Дали сте задоволни од нашето здравство?

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Колку е сјајно македонското здравство е исто како и сјајната економија, сјајното школство, прекрасната влада, пречистиот воздух, правилниот правосуден систем итн.
Стручноста на некој не може ни Тодоров да ја оценува, ниту јас, ниту ти, ниту никој кој не го поминал патот на тие повеке од 20 години школување и откажување со цел да се добијат соодветни дипломи. Зборувам за дипломи со труд и пот, а не купени.
Грешки секаде и секогаш имало а има и сега и кај нас и во светот.Само за жал овде грешките се по здравјето на луѓето, но и грешките на 120 пратеника се по луѓето по нивните животи, среќи и несреќи, по семејствата.
Грешки има и во приватните болници каде сите плаќаме со илјадници евра, НЕ ВО ДЕНАРИ.Само тие грешки ние обичните смртници не ги знаеме зашто не смееме да ги знаеме.Мислите дека Жан Митрев не греши?Или Систина е безгрешна? Па добро , ако е така ајде да си ги продаваме куќите и становите па таму да се лечиме. Може некој умен да му даде предлог на министерот да се затворат сите државни здравствени установи и тогаш ќе нема грешки, нели?
Тогаш и ние овде и сега нема да коментираме колку сме задоволни од нашето здрвство , па ќе зборуваме колку сме задоволни од луѓето кои ги бираме да не застапуваат. Но дали смееме?
А луѓето сите ќе се снајдат. Здрав и жив човек е ѓавол, секогаш се снаоѓа.
Не дај Боже било кој да шета по болничките ходници затоа што се многу мачни и долги. Имам добра километража по нив и едно знам здравството е репер колку државата се грижи за своите граѓани.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and diva orhideja

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А ти работиш во МВР?Премногу слободно и дрско од тебе а нема врска со темава!
Не е ни дрско ни слободно...за да тврдиш со сигурност дека реформите се во ред и дека здравството функционира добро, дека има добри услови и критериуми благодарение на тие реформи и промени, треба да си навистина во тек со тоа...затоа те прашав...ама нема врска....

Еве бидејќи бараше конкретни критики ќе ти дадам неколку...

Електронско здравство се воведе, ни’ зедоа пари за електронски картички, а сепак ништо нема тука електронско...се печатат упати, се печатат рецепти, задолжително е носење книшка, на шалтер се печатат 5 листа хартија за еден пациент, за еден преглед, а болницата нема реагенси за испитување на хормони на тироидна жлезда?! :eek:
Па зошто да се трошат тони хартија и тонер, а да не се искористат парите за нешто наменско и поприоритетно?

Воведување на мој термин...глупост на векот....сега може секој пациент да бира каде ќе оди, кај кој доктор, а дали воопшто има потреба од таков преглед? Се деградира матичниот лекар како лекар...тој е тој што треба да оцени дали некој е за специјалистички преглед или не, ама кој го слуша него, ако не му издаде упат ќе биде пријавен и казнет...дури има и злоупотреба на приоритетните упати, па кога навистина има потреба за нив, програмата се блокира и ти вели дека не е дозволено..и во тој случај што да прави човек со ангина пекторис или некој со скршена нога?!

Со тие реформи на пациентот му се обрнува внимание во времетраење од 5 минути, а останатите 20 се седнува на компјутер да се сработат административните работи зашто нели казните се огромни...и тоа е за доброто на пациентот?!

Намалиле лекови...да намалија некои 3-4 лека, а останатите се сите поскапени со по 18-20 денари...

Одредени лекови не може да ги препише матичниот лекар па се препишуваат само со извештај од специјалист...и сега пациентот на сета мака треба да дреми на болница за да му дадат извештај да може кутриот да го зема лекот на државно, да не дава пари за на приватно...
Лежиш на болница, а редовно си плаќаш здравствено осигурување и ти велат немаме клизма оди купи си, немаме вакви ампули оди купи си...е па што покрива всушност моето здравствено осигурување ако треба се да си платам....

Ако ми текне уште некоја конкетна критика, ќе се надополнам...
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Сапун и тоалетна хартија.....која компарација:roflздравство со сапун и...:rofl
Е да баш здравство со сапун...
Заради основни хигиенски препарати и немањето на истите, се создаваат интрахоспитални инфекции кои се шират и од кои луѓе умираат...
Ама, добро, ете ти најде хумор во тоа...за некого смешно, за повеќето трагично и жално...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Y1K991

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
1. Електронско здравство се воведе, ни’ зедоа пари за електронски картички, а сепак ништо нема тука електронско...се печатат упати, се печатат рецепти, задолжително е носење книшка, на шалтер се печатат 5 листа хартија за еден пациент, за еден преглед, а болницата нема реагенси за испитување на хормони на тироидна жлезда?! :eek:
Па зошто да се трошат тони хартија и тонер, а да не се искористат парите за нешто наменско и поприоритетно?

2.Воведување на мој термин...глупост на векот....сега може секој пациент да бира каде ќе оди, кај кој доктор, а дали воопшто има потреба од таков преглед? Се деградира матичниот лекар како лекар...тој е тој што треба да оцени дали некој е за специјалистички преглед или не, ама кој го слуша него, ако не му издаде упат ќе биде пријавен и казнет...дури има и злоупотреба на приоритетните упати, па кога навистина има потреба за нив, програмата се блокира и ти вели дека не е дозволено..и во тој случај што да прави човек со ангина пекторис или некој со скршена нога?!
...

Намалиле лекови...да намалија некои 3-4 лека, а останатите се сите поскапени со по 18-20 денари...

3. Одредени лекови не може да ги препише матичниот лекар па се препишуваат само со извештај од специјалист...и сега пациентот на сета мака треба да дреми на болница за да му дадат извештај да може кутриот да го зема лекот на државно, да не дава пари за на приватно...
Лежиш на болница, а редовно си плаќаш здравствено осигурување и ти велат немаме клизма оди купи си, немаме вакви ампули оди купи си...е па што покрива всушност моето здравствено осигурување ако треба се да си платам....

Ако ми текне уште некоја конкетна критика, ќе се надополнам...
5.Е да баш здравство со сапун...
Заради основни хигиенски препарати и немањето на истите, се создаваат интрахоспитални инфекции кои се шират и од кои луѓе умираат...
Ама, добро, ете ти најде хумор во тоа...за некого смешно, за повеќето трагично и жално...
За сите овие потточки имам по еден примери директно на своја кожа осетено.
1. Електронските картички колку и да имаат олеснувања, јас се` уште немам добиено таква. А аплицирав при крајот на 2012та. Секој месец идам по еднаш барем во ФЗО да проверам дали е готова. Не е.
2. Со „мојот термин“ еднаш ми закажаа во Румунска. Таму што ме прегледаа (само крвен притисок и екг) можев истото да го направам и кај матичната. Да не заборавам, изгубив 4 часа чекајќи.
3. Одредените лекови не може да ги препише матичниот. Со вакви глупости ме чини веќе ѓавол ипол поради тоа што одредени лекови кои ги зимам не се на таа листа но тие ме одржуваат во живот. Пример Росверата која веќе ја пијам година и 3-4 месеци морам да ја купувам приватно. Наместо да ме чини 100-200 месечно, ме чини 800.
4. Сапунот бе.. Краделе сапун македончињава па као изговор требало да се казнат ко мали деца да не им купуваш повеќе. Нека пцовисаат пациентите затоа што краделе сапунчиња. :rofl Орхидеја, наспрема тоа што викаш дека си го плукаме народот, нели и ти штотуку го направи истото? Не дека си во право за крадењето, но све мислам не се само пациентите тука вмешани.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Пример од 2009 год. Дали си бил сега скоро во некоја здравств.установа?Напиши ако си имал лошо искуство,што не ти се допаднало?
Овие последни две-три години се запосли медицински кадар како никогаш досега во претходните години,се испраќаат на едукации во многу градови ширум Европа и светот.Секој месец се наградуваат најдобри доктори,се казнуваат и опоменуваат тие што не ги извршувале работ.задачи квалитетно и како што треба.
Ме преврзуваше медицинска сестра со педагошки факултет пред 2 години на болница. па норамлно дека се вработил. Избори.
Ако ти пукне жолчка ќе одиш на ургентна,што бараш кај матичен?Дежурната служба не бара упат а тоа за сапуните е друга приказна...колку и да ставаш и хартија и сапуни,ги КРАДАТ пациентите,но не е мерило тоа за добро здравство.
Јас пресеков прст, па во ебената брза помош не сакаа да ме примат. Во недела кај ќе барам матичен? Не сакаа да ме примат, па мораше да се ургира за да ми дадат преврска и да ме пратат в болница. И да, без сини картони не примаат. Потоа откако ме пратија на болница за да ме сошијаат. Докторот го немаше половина час. Дојде успан. Некаде си прилегнал човекот. Сестрата се отепа од туфкање бидејќи имало само еден прибор за шиење во цела болница.
Си велам во умот. Прилеп има 70000 жители. Кон него има уште +3000 жители сосе Крушево и Македонски Брод. Една фатална сообраќајка на А1 или А3, и оваа болница нема да има прибор за една обична исекотина. Кога легнав на тоа креветот, над мене беше распукан таванот.

Неам ништо против тебе, ама тоа е како да го браниш Хитлер од злоделата.
За сите овие потточки имам по еден примери директно на своја кожа осетено.
1. Електронските картички колку и да имаат олеснувања, јас се` уште немам добиено таква. А аплицирав при крајот на 2012та. Секој месец идам по еднаш барем во ФЗО да проверам дали е готова. Не е.
Пак ти ја бараат книжната книшка.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Не само што не сум задоволна од нашето здравство туку и по малку гневна сум кон одредени лекари и установите во кои работат.
Одамна не сум ги посетила тие установи, само од време на време на децата им правам проверка. Моментално немам матичен лекар и нема ни да го имам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Е да баш здравство со сапун...
Заради основни хигиенски препарати и немањето на истите, се создаваат интрахоспитални инфекции кои се шират и од кои луѓе умираат...
Ама, добро, ете ти најде хумор во тоа...за некого смешно, за повеќето трагично и жално...

Мене ми се има случено ова, постоперативно се опоравува човек и низ одделението изби епидемија, дали беше грип или нешто десетто не знам ама тоа е тој момент кога наместо опоравување добиваш температури, повраќања и остали срања, ајде млад човек ќе издржи некако ама има операции каде може да е фатално, посебно за постари особи или бебиња... :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and MoonFairy

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
И еве го здравството на дело.
Си отиде мало дете ради некакви си „процедури“...ваљда гледале и од тоа како да исперат пари, па за бедни 30.000 евра што на еден пат во странство ги трошат, згасна живот. И тоа е еден од стотици случаи. Колку само не добиле медиумска покривност...
И сега никој не се огласува. Преџи бриго другоме, иако претходно беше преџи славо мени, дури се чукаа во гради кој што ќе направи за малата.
Да видам нивно дете да беше дали ќе требаа толку процедури. Него удри по сиромавиот, отрпнал на болка тој.
Беда. Па не биди гневен после.

Претходнава недела, ради блиска личност, скоро секој ден бев во државна. Човеков врзан за инфузија по 24 часа, не може да мрдне до вц или да си земе храна од масата, и ако не се цимерите, да останеш гладен и помочан во кревет. Цревата си се откачуваат, крв си фршти, овие сами си ги местат како знаат...страшно. Сум се наежила за цел живот.
Пајажините и лебарките што лазат по ѕид и комотно може да си ги крцнеш уз јадење, се само бонус.
Нема везе, може па видниве европски фаци ќе си речат „Може немаат решено име, ама види бе шубава јајцевидна сала имаат. Дај еден влез во ЕУ.“
Па и едно панорамско, здравје...да ја видиме и ние мизеријата од високо.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
b4cfdd2481e1d46ee29e2f3e98859fe6.jpg

Ако делува слично на АК тоа е само затоа што е нејзин предок. Good old soviet semi auto peasant friendly rifle.
Лекот за одвратните говна кои убиваат деца. Буквално. И тоа не потпаѓа кон фондот, олово и месинг е само.
Штета што не го немаме тоа во нас, затоа што утре ќе биде некој од нас. Или некој близок. Ама не сме тука...нисмо одавде..... моментите кога човек се срами од самиот себе, од околината, од географијата, од све. Духот го уништија, сега доаѓаат и по душите, говна наказни.