Штотуку подготвив...

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Чај од нане...
images
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
ustipci-s-jabukama-df6de4d8e9435c1f2bb8c37def9b12c2_header.jpg Уштипци со јаболка За овој прекрасен и вкусен рецепт потребно ви е :2 жолчки ги матите со 6о гр.шеќер,додавате едно кесе ванила,5о гр.путер или маргарин,па потоа додавате 100 гр.млеко,2м.лажички бренди или рум,300 гр.брашно,1м.лаж.цимет,200 гр.рендани јаболки и назоста крај двете белки. Откако сето ова убаво ќе го изматите,со мало лажиче ќе вадите уштипци и ке ги пржите во врел зејтин(внимавајте да не биде премногу врел за да не ги поцрните).Пржените ставајте ги врз хартија а потоа извалкајте ги во шекер или мелени ореви. Совет од мене -следети го точно редоследот на состојките како ви е пишано.Ако сакате солени уштипци можете само да ги изоставите јаболките,шекерот,циметот и румот а ставете само сирење.Бон апетит
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Outrider and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Дечки ај мало потсетување,во темава значи да ставаме наши слики,ние што сме подготвиле,а не како подготвиле други од интернет.
Орхидејке @diva orhideja одличен рецепт но стави го во темата за рецепти,кога ќе ми треба рецептов брзо и лесно да го најдам во темата.
@cakar_ulav знаеш дека едно од поважните правила овде е да пишуваме на кирилица. :)
И за крај едно големо браво за сите што не почестуваат овде со нешто вкусно ! :wavespin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Отвори ја прикачената датотека 21547 Уштипци со јаболка За овој прекрасен и вкусен рецепт потребно ви е :2 жолчки ги матите со 6о гр.шеќер,додавате едно кесе ванила,5о гр.путер или маргарин,па потоа додавате 100 гр.млеко,2м.лажички бренди или рум,300 гр.брашно,1м.лаж.цимет,200 гр.рендани јаболки и назоста крај двете белки. Откако сето ова убаво ќе го изматите,со мало лажиче ќе вадите уштипци и ке ги пржите во врел зејтин(внимавајте да не биде премногу врел за да не ги поцрните).Пржените ставајте ги врз хартија а потоа извалкајте ги во шекер или мелени ореви. Совет од мене -следети го точно редоследот на состојките како ви е пишано.Ако сакате солени уштипци можете само да ги изоставите јаболките,шекерот,циметот и румот а ставете само сирење.Бон апетит

Ме потсеќаат на детството овие, по дома ги правеа често после престанаа for some reason :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Немаме Ноќ на Вештерките, ама имаме тикви колку сакаш.
Начекав кај мајка ми по тетратките некаков рецепт за тиква со ориз и млеко, па решив да го пробам.
Многу лесно се прави: Тиквата се сече на парчиња и се трга кората, се местат во тава, врз нив буквално се расфрла еден филџан ориз и тоа се полива со млеко и вода (одев со две чаши млеко и две вода, ама сè зависи до вкусот и големината на тепсијата).
Се додава шеќер по желба, може и во млекото, може и одозгора, се впива веднаш. Јас три лажици ставив.
Се пече на 250 степени едно пола саат т.е. дури да стане нешто ко на сликата.
Се мислев дали во брзите рецепти или тука, али нека го овде.
IMG_20141020_195159.jpg
Подготовката зема сè на сè 20ина минути.
Е сега, маана му е што се раскашавува, па на око не е баш Мис Храна т.е. вака на потпечени макарони личи :D, ама е ептен вкусно и лесно за јадење.
Лапни-голтни, што викаше баба ми.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Не е штотуку туку е од вчера,печени компири на крукчиња со маргарин врз секое,зачини по желба, и сусам одозгора.
Многу вкусно а едноставно за подготовка, некогаш знам и павлака да ставам и нема утка.
Компириве иначе беа во комбинација со пржен ослич.