Филозофија на слободата

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Мене многу ми се допаѓа оваа цртана анимација, и мислам дека е многу убаво објаснето а и дека може да се извади поука. Слободата треба да ја бараме прво кај нас самите,да почнеме сами од себе,од внатре,па кога ке почнат така повеќе луѓе и полека ке се створи слободно друштво.Слободата треба да се освои,но на голема наша трагедија,кога бараш слобода во држава во која има разни култури,јазици и истории,таа слобода ке заврши крваво.
Не го гледав клипчето, ке го погледнам после, но ми се допаѓа ова што го кажуваш, но не се согласувам со завршетокот. Кога патот до слободата ке го најдеш во себе и само во себе, кога ке си ја промениш перцепцијата, кога ке изградиш вредности во кои навистина веруваш и кога ке знаеш што сакаш и уште поважно - што не сакаш, тогаш никој и ништо не ти е пречка, барем не трајно. Јас мојата слобода ја наоѓам така што воопшто не сум упатена во политиката и случувањата поврзани со истата, ни тука, ни во светот... Не гледам вести и емисии од таков тип, ниту пак ме интересираат. Понекогаш ке чујам некој муабет од трети лица, ама не давам некое значење... Исто така воопшто не пратам трендови (можеби само поради занаетот мој, но и тоа е минимално). Ич не се замарам што е модерно, што е ново... Немам некоја потреба да бидам во мода.
Не патам поради недостиг на финансии. Имало тешки моменти, но се издржуваат. Многу повеке одколку оние стресови кои ги добивав работејки за надуени снобови. Не работам повеке - тоа е мојот свесен избор и мојата најголема врата кон мојата слобода.
Ова се некои од нештата кои (не)ги правам во корист на мојата слобода. И најискрено да ви кажам многу сум среќна поради тоа. Човек понекогаш треба да ја убие амбицијата, но за жал во денешново општество амбицијата се смета за една од подобрите човечки карактеристики. Всушност е голем отров...
Најголемата слобода која човек може да ја најде е уметноста. Единствено таа нема граници и за нејзе не важат никакви правила. Творењето е најголемо бегство од синџирите на општеството, кои всушност не се воопшто реални, ама ете, од мали не научија дека се реални и непобедливи... Творете, сакајте, сонувајте и живејте си за себе и она што ви е вам драго. Се друго нека си го брка својот пат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and diva orhideja

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Слободата не се дефинира преку борба за слобода на говор ниту преку творење ниту преку амбиција. Во нашата природа е да бидеме амбициозни, да посакуваме моќ и да сакаме слава и власт над другите, тоа не прави да се почуствуваме повисоко и подобри од другите и да бидеме на врвот пред се. За многу луѓе тоа е целта на нашето постоење, да се издвоиме, да се избориме и да воспоставиме моќ над другите, да докажеме дека сме вредни и благодарни за тоа што сме добиле живот на оваа планета. Јас не размислувам така, јас мислам дека слободата не се добива со тоа што ќе се избориш за слобода на говор, со тоа што ќе твориш или ќе си доволно храбар да преземеш некои акции во твои раце со цел да добиеш слобода. Слободата според мене се добива само ако имаш волја. Волјата е единствено нешто му дозволува на човекот да го постигне сите негови соништа, покрај нашата темна страна имаме и таква страна каде што со нашата волја сме постигнале чуда и тоа помогнало на човековата раса. Покрај таа амбиција да станеме моќни имаме и доста голема амбиција да достигнеме нови хоризонти, ретки се таквите личности, но според мене само тие се тие личности што навистина имаат волја да бидат слободни, сите друѓи ќе бидат врзани од некаков ланец на општеството. Моментот кога парите, славата, моќта и желбата за власт ќе ги оддолееме ќе бидеме навистина слободни, нашата апатија за слобода е таа што не врзува за таквите страсти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI