Последен гледан филм со рецензија

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Psycho (1960)

http://m.imdb.com/title/tt0054215/

Па има ли некој што не го знае филмов? Има ли некој што не ја знае легендарната сцена под тушот? Секако дека нема, ретки се оние што го немаат гледано. Дури и мајка ми одма знаеше за кој филм се работи и кој е режисер кога и ја покажав сцената под тушот. Значи, ако случајно некој го нема гледано филмов, одма на гледање. :)

Сега да ви кажам каква е приказната. Марион и нејзиниот дечко Сем се наоѓаат на таен ручек во еден хотел. Поради долговите на Сем тие не можат да се венчаат затоа што немаат доволно пари. Бидејќи не знаат како да дојдат до пари, Сем се враќа во Калифорнија а Марион продолжува на работа.
После некој ден кај Марион на работа доаѓа клиент со 40 илјади долари сакајќи да купи куќа за неговата ќерка. Гледајќи прилика да започне нов живот со Сем, Марион му ги краде парите на клиентот и тргнува кај Сем.
Но откако ќе ја фати невреме по пат, мора да застане во еден мотел. Мотелот го води Норман Бејтс кој убаво ќе ја пречека Марион... Толку. :)

Премногу добар филм. Снимен е со смешен буџет од тогашни 806 илјади долари, а заработката му била преку 30 милиони. Ако добро се сеќавам што читав на нет, сцената под тушот е снимана 6 дена. :eek
Абе Хичкок и се е можно.
Само да кажам дека ми се допадна глумата на Ентони Перкинс како Норман, и Вера Мајлс не беше лоша. :)
Исто така ми се допадна што е црнобел филмот, дека некои така малце страшни сцени ги прави да бидат повеќе страшни.

Музиката ја знаете нели? Епа ако мислите дека е феноменална во право сте.

Немам што да кажам повеќе. Кој нема да го гледа филмов срам да му е. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
And Then There Were None (1945)

http://m.imdb.com/title/tt0037515/

Сакав да ви го предложам филмов во клубот ама не издржав и го гледав. Филм направен според истоимената книга на Агата Кристи. Книгата ја имам читано и е супер, но ова е еден од ретките случаи кога ми се допаѓа повеќе филмот од книгата. Изгледа дека сакам вакви филмови. :)

Интересен трилер кој ќе ве задржи цело време пред монитор, има и малку комедија што го прави филмот уште поубав за гледање.

Осум странци се поканети на мал остров, никој со никого не се знае но ќе мора да работат заедно за да се спасат. Се случуваат две убиства а не се знае убиецот, секој се сомнева во секого, како што почнуваат да умираат повеќе така почнува да се открива убиецот. :)

Како што пишав погоре, смешните моменти во филмов го прават уште поубав. Глумата е супер, и се е супер уствари.

Еве ако не во клубот го препорачувам онака да си го симнете и да го изгледате. :)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Nymphomaniac

images


Филмов е од 2013 и е во два дела, сега ќе напишам рецензија за првиот зашто него го гледав...
Очекувано за филм од Ларс вон Триер, контроверзен, премногу експлицитен, перверзен и по малку (или многу) настран како и сите негови филмови (кои ме оставаат со подзината уста, особено еден кој нема да го спомнам туку ќе ви го чувам за филмскиот клуб, не за друго туку да ви ги подзинам устите :))...
Се работи за една жена - нимфоманка, која претепана низ запуштени улички, ја наоѓа скромен пристоен и културен господин и за да и’ помогне ја зема кај него дома...
И таа почнува да ја раскажува својата нимфоманска приказна која тој ја споредува со неговата пасија кон риболовот и класичната музика...
Не знам што да речам, оние кои не се open minded подобро да не го гледаат, зашто стварно филмот изобилува со експлицитни сцени и содржини кои се’ уште се табу...
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
The Postman Always Rings Twice (1946)

http://m.imdb.com/title/tt0038854/

Уште еден филм направен според книга со истото име. Трет филм снимен по книгата, првите два се европски и не ми се допаѓаат толку, едниот е француски другиот италијански. Американскиов е супер. :)

Приказната е повеќе романтична отколку мистерија, но е супер. Се работи за човек по име Френк кој застанува на ручек во еден ресторан покрај патот. Во него работи Кора Смит заедно со нејзиниот многу постар маж, Ник .
Френк бидејќи нема работа и нема каде да оди, почнува да работи во ресторанот. Не поминува многу време и Френк се заљубува во Кора, и таа во него. Му кажува дека сака ресторанот да биде целиот нејзин и дека не го сака стариот Ник.
Донесуваат одлука да го убијат Ник и така да останат само тие. Првиот обид не им успева, но после? :)

Интересен филм ми беше, на моменти смешен а на моменти те тера да мислиш. Тоа е, не ми текнува ништо олку рано. :)
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Changing Lanes

Еј филмов е стварно нешто посебно ако верувате во карма и такви нешта треба да го погледнете. Гавин е адвокат кој оди на судење како и секој ден , а Дојал е човек кој оди на сослушување за старателство за своите деца и е поранешен алхохоличар. Не се запознават се додека не се судрат со автомобилите и господинот адвокат нема да сака да ја даде полисата туку отворен чек. Дојал ќе го моли за превоз но Гавин нема да го превезе. Се ќе беше супер доколку адвокатот не го изгубеше клучниот документ за судењето кој Дојл ќе го пронајде. Погледнетеја борбата на двата инаета! Ја само би кажал од инает и вреќа сол ќе изеде! 9/10.


Trial and Error

Ричард и Чарлс се најдобри пријатели едниот адвокат другиот несуден актер. Чарлс треба да се жени , но неговиот газда и иден дедо ќе го прати да брани негов роднина во Невада. Чарлс ќе се опијани , па на судењето ќе се појави Ричард преставувајќиосе дека е Чарлс.. Добар за тепање време , а по Charlize Theron да ти течат лиги е работа :) 7/10.
 
Последна промена од модератор:

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
To Kill a Mockingbird (1962)

http://m.imdb.com/title/tt0056592/


Супер филм кој можеше да земе оскар за најдобар филм да не беше легендарниот Лоренс од Арабија (пред некој ден ги гледав, предобар е) да му го собере. Да беше снимен филмов во некое друго време, сигурно земаше оскар. Филм направен според книгата од 1960, нормално, книгата е подобра но и филмов вреди да се гледа. За некои е само обична судска драма, а уствари е многу повеќе.

Приказната е многу добра, се работи за адвокатот Атикус Финч, кој сам се грижи за неговите две деца. Кога Атикус го прифаќа случајот на црн човек кој е погрешно осуден за силување, луѓето од градот почнуваат да го мразат, посебно расистичкиот татко на жртвата.
Приказната како што кажав е супер, и цело време е прикажана преку очите на децата и како тие се однесуваат додека трае целиот случај.

Во главната улога е Грегори Пек, добар глумец и многу добро одглуми во овој филм.
Мене филмов ми беше супер, значи од глума па до се друго. Имам кажано дека црнобелите филмови ми се допаѓаат, но во филмов има и глума, приказна, предобрите говори на Атикус за време на судењето. Супер филм. :)

Еве еден од тие говори што ги спомнав, вреди да се погледне повеќе пати.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
upload_2014-11-27_8-9-5.jpeg
Ете го и вториот...
Шта речи...продолжува приказната точно онаму каде што заврши во првиот дел...
Се продлабочува нимфоманијата, па желбите и страста стануваат се’ поголеми, дури ги става и пред мајчинството и бракот....не можев да се изначудам...
Целата приказна до детали му ја “исповедува“ на Салигман, кој на крајот го прогласува за единствен и прав пријател кој ја разбира... и му кажува дека мора да го смени начинот на живот и решава да апстинира...ама пријателот има други намери, заради кои целата приказна завршува кобно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Witness for the Prosecution (1957)

http://m.imdb.com/title/tt0051201/

Повторно јас со моите црнобели филмови. Филм кој долго време сакав да го гледам но никако да се натерам да го изгледам, сега бидејќи почнав да гледам филмови правени по делата на Агага Кристи го изгледав и овој.

Судска драма, но приказната не се случува цело време на исто место. Стариот адвокат Вилфрид Робертс кој покрај лошото здравје прифаќа да го брани Леонард Вол, сиромашен човек кој е обвинет за убиство на стара жена со цел да дојде до нејзиното богатство. Работата на адвокатот Робертс станува потешка кога жената на Леонард одлучува да сведочи против него. Ќе успее ли адвокатот да го одбрани својот клиент?

Тајрон Пауел е човекот кој го глуми Леонард Вол. Кратко после снимањето на филмот починал од срцев удар, и за многумина неговата последна улога е и најдобра во неговата кариера.

Жената на Леонард на мое големо задоволство ја глуми Марлен Дитрих. Да да, баш таа преубава актерка. Одлична глума во која уживав. Џабе ќе ви кажувам, таа убавина едноставно мора да се види.

Одлична работа заврши и режисерот Били Вилдер, успеа да направи една убава комбинација од трилер, драма и комедија. Баш заради тоа, ова е една од најдобрите екранизации на дело на Агата Кристи, ако не и најдобра.

Супер филм стварно, препорачувам.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
The Guest

the guest movie poster.jpg

Војник доаѓа кај Петерсон фамилијата и им се претставува како пријател на нивниот починат син со кого бил заедно во војна. Тој останува неколку дена во нивната куќа како нивен гостин и започнува да се спријателува со сите. Одеднаш, чудни работи почнуваат да се случуваат околу нив. Многу ми се допадна ликот на Дејвид, неговиот став и начинот преку кој се спријатели со секој член на Петерсон фамилијата. Исто така, последната сцена колку и да е клише и претходно видена, мене баш токму поради тоа и ми се допадна. Од што порано во '90-тите години таквиот крај беше пречест, сега ми дојде како изненадување. Аплаус за глумата на Dan Stevens, О-Д-Л-И-Ч-Е-Н Е!

Трејлер.

П.С. Не сум по плави типци, ама овој..... :zelen
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
De Behandeling a.k.a. The Treatment

the treatment movie poster.jpg

Криминален трилер каде што еден детектив сакајќи да реши го реши моменталниот случај се судира со проблемите од неговото детство. Мистериозна персона упаѓа во домот на фамилии каде што има младо момче. Што се случува додека ги држи како заложници во својот сопствен дом? Која е причината за тоа што тој им го прави на тие невини луѓе? Која е таа мистериозна персона? Филмов е толку трагичен, толку грозен, што ти доаѓа да се раздереш на цел глас зошто светот не е фер. Одлично сценарио, одлична режија и уште поодлична глума!

Трејлер.

П.С. @Хоуп* , ако можеш гледај го филмов, убедена сум дека ќе ти се допадне.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*