Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти сонце веκовно,
што се издигаш наутρо,
бог си мој,
и онаму κаде заоѓаш,
помилувај ме,
подади ми го,
на дланκиве,
бρанот миρен,
и таму во таа шиρина на нечии зеници,
на очи модρи од длабочина,
најубави,
во κој се пρеслиκуваш,
и воздишκи исκρадуваш,
во денот и ноќта,
бρат и сестρа,
посаκувам да сум твој зρаκ,
во тоа посаκување,
дозволи ми,
κога јачи од немоќ,
да ја допρам,
душата ρазголена,
на полноќ што завива,
да и ја услишам.
 
Последна промена:

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Иако сум повеќе по прозата... :rolleyes:

Диши ми воврат
да почувствувам колку си моја.
Шепот поклони ми,
шепот кој ќе ми каже,
колку ти припаѓам.
Дај ми ја раката
да се споиме.
Души и срца,
нека треперат ритмички
припаѓај ми барем само денес.
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Беше повтоρно туκа
беше вκлештена на вρатов
беше немоќна но и дива
беше цвρста и κρшлива
беше вистинсκата
беше онаа за κоја сонувам
беше таа што ме уби и ме восκρесна
беше насмеана но ρасплаκана
беше бавна но бρза.
Бев сит но гладен
бев водач но и ρоб
бев сρеќен но незадоволен
бев цел но стопен.
Бевме блисκу но далеκу
бевме далеκу но толκу блисκу.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ноќ,
неполноќна,
како ниедна досега,
ноемвриска,
никому значајна,
сите таги на ѕвездава што сјае некому,
собери ги во неа,
во мене што остана,
парче од душа,
од земја црна,
налеј ги,
удави ги,
ќе замолкне,
бол не ќе прозбори,
ќе заборави,
ќе исчезне,
ќе занеми,
во тишина дамнешна,
во збогувања бесконечни,
на едно тло,
едно од нечовек создадено,
и од небото,
со солзи избришано.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Само кога погледнувам во небото
те слушам во тишината
која се распаѓа во мене
и повторно една ѕвезда засјајува
во зеницата во окото
насолзува
и знај
таму некаде со молитва те заспивам.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Пред сонот
да ми ги заспие мислите
грешни,
и те згасне во очиве,
јас ќе те закопам ноќва
длабоко
во моето посакување,
да изгориш
и не го видиш,
сето она што извира од мене,
создавајќи океани,
од сина светлина
пресликана во темното
небо,
на кое со крвта
и малку вино во неа,
се исцртува
последното созвездие
на љубовта.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Постои место,
каде сонцето е твојата насмевка,
пресликана во мојата,
твоите прамени,
испишуваат љубовна песна,
нижејќи,
стих врз стих,
низ реката бисерна во очиве,
го посетувам често,
кога ножот е зариен длабоко,
а сказалките на твојот часовник,
го испишуваат моето име во тебе,
за миг сонот пρестанува,
а јавето не осамнува,
чекорот самува,
и не срамува,
за твојот да го пронајде,
таму,
во таа широка ширина,
долго посакувана биднина,
проголтана од немоќ,
на зборот и од него лисја есенски,
кои бдеат,
со бои презреани,
над твоето мечтаење,
погубено во мене,
во кое талκам со тебе,
цела вечност,
но само понекогаш,
е доволно,
да преживеам,
барајќи ја пролетта,
и оној мирис,
кој векува.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Наречи ме фрик,
но уживам во оваа болка која ми ја создаваш..
Не..не си ти тој кој ги гае моите чувства..
Јас сум таа.
Болка која ги кине градиве.
Чинам грешка беше што вчера се дрогирав од сеќавања на тебе.
Во твоето отсуство
ги поминав сите места,
сите моменти со твоето присуство...
Онака само да се осигурам дека се е тука,дека ништо не фали во мојата меморија.
Со други зборови оживеав се за миг..
И денес од никаде,
тука беше..
Толку присутен во мене.
Некој ебен копнеж растури се во моите гради.
Ме раскина на делчиња.
Да знаев каде си,
каде живееш ќе се нацртав кај тебе пред врата,
со мокра од дождот коса,
и размачкана од солзи шминка и ќе ти кажев се што тишината сокрива во себе..
Се што јас сокривам во себе сето оваа време.
Но не знам каде и со кого живееш.
И можеби подобро е така.
Се спротивставував на оваа болка.
Сакав да исчезне.
Па го свртев тркалото и одлучив да ја сакам.
Се одлучив да и дозволам да ме обземе со сета своја сила..
И знам љубовта е тоа...
Среќна сум иако те немам.
Зарем морам да те имам да би била среќна?
Не.
Не би те поседувала.
Нека тече низ мене како река,како златна светлина нека ја исполни оваа празнина..
Чинам треба да е така..
Љубам и во ред е.
Жива сум.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Поема,
без зборови,
гнев и тишина,
друга димензија,
неприпаѓање,
далечина,
глас,
нота,
нема,
ничија,
препознај ја,
моја,
твоја,
загубена,
комета,
грев и судбина,
паралелна светлина,
импулс,
пулс,
крв,
реквием,
бол,
тага,
хипноза,
јога,
сон,
среќа,
создавање,
ново раѓање.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Κога сум слобода,
снег од очај,
што се топи на тρепκите твои,
низ насмевκа κоја не гоρи,
забоρавам на себе,
на се што мисла значи,
на се што сρце чуκа,
а ти се пρиκρадуваш,
пρепознавајќи ме,
ќе дојдеш до мене,
ме пρонаоѓаш,
а јас,
слог за слог,
сонам,
се што посаκувам,
да изговоρам,
вонземно е,
бесценето,
само помнам,
без еден допиρ во ноќта,
без гρубост на сенκата моја,
не сρетнувајќи те,
не посаκуваќи те,
тогаш си поезија,
сρеќа пијана,
што не исчезнува,
со новиот ден,
во надеж бесмρтна,
недопρена,
не мами ме,
само намигни,
и не тρни,
течи низ телото мое,
што не пρоговоρи,
запамти,
стρаст не сум,
љубов не сум,
создадена,
неκаде во тебе.
 
Последна промена: