Евтина убавина

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Кога ќе се спомне евтина убавина, прва асоцијација ми е Планета, ДМ Сат, Пинк и остало.
Значи збориме за кич, светкавост, претеризам до граница на невкус.
Природно, макар и несредено, не е евтино, само знак за негрижа или личен избор.
Всушност, евтиниот изглед знае и многу да чини. А и како не би, кога се троши по третина пудра на едно ставање, а вратот и деколтето пак се со различна боја, па потоа следат и контури што се осум нијанси потемни од потребното, жишка руменила, вештачки, мачкица трепки и шест слоја маскара за секој случај, па следи веѓа-запирка која има по едвај две влакна во еден ред, а под неа има сенки или моливи за очи со ракун ефект, моливче за усни во кафеава боја до нос и розов кармин + сјај, во некои случаи. Потоа имаме зашилени нокти со дреч бои и по четиринаесет циркона на нокт...сум чекала колешка, тоа трае над 4 саати и чини околу 700 денари. За две недели... :eek
И пошто крајот го краси делото - облеката. Длабоки деколтеа со ланец упаднат и заборавен меѓу цицки...уште и оние каде деколтето е малку, па мора и половината да е гола...:frantic Миничи со цел да се истакне нога и да се привлечат погледи (без разлика какви), анимал принт од глава до пети...па рецимо и анимал принт со дреч боја, шпицурај што влегува во врата пет минути пред сопственичката, а згора на тоа и се врзува нагоре до колена ко трњето околу римскине столбови. :eek:
Мене, додуша, и сатенот ми делува евтино, ама имам разбирање за одредени парчиња што не личат на спаваќи или светат ко похован кашкавал.
Е сега, дека погорниот опис ко поим за убавина има врска со менталниот склоп и (не)евтиноќата - донекаде и има, ама тоа е веќе психолошка анализа.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ефтина?
th_template-philosoraptor.jpg


Beauty cannot be cheap. If it`s cheap it`s not beauty.
Then again the beauty is in the eye of the beholder...:nah
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Првото што ме асоцираше на евтина убавина е личност која се труди да им се допадне на другите форсирајќи се да биде нешто што не е, поставувајќи слика која се базира на изглед не на личност, се со цел да биде д квин би. Ако ме споределе со тоа, и доколку тоа го би го сметала за комплимент вероватно би била толку заматена во главата.
Но, од друга страна кога го прочитав мислењето на @diva orhideja мислам дека зависи од која страна ја гледаш, бидејќи и нејзиното има до некаде логика.
Како и да е, писателот во книгата вероватно се надоврзал со некои други описи за да го долови вистинското негово значење за таа девојка.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Ефтина убавина. За мене ова претставува нешто што е привлечно/убаво(мислам на личност), на некој недефиниран начин за пошироката маса( вклучувајќи ме и мене). А тој недефиниран начин е премногу одвратен. Можеби малку сум контрадикторен со самиот себе. Значи нешто кое е одвратно, а самата личност која го носи овој " епитет" го смета за највисок дострел.