓаволи од луѓето може да стане официјална дејност на една верска организација доколку надлежниот суд реши да го прифати барањето за регистрација на новата „Христова жива црква“, која тоа го става во центарот на својата дејност. Практично, тоа ќе биде прва „специјализирана“ црква, која, освен со тоа, ќе се занимава и со исцелување на болните, ослободување од проклетствата и со растурање магии.

Регистрирањето на новата верска организација практично ќе значи дека во земјава ќе добиеме и прв егзорцист – лице што е специјализирано за истерувањето на духовите од луѓето.

„Дневник“ вчера објави дека 72 граѓани поднеле барање за регистрација на нивната црква која треба да ја зголеми листата од триесетина верски организации во земјава. Kако главен старешина на оваа црква е наведен Kонстантин Kајшаров, во македонската јавност е познат како сестрана личност, која, меѓу другото, се занимава и со помагање на луѓето кои имаат здравствени проблеми преку посебни терапии, а во што е вклучена и христијанската молитва.

Инаку, Ватикан минатата година официјално го признал меѓународното здружение на егзорцисти, група од 250 свештеници од 30 земји, кои се занимаваат со истерување духови.

http://mkd-news.com/ke-isteruva-gav...hiva-tsrkva-bara-registratsija-vo-makedonija/
------------------------------------------------------------------
Утрово го вклучив телевизорот и ја слушнав оваа вест
јас лично не сум ЗА зошто ова ми личи како на некоја нова секта а Кајшаров мислам дека има отворено своја болница во која лечи слични случаеви. Со оглед на тоа дека има своја болница зошто сега би отварал и нешто ко црква.

@Electra задолжително да се изјасни на темава :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Поради зголемениот број на луѓе кои практикуваат црна маѓија,паганство,сатански ритуали а наспроти сето ова иде и загрижувачки наод на пораст на луѓе кои се "опседнати со ѓаволот",со демони или духови,Денешниве психолози и психијатри се немоќни кога ќе се соочат со вакви екстремни однесувања на кои конвенционалната медицина нема лек.Мислам дека и затоа католичката црква го зголемува бројот на свештеници кои се обучуваат да го изведат егзорцизмот,нарочито тоа го прави катол.црква во Шпанија и во Италија,каде е и седиштето на организацијата на егзорц.Немам ништо против на вакви свештеници-егзорц,со оглед на тоа што сме сведоци на голем бр.на болни кои бараат ваква помош од разни преваранти кои сакаат сами на туѓа мака да се збогатат.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ова „жива црква“ звучи појезиво и од Сатански Војводи. (worried)
Што да се изјаснам...не сум му Дамата на Светлината на пастувов, па да знам што му се мота низ глава.
Треба само да ги скријам темиве кај што се збори за секти, да не намине случајно ако се бара на Гугл, па егзорцизми да ни извршува после.

Нели беше овој едно време гласник или реинкарнација(?) на Бога или такво нешто, па имаше као телекинеза и биоенергија, сега црква ќе основа. (facepalm)
Потсеќа на оние со богати родители што мислат дека имаат талент, па прават песни. Ама сега ќе излезе Иван со вест дека му бил пациент. Он нему... :D
Во пабот кај што седев прееска, беше пуштено на вести. Кога дојде ред да кажат за чудово и ги покажаа оние како тепаат зависници со лопата по газ, пошто местото е тивко и слабо прометно, забележливи беа реакциите - фејспалм, подзинати усти и ц'цкање, па смеа. Мислам тоа доволно зборува.
Жално е само што луѓето се толку беспомошни, што се обраќаат на таков за помош, па му даваат уште полуди идеи.

Едит: Еве зашто чувам секакви глупости. Се наоѓаат. :D
Една епилептична сеанса во таква црква. Шта речи?
ZdlgY2q.gif
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Од денес сум во ис'счекување да почнат со курсеви и да се запишам. Ако ништо друго ќе се занимавам со нешто и ќе ја убивам досадата што таа мене тивко и споро ме убива, а исто така и ќе ја трошам негативната енергија. Од време на време гооолем садист сум, ова е вистинска прилика за мене.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Electra and Outrider

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Нели им здосади на луѓево со овие „живи, полуживи и не знам веќе какви христови цркви“?
Гледаат дека надвор од нив нема спасување и никој нема да им го донесе на тацна нивното „спасување“ и пак вакви работи...

Не сум против регистрирања на било какви религиозни организации - само не разбирам која е потребата да се создаваат сеуште деривати на христијанството, како демек ете сега ние, кои и да сме, нови христијани - ќе ги поправиме сите претходни бидејќи ние го имаме спасението - и ајде забегувања поголеми од претходните...

Чудно нешто е мнозинството... да го жалиш, да го плачеш - фајде нема :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem and malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Доволно е да се прочита кој ќе бил главен и понатаму нема потреба да се чита. Кајшаров ретардосот кој ги лаже луѓето за да се полни со парички, една од најгадните фаци во Македонија.

Еве и јас одамна имам кажано дека собирам членови за секта ама никој не се пријавил. И јас не сум лудак како овој дебилов дебилски. Во мојата секта е се под конец, секој член си има свои задолженија, и плус имаме и спонзор и сметководител. Спонзорот е баба ми и нејзината пензија а сметководителот сум јас и воедно сум врховен водач. Тајна е со што се занимаваме, дојдете и уверете се.
Сите пријави кај мене во ПП.

Секташки поздрав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Костантин Кајшаров прво се појави како пеач мислам. Учествуваше на неколку фестивали, но никој во тоа време не го забележа бидејки човекот не излезе дека е толку талентиран како што си мислел. Плус и секогаш ми делувал малку феминизирано, мислам дека и комплексите многу ми работеле во тоа време. Се затворило детео дома со својата пуста желба да стане ѕвезда, по некое време му доаѓа таа идеа, да им бае и да им помага на луѓето. Она што тој го прави не е егзорцизам туку е енерготерапија и истата е многу едноставна, но Константин не е едноставна личност со едноставни желби, затоа енерготерапијата ја представува како егзорцизам, за да биде по филмски по поинтересно.
Константин Кајшаров прво беше будист. Тој не ја подржуваше нашата христијанска вера, можеби не ја негирал јавно, но јас познавам повекемина кои оделе кај него и од таму знам. Одкако го посетил гробот на Исус, Константин нагло се преобратува и се еволуира во православен христијанин и од тогаш е свештеник.
Семинарите кај него на времето чинеа 4000 ден. за два дена. Лекувањето во тогашниот негов центар беше многу поскапо, во зависност нели од дијагнозата.
Еднаш го најдов на фб со цел да прашам дали доколку очајно ми е потребна помош, а немам средства да си дозволам, би ме лекувал бесплатно. Сакав да и докажам на една моја пријателка дека е само обичен манипулатор, а истата беше заслепена од него. Ми одговорија неговите вработени и ми кажаа дека треба да дојдам во центарот, па треба Константин да ме види и тн. Дека бесплатен третман не е можно да добијам освен ако некој пациент се одкаже од неговиот третман и ми го одстапи местото мене, но бесплатни консултации и совети можам, но само кога неговата светост Константин ке има доволно слободно време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Одкако го посетил гробот на Исус, Константин нагло се преобратува и се еволуира во православен христијанин и од тогаш е свештеник.

Којзнае што посетил, гробот на Исус е со непозната локација настрана тоа што си заминал три дена после распетието, барем според христијанската митологија :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Electra and Pica pica