Посветено #М.С

Bubi11

Нов член
1 декември 2014
1
3
3
27
И нека сум проклета јас и мојта тврдоглавост,нека е проклет овој кучешки живот што го живеам.Толку ли заслужив јас?Да неможам да бидам среќна.Еј! Зошто морав да бидам таква,те мавав од себе,несакав да те сакам,се плашев од секое искажано чуство кон тебе,се плашев да не ми возвратиш,се плашев да не ме љубиш доволно како и јас тебе што те љубев,се плашев дека ке те изгубам.Не ти верував кога требаше,бев своеглава,тврдоглава и инает.Така ме беше научил оној живот што го имав пред да те запознаам.Сега сваќам љубов.Згрешив.Те повредив премногу за да ми простиш за се.Сега касно е знам за се..Да можев да го вратам само времето,ех да можев.Ќе те направам најсреќен! Ама само да можев...
Колку само ме боли,колку само вриштам во себе,колку само чувам во себе,многу зборови,малку дела.Но еве денес беше тој ден и дојде крајот на нашата приказна,но не и на нашата љубов.Се откажувам од тебе,нема повеќе за што да се борам.Останаа само спомени,преубави спомени за некогаш да бидат заборавени,останаа само две срца кои се сакаат,а неможат да бидат една целина.
И во друг живот би те сакала.И во друг живот пак би сонувала за нас,за нашата љубов.Ти беше единствен,незаменлив,единтвената причина за мојата среќа,тага,единствениот кој можеше да ме расплачеш и насмееш во исто време,единствениот кои ми е во мисли кога заспивам и наутро кога се будам,единствениот кои знаеше да ме насмее искрено,онака од срце.
Љубов што и да се случи..Никогаш не заборавај го она што го имавме,она за што се надевавме,не ги заборавај оние погледи мили,не ги заборавај оние зборови во кои зборевме за нашата иднина,за каде после средно,за нашата свадба,за нашите деца,за овие очи кои сега се црвени од солзи,овие усни кои ги бакнуваше и ОВА СРЦЕ КОЕ НА ТЕБЕ ТИ ПРИПАГАШЕ! Кога ќе се потцетиш на мене,прочитај го ова,насмеј се,не се разочарувај.Ти треба да си среќен,ќе бидам среќна само ако и ти си,ќе се смеам само и ти ако се смееш,ќе плачам ако ти тагуваш,ќе умрам за тебе љубов.
Што друго ми останува освен да се насмеам,по навика..Изгубивме се,се загубивме ние во просторот во времето,изгубивме се што имавме,за се што се боревме,за се што сакавме.А го посакувавме засекогаш.
И еве сега ги затворам очите се залажувам самата себе дека сеуште постоиме ние,и барем за еден момент сум со тебе пак,заедно,како што бевме,сеуште го чуствувам оној здив,оној допир по лицето,оној бакнеж ,и копнеам.Барем за неколку секунди живеам во мојата фантазија,ги отварам очите ја чуствувам болката од солзата што ми тече полека по лицето,треперам,го чуствувам срцето како ми чука брзо,ме гуши воздухот...
Но што можам да променам?Извинувањето не би променило ништо,ни овие солзи ни ова срце што умее само тебе да те сака...Можеби постои друг живот и ако постои верувај љубов пак ќе те најдам,пак ќе направам да се заљубиш во мене,но нема да бидам таква,сурова..Овој пат ќе дадам се од себе,овој пат нема да дозволам минатото да влијае на нас,тој пат ќе биде она,она што го сакавме...ЗАСЕКОГАШ ЈАС И ТИ!
И пак ќе кажам проклета нека сум што незнаев што имам се додека не го изгубив,а го изгубив ЗАСЕКОГАШ...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio, Y1K991 and Selma